Ајде да видиме како ќе се покаже.Најверојатно имал клаузула од 2.75 милиони евра и за толку го купиле Шалке.Бохум сакале повеќе пари ама џабе.
Шалке ќе постане расадник на таленти.
Дракслер пред некој ден одбил да премине во Сити и Реал Мадрид за сума од 45милиони,а тој би земал 12 милиони евра плата.Не знам дали е сигурно тоа но се крена голема прашина.Дракслер е лидер на екипата,а ќе биде потпомогнат од Горецка,Мајер и можеби и напаѓачот Авдијај од 2014 ќе го прекомандуваат во првиот тим.Во екипата се и Пападопулос,Матип,Колашинац што значи Шалке во иднина има сериозни таленти кои најверојатно ќе имаат блескава кариера.Хурадо си замина а најверојатно и Фарфан ќе оди во Галатасарај,така да Мајер можеби уште од оваа сезона ќе заигра во првиот тим регуларно.Со Дракслер им успеа тоа,зашто да не и со Мајер,кој го сметаат за најголемиот фудбалски талент во Бундеслигата.