Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.726
Поени од реакции
52.661
Со години веќе забораваат да играат кога и да дојде на ред натпревар против Јунајтед :facepalm:
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.044
Поени од реакции
1.990
Ја утна Мареска со замени, требаше порано да менува.
Замени со Феликс и Нкунку мораше да има.
Џексон имаше чист поклон за 2-1 он наместо да иде да финишира он се уплаши од шансата.
Мадуеке време е да грее клупа.

На Мартинез му посакувам се најлошо во кариера копиле копилесто за малку можеше да му ја заврши кариерата на Палмер среќа не го потфати на таа нога што стоеше или пак самиот Палмер го предвиде стартот или чиста среќа инаку можеше да го чини долга пауза.


Како и да е генерално тимот требаше порано и мораше еден ваков Јунајтед да се победи. Киксот го препишувам на Мареска поради доцни замени и тоа што го остави Џексон 90 мин за сметка на Феликс и Нкунку.






Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
Член од
26 август 2008
Мислења
736
Поени од реакции
535
Уште од времето Челзи - Јунајтед е тежок натпревар. Го има тој филинг на дерби и сеуште има тежина во нозите на играчите кога се игра.

Имаа и двете екипи добри шанси, можеше и едната и другата да си одат со 3 поени.

Јас сум малку разочаран оти ниедна работа не направија како што треба, а Јунајтед го затвори Палмер и не скинаа така.

Мораше уште во 60та минута да го вади и Џексон, се гледаше дека е изгубен на натпреварот. Знам дека му е прв напаѓач ама како тренер треба да процениш кога на некој играч не му е денот, а тоа беше со Густо, Мадуеке, Лавија и Џексон.

Место Ензо и Мудрик, јас да бев би ги пуштил Ензо, Феликс и Нкунку а би го извадил плус Јексон во 60та. Некако многу беа отсечени со Палмер.

Со Феликс и Нкунку ќе добиеа на фудбал на мал простор и може ќе имаше поинтересна завршница.

Легендата Санчез има повремени блесоци ама не треба да е прв голман.
Тоа се гледа од почетокот на сезоната. Не е голман за екипи што целат кон топ 4 или титула. Тоа е, толку го бива и нема лутиш.

Се на се, очекував барем 1 бод, знаев дека ќе е вака глупаво и се надевав барем да не изгубиме.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.044
Поени од реакции
1.990
Ќе видиме што ќе биде сега во недела со Арсенал но еве еден ваков мизерен Јунајтед кој беше на 14 позиција не успеаја да победат пораз од Сити и Ливерпул и киксови со Палас, Нотенгем рано испаѓање во купот не е баш нешто што е за пофалба.

Тимот нема повреди за разлика од лани, освен ете Џејмс што е стандард веќе со плус Санчо, Феликс и Хал во тимот.

Пласманот на 4 позиција не е поради Челзи туку поради неспособноста на другите.

Ќе видиме како понатаму Мареска ќе го менаџира тимот но Џексон и Мадуеке мора да одморат и пред некој да ме цитира за статистика на Џексон или да даде еве гол со Арсенал и Челзи да добие според мене не е шпиц што е за шампионски тим.

Палмер се умори бидејќи сегде трчаше затоа и после 60 мин изгледаше како Јунајтед да го има.

Исто би го пофалил и Нето вчера, човекот не застана, но мислам дека далеку попродуктивни напади му биле како десно крило.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.726
Поени од реакции
52.661
не е шпиц што е за шампионски тим.
Дали 2-3 играчи има во тимов што моментално би играле во шампионски тим. Исто така има можеби 4-5 играчи во тимот кои веќе го имаат достигнато своето највисоко ниво. Сите други имаат простор за подобрување и целата поента е заедно да прераснат во шампионски тим. Челзи секое коло во ПЛ излага со најмладиот тим. Не знам какви се овие шампионски очекувања.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.044
Поени од реакции
1.990
Донев

Прво Џексон нема сила да ја удри топката јако што е битно и те како за шпиц.
Друга работа исто физички негово присуство го нема, вчера беше надигран од Мартинез во високи топки, имаше ситуација каде што при прием топката му се одби 2-3 метри и автоматски акцијата застана и мораше пак од почеток од назад да се почнува.

Трчање и техника исто не му се јака страна капак на се и понашањето не му е во ред.

Тимот за да напредува му треба шпиц што вчера оној поклон што го доби ќе го искористи и Челзи ќе победеше со тоа правопропорционално ќе се зголеми моралот на екипата.


Исто и Санчез не го гледам како играч што би бил за шампионски тим бидејќи џабе он што брани на линија кога исто така има несмасни потези кои Челзи го чинат голови.

Но еве например Нето, Каиседо, Фофана, Колвил би можеле да прераснат во ниво погоре.



Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.850
Поени од реакции
12.940
Браво Нетооооооо. Многу ми е мило за човеков. Гореше да забие на прошлите натпревари.


Да не критикувам. Ама да не победиш ваков Арсенал, Јунајтед, Сити па и Ливерпул сезонава. Лошо бате. Срамота. Брајтон мамето им го еба, ние уплашени, без дух и борбеност.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.273
Поени од реакции
5.365
Losa partija denes kolektivno zasega, osobeno Colwill. Isto Madueke i Jackson se meh...
Каиседо и Кукуреља одлични според мене. Исто Нето добар можеше и асистенција да шутираше Густо подобро со глава.
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.364
Поени од реакции
1.679
Можевме и повеќе од овие 2 бода со Јунајтед и Арсенал. Некако со голем респект влегоа денес против Арсенал, а они не се ни далеку од ланската форма.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.044
Поени од реакции
1.990
Исто како со Јунатед, доцни замени.
Џексон ништо не одигра, слаб во воздушни
дуели, нема сила да застане цврсто на топка да загради да проигра за тимот, улога на Жеру, Палмер исто не беше спремен а одигра цел натпревар.
Упорно не ги пушта Нкунку и Феликс.
Замена Густо- Џејмс и Енцо - Лавија беа прекасни.

Каиседо и Нето супер одиграа, машини.

Киксови со Арсенал и Јунајтед за мене се кривица на Мареска поради не правење на замени. За разлика од лани овој Челзи има ростер на играчи кои можат да влезат од клупа и да влијаат на играта исто така бројот на повреди е значително намален.

Со овој тим на играчи и ако се земе во обзир ситуација на останати тимови ако не завршиме во први три екипи ќе се рачуна за неуспех.



Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
Член од
17 јуни 2022
Мислења
128
Поени од реакции
442
Се сложувам со Иван погоре, последниве 2 утакмици одат на душата на Мареска. Ми делува многу тврдоглаво и како да нема план Б, како ја замислил тактиката пред утакмицата така и ја тера цело време, па оттаму и доаѓаат тие доцни измени.

Лавиа, Густо и Мадуеке се многу под нивото на кое што треба да играат а се запечатени во првите 11. За примениот гол нејќам многу ни да зборувам, Лавиа ја губи на 30 40 метри од нашиот гол, и после нашиот голман прима млитав гол на прва статива...

Среќа во несреќа е што Лавиа се повреди во вистиснко време, па можеше Ензо да игра повеќе, да му дадеше уште 5-10-15 минути на Лавиа тешко дека и тој еден бод би го освоиле. Се надевам дека очите на Мареска ќе му се отворат и ќе види колку е потребен Фернандез на овој тим, исто така се надевам и дека по репрезентативната пауза ќе ги користи повеќе Нкунку и Феликс па и Јоргенсен. Имаше Мареска изјава дека секој може да ја игра секоја утакмица и дека нема тим 1 и тим 2, ама мислам дека е многу очигледна разликата на третманот кој го добиваат играчите.
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.364
Поени од реакции
1.679
Се сложувам со Иван погоре, последниве 2 утакмици одат на душата на Мареска. Ми делува многу тврдоглаво и како да нема план Б, како ја замислил тактиката пред утакмицата така и ја тера цело време, па оттаму и доаѓаат тие доцни измени.

Лавиа, Густо и Мадуеке се многу под нивото на кое што треба да играат а се запечатени во првите 11. За примениот гол нејќам многу ни да зборувам, Лавиа ја губи на 30 40 метри од нашиот гол, и после нашиот голман прима млитав гол на прва статива...

Среќа во несреќа е што Лавиа се повреди во вистиснко време, па можеше Ензо да игра повеќе, да му дадеше уште 5-10-15 минути на Лавиа тешко дека и тој еден бод би го освоиле. Се надевам дека очите на Мареска ќе му се отворат и ќе види колку е потребен Фернандез на овој тим, исто така се надевам и дека по репрезентативната пауза ќе ги користи повеќе Нкунку и Феликс па и Јоргенсен. Имаше Мареска изјава дека секој може да ја игра секоја утакмица и дека нема тим 1 и тим 2, ама мислам дека е многу очигледна разликата на третманот кој го добиваат играчите.
Богами замената Енцо-Лавиа легна ко кец на десетка.
Далеку сме од борба за титула да не летаме високо топ 4 е реалност, така да сега неам замерка за Мареска. Ни следува релативно лесен распоред во ПЛ па ќе може да го оцениме Мареска како ќе се снајде во оваква ситуација кога на секој натпревар императив ќе биде победа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom