Фан Клуб: Челзи

Член од
19 октомври 2010
Мислења
576
Поени од реакции
344
Ете го пресвртот! Да незнае чоек што да каже, два гола даваат играчи што цела сезона знаат да ја упропастат :cautious: Али 3бода си се 3бода :vozbud:
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
Много лошо, иако победа, не беше во ред играта.. вака (барем на почетокот) мотивирани, со ваков состав, ко да ги бирал со врзани очи, и со некои непотребни измени, нема да стигнеме никаде.. Видете каков радост за пресврт со ВБА, вака не играат Сити, Јунајтед и Барселона.. Така да, му препорачувам и очекувам да размисли убаво, да ги мотивира убаво ( а не само после прво полувреме ) и да победи... бидејќи време беше тоа да се направи во овој тим..
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Браво Анелка цигане !!!
--- надополнето: Aug 20, 2011 6:33 PM ---
Живци ќе ми искинат копилињава сезонава, живци ќе ми искинат.
 
В

Вори

Гостин
Ај јадете сеа капинки пак.Не го научивте Челзи уште вие?
Во прво полувреме бевме тапа искрено.Без идеја,некако пасивни делувавме.Ама во второ полувреме значително се подобривме.Напаѓавме,шутиравме,правевме акции и дојде пресвртот.
Играчите што највеќе ги мразам ги дадоа головите али тоа е тоа.Барем и тие да бидат корисни.
Алекс мизерен,со паметот изгледа е во Торино,Рамирес исто така слаб.
Микел солиден со оглед на тоа во каква ситуација се наоѓа.Ешли Кол неприметлив.
Добри замени направи Боас но направи грешка со ваѓањето на Торес и ставањето на Дрогба.Овој вториов па тотално го изгубил осетот.Три топки му избегаа пред гол,скроз некорисен беше.
И за мене најдобри на утакмицава беа Хиларио и Босингва.Првиов одбрани неколку нивни шанси,а вториов делуваше по десната страна како во неговите најдобри денови.Босингва изгледа препороден и се надевам дека цела сезона ќе ја изигра на истото ниво.

Како и да е битно победивме.Трите бода се на наше конто.Ова ќе им влева самодоверба на играчите и на Боас и од наредна утакмица веќе со Норвич очекувам многу подобра игра од оваа денешнава.
Исто така се надевам дека Мата и Модриќ ќе ни се приклучат што побрзо и да го комплетираме ова лето!
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.045
Поени од реакции
2.135
Не можам да ги сватам некои луѓе..Малуда си е дрво го знаеме..али цела сезона ке серат ауу дрво , стока , бандера , мока..а кога ке изигра една утакмица добро ..ауууу најјак е ..нека седи не треба да се продава ..ту бе да го е**м ..инаку за играта во 2полувреме добра игра..овој Тери..:pos: хаха..а Босингва добар пробив..Честитки за тешката победа..но победа си е победа..
 
В

Вори

Гостин
Не можам да ги сватам некои луѓе..Малуда си е дрво го знаеме..али цела сезона ке серат ауу дрво , стока , бандера , мока..а кога ке изигра една утакмица добро ..ауууу најјак е ..нека седи не треба да се продава ..ту бе да го е**м ..инаку за играта во 2полувреме добра игра..овој Тери..:pos: хаха..а Босингва добар пробив..Честитки за тешката победа..но победа си е победа..
Анелка,Малуда и Калу се дрва,факт.Можат стопати да дадат гол,пак исто ќе мислам за нив.
И да,сеуште сакам да си заминат.
 
A

Auditore

Гостин
Мизерна и досадна утакмица иако во второ полувреме се подобривме.
Задоволен сум од трите бода, но од играта и понашањето на одредени играчи сум згрозен, разочаран, како да играат со две леви нозе, немам коментар.
Во второво полувреме се подобривме, добивме малку храброст да распалиме по голот, да направи некој соло пробив, нешто што во првото го немаше но концепцијата на игра остана пак иста, пак идеме по иста страна, со слични пасеви и летаме ко муви без глави, ебати тоа играта ко на еден ВБА му правиме пресврт одвај.
Мата и Модриќ мора да дојдат да донесат малку креативност али ако не дојдат тогаш сме како кастриран коњ.
Боаш како што приметив инсистира на тоа поседот на топката секогаш да е што е можно поголем, но против вакви одбранбено настроени екипи едноставно нема и тој некаква замисла како би течел нападот и се игра глуво, додај на овај додај на онај најди дупче, не иде тоа така, барем јас колку што знам.
Мора да се корегираат многу работи, се надевам дека Боаш е свесен за тоа, инаку и тој нема многу долго да преживмее, барем нека инсистира на појачања нови, со овие пеперутки ништо не прави.
Како и да е лапнавме 3 бода, со Норвич не смееме да кикснеме и мора да ги напуниме едно 3-4 гола да добиеме малку самодоверба и да се покачи моралот па со Господ напред да распалиме и против Јунајтед, али ако играме со ваква игра ќе има анал секс.
Честитки за Хиларио уште еднаш докажува дека е добра замена за Чех кога е отсутен, истотака и Босингва кој игра како препороден.
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.045
Поени од реакции
2.135
Анелка,Малуда и Калу се дрва,факт.Можат стопати да дадат гол,пак исто ќе мислам за нив.
И да,сеуште сакам да си заминат.
Знам дека се дрва и 3цата ..али ке дадат гол или ке одиграат добро еден натпревар право сите свршуваат на нив..и почнуваат со форите најјаки се ..
а кога кварат шанси и ги нема на терените сите ги викат дрва стоки сечени незнам ти шо..такви фанови не треба не Челзи
 
F

fantomX

Гостин
Позитивната работа е тоа шо победивме без игра, онака, насила.

Негативната работа е тоа шо и немаме своја игра која треба да мели противници, ко Арсенал сме моментално, со разлика шо тие свесно одат со главите в ѕид, ние несвесно.

Господ да е напомош.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.077
Поени од реакции
2.025
никој не кажа дека дека се најдобри и дека заслужуваат 1 тим ако мислите на блу арми човекот си се само израдува верувам дека сите што сме гледале дома сме реагирале исто само што тој тоа го напиша и нема ништо лошо во тоа бар за мене
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
BarclaysEPLTalk Premier League
On Saturday morning, Valencia coach Emeri met with president Llorente and director Vazquez and was informed Mata has gone to Chelsea. #CFC

BarclaysEPLTalk Premier League
Valencia and Chelsea already agreed on Mata's transfer for a fee believed to be 30 million euros. #CFC

BarclaysEPLTalk Premier League
Mata and Chelsea have agreed on personal terms and he'll sign a five-year contract and his salary will be 2 to 4 million euros a season. #CFC

BarclaysEPLTalk Premier League
Juan Mata said that a move to Chelsea will help him improve as a player. #CFC
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.045
Поени од реакции
2.135
Позитивната работа е тоа шо победивме без игра, онака, насила.

Негативната работа е тоа шо и немаме своја игра која треба да мели противници, ко Арсенал сме моментално, со разлика шо тие свесно одат со главите в ѕид, ние несвесно.

Господ да е напомош.
Мене ме интересира..кога ке бидеш ти задоволен од Челзи..знам сега играат тапа..сите не сме задоволни ама и кога играат добро ти не си задоволен..?
 
F

fantomX

Гостин
AvB has been booed off the touchline in his first game at Stamford Bridge after the half-time whistle.
Абај, секогаш на полувреме има свирежи на Стемфорд Бриџ за господата долу на терен по вакви несфатливи случувања како денешното прво полувреме. Кој абдал заклучил дека свирежите биле само за АВБ? Talksport?

Свирежите се за сите, дури и за Ева Карнеиро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom