Добра утакмица изигравме се на се.
Чех немаше многу работа на голот. Дефанзивата Иванович-Тери-Кејхил-Азпили одлично функционираше, немаја многу шанси Тотенхем.
Не беше како прво шо излегоа информации дека Кејхил ќе игра ДМФ, на таа позиција место Матич играше Зума, кој ме изненади и изигра супер.
Рамирес беше многу агресивен, постојано пробваше да кради топки, али притоа направи и неколку фаулови, ама имаше желба за игра. Фабре на ниво, нормално со асистенција за голот на Коста (Автоголот на Вокер). Азар и Вилијан брзи, со продори, посебно од левата страна Азар створи неколку шанси. И Коста имаше многу „кавги“ со дефанзивците на Тотенхем, некако и тие беа многу негативно настроени кон него, играја оштро на него, али тој им врати на добар начин со голот т.е автоголот како шо го пишаја.