Ова го очекував по неколку дена од назначувањето на Френк Арнесен за т.н. спортски директор. Па скоро сите фудбалски одлуки надвор од теренот одат кај Арнесен. Во иднина, ко ќе можиме да прајме трансфери (барем како шо сега стојат работите),
Френк Арнесен е човекот кој ќе ја носи цела одговорност за нив. За цел еден преговарачки прцес, негова (не)успешност.
Во таква ситуација, голем дел од надлежностите на т.н. chief executive или извршен директор се губат. Зошто е тоа така? Од причина што не за џабе се вели типичен
англиски тим-менаџер. Карло Анчелоти не е менаџер, Карло Анчелоти е тренер. Истото беше во Милан, каде улогата на Арнесен овде ја имаше Леонардо, сега тренер.
Е сега реков, очекував вакво нешто по „унапредувањето“ на Арнесен. Се в ред, ама не очекував во период кога треба да се има квалитетна жалба до ФИФА. Јебига, Тененбаум и Бак негде прочитав, продолжуваат со нефудбалските работи на Кенион, барем засега.
Околу иднината на Кенион, се вели дека останува „неизвршен директор“ (шо по ѓаволите и да претставува тоа) и претставник на Челзи во разноразните комисии на УЕФА и Европската Клупска Асоцијација. Верувам дека е доволно богат, и нема да се врати во Манчестер веднаш. :icon_mrgr
Секако дека се брои и играта, нема секогаш да победуваме со слаба игра.
Точно, но еднакво (можеби и повеќе) битно е да се победува и кога се нема игра.
По 90 минути за Џо и Фереира, 45 минути за Немања Матич, како повратници од повреди, во дуелот на реервите со Ипсвич. 5-1 за Челзи, Стуриџ хет-трик (секоја предност пред Калу), Борини и Брума (слободен удар) стрелци.