Не ќе да му е, лани правеше лом на припремите низ Азија. Мислам дека даде 4 или 5 гола.
So far, so good, so what?!? И лани Сколари правеше лом на подготвителните и на првите 10-тина утакмици, па после ни влезе до грклан. Ама ваљда овој е попаметен, да мести игра според противник, а не само сутирај. Уше Чех да шутираше лани.
И да, нека ни се честити победиве. Со Рединг не се замарам, на 9 ќе е интересно. :tv:
Да не знае некој дали ќе има пренос на Сител од Комјунити Шилд со Манчестер?
Ди Санто два гола даде лани,ама годинешниве противници беа каде-каде подобри спаринг партнери него киназите лани.
Анчелоти нема да мести игра според противник, своја игра ќе имаме, ама ќе има по некое изненадување за секого, се во свое време. Е сега, во екстремна ситуација, пак да налетаме на исклучително забревтан противник (Реал или Барса годинава), можно е и тоа.
Сколари лани употреби се на се, 22 фудбалери на припремите, не дека беа само толку. Есиен ги изигра буквално сите минути, по шо се повреди. Микел исто многу играше, али в ред. Лампард исто така. Синклер, Ди Санто и Шевченко немаа минути ни за цела една утакмива, а ги игравме пет. Робињо не дојде, Филпче и Шева ги пуштивме, останавме кусок, а Сколари клучен го гледаше Робињо, за кого Реал Мадрид се постави најпедерски, најподмолно, како големи глупаци (спротивно на нивната голема традиција) со триста изговори за да не го пушти, де 2 милиони плус сакале, де не го давале на клуб кој им е конкурент во ЛШ....иако само година претходно ние им го продадовме Робен без никакви проблеми. Сколари донесе и цела тајфа помошници, од кои тешко кој да знаеше течно англиски. Друго, Пит де Визер, нашиот скаут холандски, вели дека кога прв пат видел тренинг ос Сколари (почеток на сеозната бил негде), му дошло на ум дека Челзи ќе има проблеми со кондицијата како ќе одминува времето. Особен проблем беше и одбраната. Да не заборавиме, Челзи беше прв европски клуб за Сколари, на 60 години. Под таков притисок Сколари работел само на светското првенство со Бразил 2002 по мое мислење, како главен фаворит. Па така, и притисокот му стана уште еден проблем.
Од друга страна, сите 26-27 колку беа, имаа завидна минутажа од скоро 90 минути во три натпревари секој играч. Освен Лампард, сите беа солидно ротирани. Како што гледаме, нема информации дека Анчелоти чека некој клучен играч за него, гледа прво шо можи да извлечи од овај состав. Анчелоти знај да зборува англиски колку и Сколари шо знаеше, а со него донесе само еден каратист, голем психолог, кој течно зборува англиски, Бруно Демикелис. Другите помошници останаа, и сите добро ги познаваат играчите. Арнесен исто, има нова улога, многу поблиска до првиот тим, шо иста така добро го познава. Кондиционен тренер остана Дрискол мислам, кој презеде откако Сколари замина (како и неговиот помошник, кондициски тренер), а знајме дека играчите силно се кренаа на кондиција после заминувањето на бразилско-португалските тренери. Анчелоти како таков, добро знајме кој е и шо е во европски рамки, и како таков, знајме дека нема да остави проблем во одбраната. Анчелоти доаѓа по 8 години во клуб со уште еден „глауч“ на негово чело, Берлускони, како шо е и Абрамович во Челзи, а и двата клуба имаа(т) исти имабиции, трофеи. Па, навикнат е на таквата ситуација.
Тоа се доста работи со кои Анчелоти и Сколари не смеат да бидат споредувани. Споредбата може да е само дека и двајцата дојдоа за прв пат, и дека и двајцата се странци. Но ове факти се речиси занемарливи во споредба со тие погоре.
На Сител тешко да ќе има пренос, ќе најавуваа досега, и тоа нонстоп. Рекламата оди само, Премиер Лига од 15 август. Ќе видиме...