Фан Клуб: Челзи

Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Дури и на Стерлинг не му замерувам, еден од ретките кој има добра оценка (бар за мене) сезонава. Ама Маунт...па и Хаверц...

И за мене. Денес не беше ич добар. Повеќе од вообичаено (нели, пет шанси за еден гол Стерлинг).

Фофана се поправи по невниманието за голот на Едуар (заедно со Џејмс ја кикснаа дебело). Ќе научи со тек на време и подобро да се позиционира, само мора Џејмс да му помага уште повеќе, додека се адаптира.

Не знам, одвај чекам некако јануари, да се земе некој средњак. Кога играме лошо, често знаеме по Жоргињо да викаме, а Ковачиќ го забораваме. Денес исто беше потпросечен, грешки во напад, одбрана прелоша. Она неговото комплицирање непотребно. Ќе го чинеше тимот лесно поени.
Затоа никогаш нема да биде класа фудбалер. Една одлична, две просечни, една лоша. Не ја бива.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.543
Поени од реакции
62.443
Сега гледам хајлајци, што е со Тиаго Силва на лево крило, за асистенцијата за Обамејанг?
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Сега гледам хајлајци, што е со Тиаго Силва на лево крило, за асистенцијата за Обамејанг?

Потер е очаен, мораше да се обиде и со него на крило. И така е подобар од најголемиот дел од напаѓачите.
Шала настрана, мислам дека имаше некој прекин претходно и остана таму. Ма да, знае некогаш да повлече и да си поигра во таа третина од теренот.

Имаше податок, братот Силва - 15 успешни долги додавања. Повеќе од цел тим и повеќе од Ковачиќ и Жоргињо заедно, во 30 меча.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
703
Поени од реакции
503
Гледам договорот со Нкунку е готов според новинарите (како и сите други овој трансфер период) па по овој повод сакам да прашам: Како се изговара точно? Н кунку или Нку нку?
Во други вести имаме мува-на-гомно понашање за Јошко Гвадриол. Дали толку вреди не знам, се надевам дека вреди и ако веќе току го сакаат, ќе го имаме во тимот и ќе е екстра играч за нас.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Фофана истото колено каде што имаше ACL? :(

Се надевам не. Затоа не се земаат играчи со историја на повреди, макар имал и 16 години. Еби му мајката.

Маунт не треба да игра, за негово добро. Секое појавување му е полошо од претходното. Во играч да шутнеш од три метри, не знам...
Обамејанг не постои и убеден сум дека Потер го избира поради име. Нема шанси Броја да е полош, нема.
Стерлинг на крај...сета среќа Круниќ и Жиру промашија. Ужасен десижн мејкинг, неверојатно.

Нека победат некако само и Фофана да е океј.
 
C

confusion

Гостин
Една од подобри утакмици последни година ипол што сме изиграле.
Се надевам Фофана не е сериозна повреда, се друго беше топ, на моменти ме потсетија ко Брајтон на Потер да го гледам, одлични комбинации во средина. Лофтус имаше доста добра партија откако влезе, Џејмс стандардно добар, Ауба немора да постои ама затоа не промашува tap-in, тоа се бара, клиничност.
Победава е одлична за морал, ова се бараше.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Многу важна победа и резултат, не само поради трите бода и минимално олеснување, туку највеќе поради самиот Потер. Прва голема победа со Челзи, за во си-ви.

Да не се залажуваме, Милан може и да имал проблеми со повреди, да играл во послаба форма од лани, но Милан е шампион на Италија и едноставно, Милан е Милан.
Три гола, без примен, со повремена солидна игра. Убава претстава и поттик за понатаму.

Немам проверено дали има некои вести за Фофана, ама ептен ми се скрши филмот откако се поведи. Флешбек од Чилвел против Јувентус лани. Прифаќам и месец дена отсуство, само да не е повеќе.

Патем, ако сака да промени средина и ако Милан е подготвен за продажба, да, Леао е играчот што треба да се земе. Доколку некој имаше сомнежи.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
703
Поени од реакции
503
Една од подобри утакмици последни година ипол што сме изиграле.
Се надевам Фофана не е сериозна повреда, се друго беше топ, на моменти ме потсетија ко Брајтон на Потер да го гледам, одлични комбинации во средина. Лофтус имаше доста добра партија откако влезе, Џејмс стандардно добар, Ауба немора да постои ама затоа не промашува tap-in, тоа се бара, клиничност.
Победава е одлична за морал, ова се бараше.
Лофтус беше стартер братми :D

Добра игра, не спаси Кепа неколку пати и тоа е тоа. Многу друг натпревар можеше да гледаме ако ни го закопаа на крај на прво у 47ма за 1:1. Кепа изненадува и се надевам дека ќе си ја врати формата од времето на Сари. Има добри долги топки, не ризикува како Менди и ако фати константност мислам дека ќе ни изгледа како нов голман.

Фофана ми изгледаше малку чудно, без разлика на голот. Некако Леао неколку пати го наттрча лесно, не го помина, ама малку му требаше. Откако влезе Чалоба таа страна се затвори, Леао беше добро изменаџиран од Чалоба и Силва и целата одбрана и играта изгледаа подобро и постегнато.

Ќе видиме до каде сме на Сан Сиро кога ќе им се вратат неколку од првотимците.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Француските медиуми пренесуваат дека Фофана ќе бил повреден отприлика четири седмици, до еден месец
Уф, олеснување. Синоќешната победа ми излезе нис нос, сега можам раат да прославам.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
703
Поени од реакции
503
Француските медиуми пренесуваат дека Фофана ќе бил повреден отприлика четири седмици, до еден месец
Уф, олеснување. Синоќешната победа ми излезе нис нос, сега можам раат да прославам.
И јас истото го помислив. Таман ќе се види како би изгледала одбраната, еден од нив се повредува. Ама ајде, еден месец не е многу.
Сега би сакал Чалоба да се истакне овој период, се е во негови раце. Мора да ја искористи оваа шанса и да се покаже.
Азпи не смее да помириса прв состав, Џејмс и Силва стандард, Чилвел Лево и останува дали ќе сме со 3 или 4 позади. Кулибали-Силва-Чалоба не е ни малку лош обрамбен ред.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
И јас истото го помислив. Таман ќе се види како би изгледала одбраната, еден од нив се повредува. Ама ајде, еден месец не е многу.
Сега би сакал Чалоба да се истакне овој период, се е во негови раце. Мора да ја искористи оваа шанса и да се покаже.
Азпи не смее да помириса прв состав, Џејмс и Силва стандард, Чилвел Лево и останува дали ќе сме со 3 или 4 позади. Кулибали-Силва-Чалоба не е ни малку лош обрамбен ред.

Како можеше да заврши, еден месец е премија богами.
Чалоба да, може и Кукуреља да одигра лево, некако мислам дека ќе се закрпиме.
Кога сме кај Кукуреља, во овој момент барем, за мене мора да стартува пред Чилвел, во појаки мечеви особено. Чилвел уште се бара себеси и ќе му треба малку време да се врати во нормала. Шпанецов е човек од доверба во дефанзива, агресивен е и изненадувачки - одличен во воздушни дуели, со оглед на висината.
И иако Чилвел генерално е подобар офанзивно од него, Кукуреља некако игра попрогресивно сега. Чилвел, донекаде и разбирливо, бара алиби-пасови и не ора напред како претходно.

Победа со Волвс и да останеме непоразени во Милано, многу ќе бидам задоволен. Динамо и Салзбург, кога ќе се мора, ќе ги тепаме.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
И изгледа имаме нов/технички директор.




Патем, Леао зборуваше многу пофално за Рис после мечот. Никогаш не зборувал за други фудбалери и се заследиле педерчињата на Инстаграм.
Рано е, ама Стерлинг-Нкунку-Леао е веќе сериозен потфат и друга димензија за она што го имаме по заминувањето на Хазард
Колку и да Леао засега има евидентни недостатоци во играта.
 
C

confusion

Гостин
Со сите недостатоци во играта Леао за сите наши напаѓачи е алфа и омега, кога ќе тргне, нема застанување, страшен е, ја би му дал комплетна слобода во игра, немора ни tracking back да прави, права атлета е, само ме плаши менталниот склоп, не ми изгледа тип на Халанд менталитет, да гризе, да биде најдобар. Нас таков ни треба, некој што ќе ебе и нема да вади, апсолутна алфа и мотиватор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom