Ми се сере од мислења од типот''Слабо игравме,ништо не прајме со Боас и ваква игра''.Ало бре луѓе,па играме пријателски натпревари со екипи од Малезија,Викомб и Портсмут.
Знаете ли вие воопшто зошто се играат такви утакмици?Мислите дека целта е да се демолира противникот како што го прават тоа Милан,Јувентус и Интер?Или пак да им ги повредиш сите играчи и да дојдеш до победа?
Пријателските натпревари им служат на тренерите да ги видат сите играчи кои ги имаат на располагање,особено ако се нови како овој нашиов Спешл Уан.Служат за да се испробаат разни формации,разни играчи,разни варијанти и стратегии,за да потоа тренерот врз основа на подготовките пред сезоната,го состави тимот и да го направи правиот потег.
Да,точно е.Не играме како што треба на пријателските,но мене тоа искрено воопшто не ме загрижува.
Со овој состав,толку е максимумот.Мислев дека е до Анчелоти(што беше голем дел),но сега гледам дека со овие играчи тоа е тоа.
Рака на срце,денеска во прво полувреме игравме баш добро.Создававме шанси,правевме акции како што не сме ги правеле досега,се пробуваа варијации на нападот како Стариџ-Дрогба-Анелка и Калу-Торес-Малуда,во средниот ред Боас пробуваше да ги спои Бенајун и МекЕкран,а во одбраната експериментираше со Рајковиќ и Бертанд,и за среќа овој првиов се покажа навистина добро.Штета што сеуште нема добиено работна дозвола.
Ајде сега уживајте во летово,па здравје од на есен со нови грижи и секирации поврзани со Челзи.