Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Поднеле жалба денес до CAS. Со ова големи се шансите да се одложи банот. Колку е паметно, ќе видиме. Некако повеќе ми се свиѓаше идејата да не се жалат сега.

 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.951
Поени од реакции
1.923
Мали се шансите да се помери трансфер банов, ама конечно почнаа да се обидуваат нешто да сменат.

Не ми е јасно како дојде до тоа Хазард да остане на една година од договор и сега да го даваме за смешни суми.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Сепак изгледа ќе се држат до планот да не се купува летово. Излегоа покасно информации дека само е поднесена жалба за банот, ама не е поднесено и барање да се одложи истиот дур трае процесот.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Дојде денот кој знаев со години дека се ближи, но до последен момент се надевав дека нема да го дочекаме.

Ни дојде како талентирано дете кое направи бум во француската лига. Од првиот момент во дресот на Челзи покажа дека има посебна магија во нозете која ја поседуваат само најдобрите играчи кои ја играат оваа игра. Уште првата сезона ја започна со трофеј. Беше битен играч во Лига Европа, иако мораше да го пропушти финалето поради повреда. Потоа следеше првиот домашен трофеј, Лига Купот освоен против Тотенхем. Само месец подоцна го даде голот со кој ја осигура титулата во Премиер Лига, во сезона каде што никој друг не му беше ни до колена. По една тепка сезона повторно се врати на голема врата, со освојување на втора титула во Премиер Лига, во сезона каде заедно со Канте се издвоија како најдобрите играчи во лигата. Следуваше трофеј во ФА Куп каде со гол од пенал ни донесе нова победа. И за крај се врати таму каде што почна, со два гола во финале против градскиот ривал повторно ја донесе титулата во Луга Европа во Челзи.

Седум прекрасни години во кои со секој негов допир на топката не држеше на ивица. Седум години во кои со нетрпение го чекавме секој негов потег. Играч кој во овие седум години донесе нова генерација на фанови кои почнале да го следат клубот само поради него. Најталентираниот играч кој заиграл за Челзи. Еден од најдобрите.

Еден Хазард.
Легенда.

IMG_20190530_040314.jpg
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Фала му за сите дриблинзи голови асистенции!Ќе биде запаметен како еден од подобрите млади играчи што дошле кај нас и за брзо време прераснат во лидер на тимот.Убаво ни беше коа го гледавме а сега осеќам наредна сезона многу од нас ќе навиваат за Реал :D.
На крај може и нашата скапана управа е крива за што си заминуваат ваквите играчи од клуб,100мил е премалце за играч како Хазард сега ќе купат некое дрво и ќе дадеме 110мил така иде тоа кај нас.Идемо даље и то је то.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Фала му за сите дриблинзи голови асистенции!Ќе биде запаметен како еден од подобрите млади играчи што дошле кај нас и за брзо време прераснат во лидер на тимот.Убаво ни беше коа го гледавме а сега осеќам наредна сезона многу од нас ќе навиваат за Реал :D.
На крај може и нашата скапана управа е крива за што си заминуваат ваквите играчи од клуб,100мил е премалце за играч како Хазард сега ќе купат некое дрво и ќе дадеме 110мил така иде тоа кај нас.Идемо даље и то је то.
Ushte edna godina do kraj na dogovor, so jasno izrazena zhelba na Azar - ne mozhe poise od ovaa suma.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Воопшто не се битни парите, иако нормално се потрудија да извадат максимум. Вредноста на играч ккао Хазард во тимот е поголема од било која сума што ќе ја извадиш од трансфер, затоа што е незаменлив. Да сакаа они да извадат многу пари, ќе го продадеа лани. Уште од кога дојде секако се знаеше дека последниот голем договор во кариерата сака да го потпише во Реал. Целта цело време беше да остане и да даде што е можно повеќе за Челзи. И го направи тоа.
 
B

Beginner

Гостин
Одои ке ни биде новиот Азар :D Со среќа нека му е во Реал. Само се надевам Лш да не се погодиме во иста група. Него сега е битно никој друг да не се продаде од младиве што беа на позајмица и се вракат оваа сезона. За следната сезона 1в тим би бил
Кепа
Азпи-Рудигер/Зума-Кристенсен/Луиз-Емерсон
Канте-Жоржино-Лофтус ако се повреди некој ги имаме Кова и Баркли
Одои-Абрахам/Жиру-Педро/Вилиам/Пулишич
Би сакал да биде ова 2ртим за куповите
Кабалеро/Блекмен
Баба Рахман-Зума/Омеруо-Ампаду/Миазга-Ола Аина
Кенеди-Бекер/Пашалич-Мусонда/Гинкел
Натхан-Абрахам/Мичи-Пиазон
Стварно би било грев да игра некој од 1в тим во куповите.



Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Со среќата со повредите во последно време, вчера и Рис Џејмс се повреди и го изнесуваа на носилка со кислород. Првично се стравуваше дека скршил зглоб, ама изгледа сепак не е толку сериозна ситуацијата.

 
H

HoT _iCe

Гостин
Брату Донев, гре ли ќе биде ако почну и Реала да га прату од наредну сезону :D

Иначе, фала му за све на Азара, господин до крај, душа. <3
 

Kajgana Shop

На врв Bottom