За мене Челзи секогаш ќе биде тим за кој ќе навивам и во добро и лошо, но настрана тоа, Челзи е далеку од голем клуб, барем со моменталнава политика на водење клуб е далеку од голем клуб во секоја смисла на зборот. Затоа повеќе, што се однесува за Челзи уопште не се замарам за резултатски кризи, затоа што има далеку поголеми проблеми во структурата на Челзи отколку резултати со кои испаѓаме од ЛШ, најреално.
Но сепак постои оптимизам во мене дека сезонава сеуште нешто може да се спаси, ете освојување на ФА куп, пласман во полуфинале во ЛШ, па за следната година ќе бериме гајле.
Сега за сега, јас на лето епизодни улоги на Лампард, Кол, Дрогба, Есиен, 1 годишен договор за Ди Матео, и од секој да се вади максимум доколку сака да носи име Челзи на својот грб.
Колку јас промени би направил би можел да си зборам до утре, но да не си правам екскурзиии на мозок, дур е Роман газда, ќе сме, и ќе бидеме на ова дереџе, епизодно голем тим со епизодни резултати.