Нека ни е со среќа Френк.
Верувам дека секој фан на Челзи сакаше некој од „таа“ генерација на Челзи да седне на тренерското столче.
Под таа мислам на Тери, Лампард, Дрогба Чех.
Искрено мислам дека беше рано за Френк да седне на клупата на Челзи, меѓутоа во оваа ситуација каде што Сари си замина
најдобро беше да дојде некој кој го знае Челзи долго време, знае што се случува во клубот и кои се амбициите.
Такви се Тери, Лампард, Дрогба, Чех.
Од листава фали само Тери да е во тимот а сигурен сум дека набрзо би можел и он да се приклучи.
Секоја чест за прес конференцијата на Френк, уште во првата реченица и првата типична „англиско новинарска провокација“ покажа каков за класа личност се работи.
Со една обична насмевка и гест излезе како победник.
Си призна дека самиот тој нема доволно искуство како тренер меѓутоа заедно со целиот стручен штаб имаат и те како.
Што уште на стартот се постави како тимски играч.
Ќе се базира на играчи кои имаат ворк етик и на играчи кои го доживуваат клубот и сакаат да го испотат дресот, а не некои си платеници кои се само во пролаз.
Убаво замислено па нека му е со среќа.