Фан Клуб: Челзи

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.033
Поени од реакции
11.243
Заслужено иако многу бош гол примивме. Искрено не гледам како до гол. Сити е помотивиран и игра одличен пресинг.
Автоматски споено мислење:

Првото полувреме со Тотенхем само сега одиграно на цел натпревар од нас.

Јбг Пеп беше решен да добие против нас. Се израдуваа како да освоиле ЛШ. А само 6 коло сме.Дресови делат:ROFLMAO:
Ноќна мора сме му, иако денеска не добија заслужено.

Менди , Вернер изиграа одлично.
Лукаку е многу технички инфериорен играч.
Исто и Лофтус изигра солидно за тие 15 минути.

Имаат кредит и Тухел и Челзи така да нема потреба од плукање.
Но реално многу бледо издание.
 
Последно уредено:

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.561
Поени од реакции
52.356
Добар составот, ама влегоа претпазливо како да е Сити две класи подобар тим. Заслужен пораз, ама ништо страшно. Само со Јунајтед не играа првиве 6 кола. Мора сега да се искористи периодот кога другите ќе играат меѓу себе, а Челзи со послаби тимови.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Не ми е криво што загубивме, пораз од тим како Сити во било какви околности не е трагедија. Криво ми е што не излегоа да играат како што знаат. Челзи не е послаб колектив од Сити, со сета почит кон нив.
Односно криво ми е што предолго Тухел се задржа на играта од првиот дел. Ја разбирам идејата, но во второ мораа да направат отстапки. И мораа да го хранат Лукаку што повеќе, очигледно Лапорте и Диаз не можеа да се носат физички со него.
Вернер обработи многу, ќе повторам уште еднаш, со него нападот од Челзи е поквалитетен и тоа е така.

Најпоразително, или најпозитивно ако гледаме оптимистички, ми е појавувањето на Лофтус-Чик. За десет минути направи повеќе од целиот среден ред, особено од Ковачиќ. Денес Хрватов не беше свој. Ајде дефанзивно, во ред, ама офанзивно човече колку контри уништи во второ полувреме. Па еден здрав пас недостасуваше само за да дојдеме до нерешен резултат. Две феноменален, третата лош. Пичка му материна.

Јуве па Сотон, мораме на две победи да одиме пред паузата. Патем, да извлече Тухел лекција. Овој пораз може да биде и среќа во несреќа пред продолжување на сезоната.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Во сенка на некои други меки играчи забораваме дека и Рис е лесно повредлив и дека секогаш се наоѓа ваква или онаква повреда. Следно лето ќе ни треба уште еден човек за десна бековска позиција.

Само месец ипол требаше Ливраменто да има трпение и ете го во прв состав. Ама, детски памет, тоа ти е.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.033
Поени од реакции
11.243
Во сенка на некои други меки играчи забораваме дека и Рис е лесно повредлив и дека секогаш се наоѓа ваква или онаква повреда. Следно лето ќе ни треба уште еден човек за десна бековска позиција.

Само месец ипол требаше Ливраменто да има трпение и ете го во прв состав. Ама, детски памет, тоа ти е.
Многу пофалби добива Ливраменто. Да не испадне да го враќаме после една сезона :LOL:

Него имавме уште еден млад перспективен десен бек. Со Арсенал влезе еднаш замена уште додека Лампард ни беше тренер. Тарик Ламптеј ако го напишав добро, што стори со кариерата овој? Го има пратено? Гледам во Брајтон е. Паметам и нему му предвидуваа блескава кариера.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Многу пофалби добива Ливраменто. Да не испадне да го враќаме после една сезона :LOL:

Него имавме уште еден млад перспективен десен бек. Со Арсенал влезе еднаш замена уште додека Лампард ни беше тренер. Тарик Ламптеј ако го напишав добро, што стори со кариерата овој? Го има пратено? Гледам во Брајтон е. Паметам и нему му предвидуваа блескава кариера.
Во Брајтон е. Добро стартуваше лани и после почнаа повреди да го мачат. Еве и сега е повреден на почетокот од сезонава, пред некој ден почна да тренира.

