Незнам дали сте го гледале ова ама вреди да се гледа
Првиот ден на училиште некако секогаш останува во сеќавање, а веројатно слично ќе им се случи и на младите надежи во Челзи, кои станаа дел од академијата на лондонскиот клуб. На првиот ден во Челзи младите надежи морале да покажат што знаат - и тоа во танц, а 'жири' им биле многу добро познатите ѕвезди од 'Стемфорд Бриџ'.
Антон Роџерс покажал дека го знае популарниот 'Мунвок' на Мајкл Џексон, но апсолутен победник на натпреварувањето бил Били Кнот, кој со своите акробации ги воодушеви сите присутни, а особено капитенот Џон Тери.
Најлошо минал клупскиот масер Били МекКалох кој брзо се 'приземјил' при обидот да ги емитира помладите...
:smir: