Утакмицава беше можеби и најдобра сезонава.Не е Генк мерило за нашиот квалитет и нашата сила,но 5 гола им дадовме,без многу малтретирање.
Тоа ми се допаѓа,што не се мачиме многу за да стигнеме до гол.И како што реков,полека но сигурно,Челзи ја темпира формата,и од утакмица на утакмица е се подобар и подобар,во секој поглед.
Супер потег направи Боас што ги одмори Тери,Стариџ,Мата и Дрогба,немаше потреба да ги форсира утакмицава.Можеше да го одмори и Кол,но добро,на полувреме го замени со Фереира.
Луиз некако беше изгубен натпреваров,добро е што не игравме со некој посериозен противник,иначе можеше тоа да не кошта скапо.
Овој каталонецов ме изненади,позитивно.Можеби ќе го биде во иднина,сериозен сум.Има потенцијал.Ни треба ваков копач во дефанзива,игра многу цврсто и добро,сече топки,мама ебава позади.Топка поминува,играч не.
Торес,два комада а?
Формата е променлива,класата е перманентна.Да е жив и здрав оној што го измислил ова.
Штета што е суспендиран три натпревари,иначе и Евертон и Болтон ќе го примеа од него.
Гладен е за голови,ќе се врати,сигурен сум.И тоа против Арсенал,и најслатко ќе ми биде тогаш.
Засега 4 има,а половина натпревари не ги одигра.Добро,добро...
Лани не даваше голови од една проста причина.Немаше со кого да игра,кој да му мести.За разлика од годинава кога дојдоа играчи како Мата,Меирелес,и Стариџ се врати од позајмица.Плус некои од минатата сезона престанаа да себичат и почнаа да му подаваат повеќе.Уште еден како Хазард фали и мозаикот ќе биде пополнет.
Со Анелка и Малуда по крилните позиции,Торес даде два гола,а со Мата и Стариџ можам да замислам како ќе биде.
Да не биде сега дека јадам трици и се силам после утакмицава,али јас истиот став за него го имав и пред почетоков на сезоната.
Но,битно е што победивме,што останавме први во групата.Работата е скоро завршена,така да со уште само една победа и можеме да си ги ладиме