ФАКТ е дека тешко е(беше) веројатно да ја одбраниме титулата ама после натпреварот со Сандерленд (еве сега и со со двете нови засилувања) се гледа некое подобрување во тимот и кај Карло. Ако ништо друго барем моралот моментално е на повисоко ниво - што се должи на фактот од трите последователни победи + новајлиите Торес и Луиз. Јас во фудбалерите веќе го гледам тој победнички менталитет кој фала богу конечно им проработи. Разбирам дека заглавивме во големи го*неници но еве подобрувањата полека полека излегуваат на виделина.
Така да, луѓе дај баталете Песимизам веќе еднаш. Ако стварно неможете да согледате дека сеуште сме во игра за највисок пласман, значи стварно не верувате во овој тим.
Вчерашната ситуација и те како ни дава за право да ги зголемиме апетитите и да целиме кон првата позиција - огромната предност на Манчестер може уште денес да се стопи на 7 бода. А не заборавајте дека треба да играме два пати со нив. Арсенал киксна, другите не ги есапам многу многу, едноставно од фактот што не се задоволувам со 3 или 4 место.
Победа и само победа над Ливерпул денеска не лансира на прав пат, пат кој МОРА да си го трасираме САМИТЕ НИЕ, пат кој ќе не однесе највисоко на табелата !!!
KTBFFH....... BLUE IN MY BLOOD