Тој па ич трпение немаше, а доби шанса од Лампард во дерби на ,,Емирати". Не ги разбирам во целост, но добро. Затоа еден е Маунт и ќе освојува трофеи, а друг е Соланке. Не може па и сите од академија да успеат (во Челзи). Нека им е со среќа. А за потенцијално враќање на Ливраменто, не би ме чудело, ионака има buy back клаузула.
 
Последно уредено:

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.561
Поени од реакции
52.356
Не ги разбирам во целост, но добро.
Претпоставувам свесни се дека Џејмс ќе игра следните 10+ години и најверојатно нема да можат да му го земат местото. А секако нема да остануваат надевајќи се на шансата да има повреди или да му ја сменат позицијата.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
704
Поени од реакции
503
За Ливераменто ми е малку чудно. Најдобар беше минатата година од академијата.
Абе почекај барем 1 година сине, шо леташ??
Во 533/353 формација можеа да играт и тој и Џејмс.
Ливераменто----Џејмс----Силва----Рудигер----Чилвел
Секако е Азпи 300 години, ќе се спрема пополека за замена или за шпанија некаде.

Абе не кажувате дека Рудигер одбил нов договор а? Ајде со среќа нека ни е, знам дека поголем дел од Фан Клубот сакате да остане, ама јас не можам да го гледам. Толку нарцисоидно и исфрустрирано човече не ни треба во тимов.
Гледајте како се понаша тој, а како се понаша Силва. Разлика 5 класи.

Ако го земат Кунде, ќе биде upgrade на Рудигер. Само Силва ќе нема добра замена.
 
Му истекуваше договорот, мораше или да потпише нов долгогодишен и да оди на позајмица, или да си најде перманентен клуб сега. Имаат бај бек секако и добро е што игра редовно. Ако продолжи да се развива и е потребен за година-две, верувам ќе го вратат. Азпи е 5 години помлад од Силва, кој ти е ставен во прв тим :D
А замената за Силва секако веќе почна редовно да игра пред Силва. Кристенсен.
Агресивноста на Рудигер е нешто што го нема баш во тимот без него, а претходно се жалевме за тоа. Не е одбиен договорот, ама немаат најдено решение за сега. Од јануари па наваму нема многу дефанзивци кои играат на повисоко ниво од него и сигурно ќе има добри понуди во јануари. Ќе видиме што ќе испадне на крај.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Претпоставувам свесни се дека Џејмс ќе игра следните 10+ години и најверојатно нема да можат да му го земат местото. А секако нема да остануваат надевајќи се на шансата да има повреди или да му ја сменат позицијата.
Во ред, само една сезона има 50 + натпревари, ќе ротираш ќе се менуваш, а постои шанса Џејмс да игра понекогаш и како трет стопер во тројката централна.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
704
Поени од реакции
503
Му истекуваше договорот, мораше или да потпише нов долгогодишен и да оди на позајмица, или да си најде перманентен клуб сега. Имаат бај бек секако и добро е што игра редовно. Ако продолжи да се развива и е потребен за година-две, верувам ќе го вратат. Азпи е 5 години помлад од Силва, кој ти е ставен во прв тим :D
А замената за Силва секако веќе почна редовно да игра пред Силва. Кристенсен.
Агресивноста на Рудигер е нешто што го нема баш во тимот без него, а претходно се жалевме за тоа. Не е одбиен договорот, ама немаат најдено решение за сега. Од јануари па наваму нема многу дефанзивци кои играат на повисоко ниво од него и сигурно ќе има добри понуди во јануари. Ќе видиме што ќе испадне на крај.
Азпи има замена за него. И тоа достојна замена и подобрување во некои работи.
Реално, Силва нема. Кристијансен? Не е Кристијансен ни лидер ни столб на одбрана.
Мислам дека ги имаш заборавено глупостите од пред 1-2-3-4 години каде што се губеше на периоди во утакмица. Имаше толку многу бламови што мислев дека ќе го вратат во Данска на позајмица.
Кристијансен мора да има некој како Силва/Рудигер/Диаз/Мегваер... за да игра добро.
Пак ќе кажам, Силва е лидер, Кристијансен не.

Има неколку денови шпекулации од блиски до Челзи дека се заинтересирани за Де Лихт. Не знам, не пратам многу Италијанско, ама не ми е нешто подобрување од Кристијансен. Ако го земат, ќе имаме 2 исти играчи. Се надевам дека сум грешка.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.561
Поени од реакции
52.356
Во ред, само една сезона има 50 + натпревари, ќе ротираш ќе се менуваш, а постои шанса Џејмс да игра понекогаш и како трет стопер во тројката централна.
Со годините сфатив дека е тоа така само на муабет, во реалноста тешко. И да останеше Ливраменто, сега еве додека е Џејмс повреден пак Азпи ќе играше на скоро секој натпревар. А на негова возраст ако сакаш да напредуваш, мора константно да играш скоро секој викенд, а не еднаш во 10 натпревари. Не дека не може и во Челзи да напредува, ама сметам дека многу поголеми се шансите во следните две години да се изгради како одличен играч во друг тим, него во Челзи. Затоа ги разбирам, и очекувано е повеќето да си одат. А и од перспектива на клубот, воопшто не е лоша стратегијата продажба со бај бек. Дај му стабилност во клуб кој ќе си го развива како свој играч. Така има најдобра шанса за успех, доста поголема од едногодишни позајмици. Ако се оди како што треба и ти е потребен во тим после некоја година, врати си го. Секако ретко кој би одбил враќање.

Азпи има замена за него. И тоа достојна замена и подобрување во некои работи.
Реално, Силва нема. Кристијансен? Не е Кристијансен ни лидер ни столб на одбрана.
Мислам дека ги имаш заборавено глупостите од пред 1-2-3-4 години каде што се губеше на периоди во утакмица. Имаше толку многу бламови што мислев дека ќе го вратат во Данска на позајмица.
Кристијансен мора да има некој како Силва/Рудигер/Диаз/Мегваер... за да игра добро.
Пак ќе кажам, Силва е лидер, Кристијансен не.

Има неколку денови шпекулации од блиски до Челзи дека се заинтересирани за Де Лихт. Не знам, не пратам многу Италијанско, ама не ми е нешто подобрување од Кристијансен. Ако го земат, ќе имаме 2 исти играчи. Се надевам дека сум грешка.
Немам заборавено, беше неконстантен, правеше грешки и сто пати се откажав од него. Ама од кога почна да игра со Тухел, игра без грешка. Одличен е, можеш во секое време да се потрпеш на него (најдобар пример финалето ЛШ) и игра на високо ниво и за клуб и за репрезентација. Затоа нема потреба уште да го гледаме како стариот играч. Делува дека созреа и конечно е играчот кој требаше да биде. Пред потпис е на нов договор и очекувам да продолжи да биде битен дел од тимот. Квалитетот лидер е во изумирање, тешко е да купиш лидер. Со Силва ни се посреќи. Можеш да развиеш играчи во лидери внатрешно во клубот и за среќа имаме доста млади играчи кои би можеле да прераснат во лидери. Кај Кристенсен не го гледам тоа како некоја кочница. Единствено не знам како би се снашол во четворка позади, ама тоа не е нешто за што треба да се секираме сега.

Иначе Канте се разболел и ќе ги пропушти натпреварите против Јуве и Сотон. Веројатно ќе игра Тухел со Жоржињо и Ковачич, ама ете им пак шанса на Рубен и Саул.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom