Ептен ми се глупи мене вакви ствари. Ептен јака грешка. Или тоа што згрешил формација. Леле, леле. Човекот пред 3 месеци влезе во фудбалот. Претходно имал интерес, ама ни самиот не се прави експерт. Баш на интервјуто убаво си кажа нема они да учат да се фудбалски експерти, туку ќе вработат експерти на сите позиции каде што е потребно. Демек мора он инстантно да ја знае целата историја на Челзи, да стане тактички експерт и да знае да ги наброи сите играчи кои излегле од академија на Челзи. А штом го слушнав тоа со Салах и Де Брујн на интервјуто, знаев дека сите само тоа ќе го запамтат. Ете и ти, не си разбрал која е долгорочната визија, ама си разбрал дека кажал Салах и Де Брујн дека се од академија на Челзи
Треба да знае како да води бизнис, а тоа секако веќе го има докажано. Треба да е амбициозен и да сака клубот да има фудбалски успеси пред се, а мислам дека и на тоа поле има позитивни знаци. Конечно клубот ќе добие асална фудбалска структура, со луѓе кои знаат што прават. Па после тоа Тод ако сака нека каже и дека Дрогба е најдобриот голман во историјата на клубот.
Еве, мислам дека ова е задоволително.
Глупи ми се стварно остриве критики уште од сега. Не викам јас дека сигурно ќе бидат ептен успешни газди, ама кога ќе помислам со какви можевме да заглавиме, кога ќе помислам со какви се заглавени други клубови, премија е ова.