Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Wba dzabe so primivme 5 koga taa utakmica i so crven bevme maestralni, ova e preloso denes..

Sent from my ONEPLUS A6013 using Tapatalk
 
Pak e tesno, pod pretpostavka West Ham i Liverpool da tepaat se' do kraj, nie ke treba i Lester i Vila da gi tepame vo PL.
Нема да тепаат ни тие ни тие. 3 или 4 бода ќе завршат работа. А не е ни битно, ако тепаат во финалињата.
Не е реално ова што се случува против Арсенал последниве две години :D
 
На крај подобро ќе беше да играа стварно со цел тим Б.
Но нема везе битни се Канте, Вернер, Рудигер, Менди против Лестер. И да се надеваме таму ќе имаат повеќе среќа.
Според мене Зијах заслужува да игра во финалето. Многу подобро играт со него.
 
Минутите во вториот дел на Хадсон-Одои, се едни од најлошите што сум ги видел во дресот на Челзи, без никакви претерувања.
Не ми е јасно, навистина. Еден потег исправен, еден. Млад играч си, треба да гризеш, да се докажеш пред тренерот, а ти се однесуваш како првпат во животот да се соочуваш со топка.

Не очекував јас не знам каква игра, сулудо би било да се надеваме дека три дена пред финале и во ваков ужасно тежок распоред, ќе победуваме било кој и било кога. Ама на ваков начин, со практично бизарно примен автогол, две пречки од иста акција и промашени зицер шанси...фрустрирачки.

Дотолку повеќе што овој пораз и те како ќе ги разниша шансите за топ четири. Треба да се тресеме до последно коло, без никаква потреба. Го победуваш Сити на ,,Етихад", губиш од Арсенал дома.
Дома, каде што сезонава имаме сериозно потешкотии, исто така несфатливо. Дај да играме на гости само, или на неутрален.
Автоматски споено мислење:

Pak e tesno, pod pretpostavka West Ham i Liverpool da tepaat se' do kraj, nie ke treba i Lester i Vila da gi tepame vo PL.

Саркастичен бев. Не да е тесно...ваков луксуз и пораз, нерешено ќе беше океј, ама пораз, не смеевме да дозволиме. Со Лестер дома три дена по финалето ќе мора да победиме по секоја цена, а може да се случи и да бркаме победа на ,,Вила Парк" во последно коло, наместо да одмараме за 29-ти.

Гледам Тухел по мечот вината ја гледа кај себе. Разбирам, така прави педагог и тренер, но не можеш драг Тухел ти да влезеш и да погодиш шанси кои и дете мало не смее да ги промаши.
 
Последно уредено:
Не би се сложил дека Челзи одигра лош натпревар како што лошо изгледаше реализација.
Арсенал не мрдна цел натпревар бранење со 11 играчи цел натпревар, константен пресинг се правеше цело време и тоа во нивен 16сетник.
Арсенал изгледаше како екипа тренирана од Тони Пулис на времето.

Проблемот на Челзи е јасен и тоа многу лесно ќе се реши на лето, барем се надевам.
За вас незнам ама јас се навикнав на вакви сценарија каде што много посилен противник ќе го надиграме и победиме за да наредна изгубиме на смешен начин.
Тоа е кога фали напаѓач кој знае да дава голови, па може да се кажи и до некаде и дека фали искуство.

За Одои знаеме веќе, он има голем талент и голем НЕосет за фудбал.


Ми се допадна што Тухел покажа храброст, можеби не требаше да го вади Гилмур но сепак кога треба резултат он внесува играч офанзивец.
Не прави замена на бекови или напаѓач за напаѓач.

Тоа е можеби и пораз во право време за да се свестат малку и да влезат максимално сконцентрирани во финале.
 
За муабетот на драгонот од претходно. Кристенсен во суштина е сличен играч на Зума, но во овој систем на Тухел и оваа сезона, Кристенсен иако се губи на големи мечеви, мора да игра.

Зошто?

Еве зошто:



И ако продолжи Тухел и следната година да ја гради играта од задна линија, а ќе продолжи, нужен е дефанзивец што знае со топка поприлично добро. Меѓудругото.
 
За муабетот на драгонот од претходно. Кристенсен во суштина е сличен играч на Зума, но во овој систем на Тухел и оваа сезона, Кристенсен иако се губи на големи мечеви, мора да игра.

Зошто?

Еве зошто:



И ако продолжи Тухел и следната година да ја гради играта од задна линија, а ќе продолжи, нужен е дефанзивец што знае со топка поприлично добро. Меѓудругото.
Е ајде де, кај се погодија и двајцава слични..барем еден некако да се кренеше на следново ниво..

Ма да нц, ја за финалето ЛШ кажав ниеден од овие да не игра, некако посигурно ќе се осеќам со Азпи во задната тројка (нели, со Рудигер и Силва), а Џејмс на десната позиција, мислам ова моментално ни е најдобриот тим за одбрана (да, знам, не е совршен Азпи ама сепак, бољи е од овие за финалето)

Здравје, Томори да си го вратиме догодина.......иако постои огромна опасност и тој да заврши како Зума/Кристенсен со голем потенцијал па да стагнира..кој го знае
 
Е ајде де, кај се погодија и двајцава слични..барем еден некако да се кренеше на следново ниво..

Ма да нц, ја за финалето ЛШ кажав ниеден од овие да не игра, некако посигурно ќе се осеќам со Азпи во задната тројка (нели, со Рудигер и Силва), а Џејмс на десната позиција, мислам ова моментално ни е најдобриот тим за одбрана (да, знам, не е совршен Азпи ама сепак, бољи е од овие за финалето)

Здравје, Томори да си го вратиме догодина.......иако постои огромна опасност и тој да заврши како Зума/Кристенсен со голем потенцијал па да стагнира..кој го знае

Знаеш што би претставувало проблем со Азпиликуета на централен во тројката? Висината.
Туку Сити би можел да создаде предност. Со Стоунс, Родри, Диас и опасни нафрлувања од Де Брујн и Марез, Челзи би живеел опасно.

Јас се надевам дека и тој и Ковачиќ ќе бидат подготвени дотогаш.
А од Томори, ништо, заборави. Таксан е за Милан. Игра таму одлично, Милан го сака, Малдини го сака, Пиоли го сака, место во ЛШ, конкурентен тим, таман му е.
Го испушти Лампард него и одиме понатаму.
 
Од кога дојде Тухел, Кристенсен перфектно изигра и во битни натпревари во ЛШ, и во ПЛ. Од кај тоа дека се губи?


 



1620890214376.png1620890266209.png

Видеото ми се свиѓа, ама дресот...
 
Откако е Тухел дојден, Кристенсен е Карваљо. Генерално, Данецов се губел на големи мечеви, во право е драгон за тоа.

Дресовиве се ужасни. Брмчевме за сезонскиов, ама сезонскиов е топ за овој.
,,Најк" е скандалозен.
 
Ќе ни требаат две победи до крај за топ 4 :pos:
 
Мора да победиме против лестер.
 
Ќе бидеме ваљда топ 4, малце ми е криво за Лестер, изгледа они ќе паднат.

Не мислам дека овој Лестер има квалитет да одигра две утакмици против Челзи на високо ниво, очекувам да не изгубиме во лигата, ваљда и ќе тепаме, за ФА Купот ќе биде потешко од лигата.

Астон Вила веќе од дамна се откажаа од лигава, играат онака, колку можат, ако играме посериозно, би требало и со нив да влеземе добро.

Јбг, ќе беше добро да можевме да се одмориме...

Ама хеј, барем од нас зависи, што и не е така лошо.
 
Ги шлакаме Лестер у сабота.... во среда ни идат така напишкани - им вадиме Х... последно коло они губат од кокошките ние лаганица со Вила и тоа е тоа... фала, чао пријатно.
Евентуално ескалирање на ситуацијата и некакво хорор сценарио - одење олл ин на ЛШ
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom