Премногу се надевате.Освен победата над Униреа(кој пред да почне утакмицата се предаде) немате руга добра изиграна утакмица.Да дадете повеќе од 1 или 2 гола на Динамо немате шанси.Може 1-2 гола на тепка како и до сега и многу негледлив фудбал.Секоја година губите играчи,а не купувате ништо.Реално индивидуалниот квалитет е на страната на Динамо,а да не збориме и класа тренер.Сепак дерби е ова,а никогаш не може ништо да се предвиди,но ако ги анализираме составите Динамо е каде-каде подобар.
Хајдук- Субашиќ е можеби најдобриот голман во ХНЛ,но затоа прваи невидени киксови.Во лоша форма е,на секој натпревар каде што Хајдук изгуби бодови Субашиќ е крив со неговите неверојатни киксови.Сепак може да се случи да се повампири.Во одбраната си отидоа неколку играчимтука загубивте доста.Малоќа е млад,но никогаш нема да направи некоја прејака кариера,но за во Хрватското превнество е доста солиден дефанзивец.Левиот бек Стриниќ е репрезентативец и тој ви е една од најјаките алки во тимот.Другите се просечни ХНЛ играчи.Во средината Шарбини е добар,но само кога му е денот,во спротивно...............Ибро ви е убер класа.Најопсаен играч ви е,со Саммир од Динамо е најдобар играч од среден ред во Хрватска.Оремуш,Љубичиќ,Андриќ,Томасов(иаку овој знае да биде доста опасен)....не се ништо посебно.Во нападот од кога си замина Калиниќ(па дури и тогаш) сте многу тенки.Вукушиќ е голем талент и е во фантастична форма.Очекувам да биде најголема опасност кон голот на Динамо.Друг проблем е што конечно Хајдук се бори на 2 фронта(дома и во Европа) и играчите не се навикнати на тоа темпо,додека тие во Динамо 4 сезони го прават тоа.
Од другата страна Динамо солидно се појача и сега има многу комплетен состав.На секоја позиција има по 2 играчи кои се доволно квалитетни да се борат за титула.Голманите не се нешто посебно,малди се,може да се извади нешто од нив во иднина,но ако не кикса Субашиќ е подобар од нив.Во одбрана има многу јаки играчи.Врсаљко(дечкото има 18 год. наполнето пред некој месец) како игра ќе стане светска класа играч,но е неискусен.Тонел(проблем е што сеуште не е уигран со екипата) и Бишќан се одлични играчи со доста импресивна кариера,Куфре исто така(тројцата се најдобрите дефанзивци во Хрватска).Барбариќ добар играч кој прави глупи фаули.Етто искусен и пребрз играч кој секој натпревар оваа сезонае се подобар и подобар.Најслаб тука е Ибањез кој е многу див играч,тактичи е 0,лесно се пробива но е неверојатно упорен,брз има добар шут и не верувам дека ќе игра.Во средината Адеми е во добра форма,многу добар разбивач,додека Бадељ никогаш не бил послаб.Кај него ви е шансата да направи некој грешка(а ги има многу).Томечак е најдоброто крило во Хрватска,ама беше долго време повреден.Саммир е во животна форма.Одлично ги разигрува другите,јак е во дуел,тешко губи топка може и со 3 играчи да се дрибла,добар шут,во одбрана одзима многу топки,трча најмногу......Моралес има многу јака техника,но во вакви натпревари се губи лесно и физички не е многу јак и може да е изморен од настапот за репрезентацијата на Чиле.Силвестер и Беќирај би требало да се добри играчи,но ова ќе им биде деби,ако играат.Во нападот Рукавина е во добра форма(во просек секој натпревар гол),но промашува често шанси.Додо е најголемата дупка која некогаш играла за Динамо,Крамариќ свилена буба и огромен талент кој стагнира.Но имаат многу добар тренер кој е неколку класи над Поклеповиќ.
Шансата ви е пак да играте тврд и негледлив фудбал со многу прекини и преку контри.Пресинг на Бадељ кој е мек играч и склон кон грешки би требало да ви помогне.Може и неуиграноста на Тонел,кој и не знае хрватски па тешко да се координира со соиграчите да ви помогне.Ако решите да се надигрувате тогаш без проблем ќе изгубите 3-0.
П.С Ќе го имате цел Сплит и Торцида на своја страна.
