Фан Клуб: Челзи

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.088
Поени од реакции
13.399
Mislam nema da bide bash vaka, samo 3 klasicni defanzivci ima od koi eden e bek. Taka sto Neto ili ke igra desen bek (ko Vaskez vo Real) ili ova ke bide so Neto i Sancho bochno, Lavia Enzo i Caicedo vo sredina...ili Caicedo ke igra desen bek.
Прав си. Не приметив позади дека игра Каисидо. Лавиа ќе игра со Фернандез.

Очекувам тврд натпревар. Тешко е да се пробие Вила, плус ние сме ранливи позади.
 
Член од
17 јуни 2022
Мислења
139
Поени од реакции
464
Добро е што Мареска го седна на клупа Мадуеке.

Санчез ми е сеуште енигма, една утакмица ќе не извади од калта во следната самиот ќе не заглави. Многу ми се допадна Јоргенсен до сега ама му треба континуитет, вака на 1 утакмица неделно може да завара малку, ем што играме против доста послаби противници ем што е мала бројка на утакмици. Ма да кај голманите не се ни толку голем проблем послабите противници, во одредени ситуации се приметуваат нивните способности без разлика дали на спротивната страна е Халанд или некој што шутира еднаш на секоја преступна година. Еве како на пример последната против Хајденхајм, солиден тим ама далеку под нивото на Челзи а и на останатите Премиер лигаши, ама таа партија на Јоргенсен не може да се дискредитира, се што фати таа утакмица секоја чест, 11 одбрани на една утакмица не е мала работа, најмногу одбрани на голман во дресот на Челзи од 2003-та па наваму. ТЛ;ДР Би сакал да го видам Јоргенсен на повеќе утакмици против подобри противници.

Од останатите би сакал повеќе да ги гледам во ротација Веига, Мудрик, Феликс, Нкунку. Првите двајца навистина добро се покажуваат во КЛ, поготово Мудрик, мислам дека му се враќа самодовербата и тоа се прикажува во минутите кои ги добива. За Веига имам пишано и порано дека многу ми се допаѓа и како играч и како карактер, таква жар тешко во денешно време се среќава и кај академците а камо ли кај некој што ја игра првата сезона во нов клуб. Кај последниве двајца некако се приметува дека им удира на его кога играат во Конференциска, тоа некако ми е по приметно кај Нкунку отколку кај Феликс. Сум го приметил на моменти како да игра премногу опуштено ( на пр. најсвежо, последната утакмица против Хајденхајм кога пробува да лобува на 0-0, не сака многу да трча, се лути кога не му дадат пас наместо да втрчува да пробува да дојде во подобра ситуација итн. итн. ) кога ќе даде гол веќе не го ни вади балонот се понаша како да е тренинг утакмица. Можеби таа несериозност е причината зошто помалку време во ПЛ, па си тераат инат заедно со тренерот еден со друг, а на крај клубот има најголема штета. Слично би рекол и за Феликс некако премногу е опуштен ама не е толку приметно како кај Нкунку. Би им дал повеќе шанси и на нив во ПЛ да видиме како ќе се покажат и дали нешто ќе сменат во нивото однесување. Ова е само мое видување можеби сум тотално грешка.

Одиме сега на победа против Астон Вила и да се запечатиме во ТОП4.

KTBFFH
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.326
Поени од реакции
5.434
И ја се надевам дека не сериозно со Фофана, ама мора у Јануари да идемо по централен дефанзивец повеќе него по напаѓач.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.725
Сигурно неколку недели ќе го нема Фофана, за задна ложа се држеше. Ете шанса за Тосин, Бадиашил и Дисаси. Бадиашил последниве недели покажува некои знаци од тоа што го играше кога дојде. Би требало бар еден да се покаже и добро да го замени.

Очекував ептен зезнат натпревар денес и покрај формата на Вила, но успеаа од старт да превземаат контрола. Многу позитивно издание. На Палмер му беше потребен голот, ама веќе покажаа дека не зависат сезонава само од него. Енцо влага во форма. Каиседо сезонава го надминува и тоа што го играше во Брајтон. Дефинитивно еден од најдобрите играчи во лига моментално.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.077
Поени од реакции
2.025
Дали случајно затоа што немаше кој да стави десно или увиде дека штопер на десна бековска позиција нема никаква корист па го стави Каиседо таму му беше топ потег.
Неговото влегување во средина направи голема разлика.

Не само Палмер, Санчо и Нето имаа одлични партии ми се свиѓаат крила што идат директно на човек и напаѓаат.
Од Вернер, Маунт и Стерлинг до нив двајца е разлика небо и земја. Затоа пак ќе кажам тимот не е истиот од лани.

На тимот му треба класа напаѓач, Џексон до сега на тие прилики требаше да има до сега 15 гола.



Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.725
Буквално секој напаѓач промашува шанси и ни Халанд немаше да има 15 голови во 13 натпревари.

Џексон е на добар пат да биде класа напаѓач.

Screenshot_20241201_200952_Instagram.jpg
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.077
Поени од реакции
2.025
Донев овој тим креира шанси. Прво и основно за шпиц барем во премиер лига е снага, јак шут и баланс. Џексон со ништо од тоа не располага, со топка во нозе е уште послаб, мислиш во секој момент он ќе се сопне од неа.

Дај боже еве да грешам ама шпиц што промашува такви прилики на празен гол не може да биде никогаш класа.
Потсети се на промашувањето на Торес против Манчестер е овој има најмалку 10 такви отворени прилики за гол од како е во Челзи .

Секој играч промашува да ама кај овој впечаток е дека поголеми се шансите да промаши или да се сопне од топка од што да направи нешто корисно.


Да игра Нкунку место него Челзи ќе има повеќе корист.








Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.725
Донев овој тим креира шанси. Прво и основно за шпиц барем во премиер лига е снага, јак шут и баланс. Џексон со ништо од тоа не располага, со топка во нозе е уште послаб, мислиш во секој момент он ќе се сопне од неа.

Дај боже еве да грешам ама шпиц што промашува такви прилики на празен гол не може да биде никогаш класа.
Потсети се на промашувањето на Торес против Манчестер е овој има најмалку 10 такви отворени прилики за гол од како е во Челзи .

Секој играч промашува да ама кај овој впечаток е дека поголеми се шансите да промаши или да се сопне од топка од што да направи нешто корисно.


Да игра Нкунку место него Челзи ќе има повеќе корист.








Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
Пробај одреден период да го тргнеш веќе оформениот хејт кон него и вистински да гледаш што игра. Моментално и 10 голови да даде во еден натпревар и да утне една шанса, ти за утката ќе се фатиш и ќе му ги избришеш головите. Баш со ништо што си пишал не се согласувам. Немам видено никој друг на интернет да збори вака за Џексон. И медиуми почнаа веќе да го ставаат во најдобрите напаѓачи во ПЛ. Само ти остана :D

Имаше добра прва сезона во хаотичен тим, а сезонава покажува сериозен напредок и не гледам како некој може да не е задоволен со него. Исто не ми текнува празен гол да утнал. Сигурно имало некоја прилика, ама на секој може да му се случи. Тоа дека утнал 10 празни голови како Торес против Јунајтед е апсолутна лага. Пробај сам за себе најди ги, колку да се увериш дека не е така.

Иначе за вчера се согласувам дека требаше уште една од шансите да искористи. Ама пак ќе кажам, нормално е да промашуваш шанси, дури и ако си најдобриот напаѓач во историјата на фудбалот. Напредокот е очигледен, тоа е најбитно.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.077
Поени од реакции
2.025
Е добро зошто не кажам така за Кукуреља, Каиседо или Енцо.

Од шанса до шанса има разлика Донев еве вчера конкретно најсвежо е доби две топки кои се грешка на голман и кајдвете се сплетка.
Секоја утакмица има такви багови со Нотингем промаши за победа чиста шанса центаршут на Нето и тоа зборам од три метри само требаше да ја спушти топката
Со Арсенал и Манчестер никаде го немаше.
Мислам дека до Лестер беше шансата наместо да иде накај гол и дс завршува он се уплаши и додаде.
Има и други ситуации не ми текнува во моментов во брзање сум.


Подобар е од лани само затоа што даде повеќе голови инаку во начин на игра е истиот.
И тоа што викаш хаотичен тим и таквиот тим пак правеше шанси за Џексон, за пораз во фа куп најголем кривец беше он имаш цела компилација видео од неговите промашаи лани да искористеше барем 50 посто ќе се добиеше тотално друга слика за тимот.


Челзи оваа сезона игра добро колективно и прави шанси испод 15 гола не смее да ја заврши сезонава ако Челзи сака топ 4.
За нешто посериозно на Челзи му треба шпиц што ќе може да даде 20 гола во сезона.

Мое мислење е дека Џексон нема да постигне таков скор во Челзи ако биде спротивно јавно ќе се извинам за хејтот.

Барем не во наредниве 2-3 сезони но ако Челзи се реши да се коцка и да го чека 3 сезони за сметка на успех тоа е друга приказна.




Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.326
Поени од реакции
5.434
Џексон е на мета од медиуми од лани од почетокот на сезоната.
Од вториот дел и посебно сега е доста коректен и да беше во некој друг тим тука ќе плачеа зошто не сме го купиле.
Мбапе вчера допре дно плус искочи сам пред голман го помина и промаши цел гол , а сепак нема толкав хејт како што имаше Џексон.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.725
Челзи оваа сезона игра добро колективно и прави шанси испод 15 гола не смее да ја заврши сезонава ако Челзи сака топ 4.
За нешто посериозно на Челзи му треба шпиц што ќе може да даде 20 гола во сезона.

Мое мислење е дека Џексон нема да постигне таков скор во Челзи ако биде спротивно јавно ќе се извинам за хејтот.

Барем не во наредниве 2-3 сезони но ако Челзи се реши да се коцка и да го чека 3 сезони за сметка на успех тоа е друга приказна.
Па он лани заврши со 14 голови, сезонава е веќе на 8 после третина натпревари. Зар не ти кажува ова дека ќе ја заврши сезонава со 15+?
Мислам дека би можел да даде 20 сезонава. Дали ќе даде, не знам. Ама сигурно ќе заврши со повеќе голови од лани.

Иначе да ги тргнеме головите на страна, нешто што уште од лани покажа е дека знае да игра фудбал. Примети ги ситуациите кога со дефанзивец на грб поигрува соиграч од прва. Примети ги ситуациите кога во еден потег прима топка и се врти, бегајќи му на дефанзивецот. Примети ги ситуациите кога прима топка и ја води измеѓу играчи, по што или го фаулираат, или проигрува. Ситуациите кога знае да се извлече на страна и да отвори простор за Палмер или некој друг. Знае да игра и е тимски играч. На тоа додади го и подобрувањето пред гол.
Нормално дека за се што набројав има и ситуации кога со лош прв допир ќе изгуби топка. Кога нема да успее да помине дефанзивец. Тие знам дека му ги памтиш. Ама исто такви ситуации можеш да најдеш и за Халанд, Кејн, Левандовски, Осимен. За сите овие можеш да најдеш и како промашуваат од пред гол. Нормално е.

Нема потреба понатаму да дискутираме. Џексон ќе продолжи да се докажува на терен. Пробај како што реков да го гледаш малце без предрасуди и се надевам ќе го видиш тоа што сите го гледаме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom