- Член од
- 16 јануари 2008
- Мислења
- 631
- Поени од реакции
- 0
Фени го задржа Кол и ќе донесе нов Американец
Американскиот кошаркар Доналд Кол (27 год., 204 см), кој беше избран за најкорисен МВП-кошаркар на финалната плејоф-серија минатата сезона, и во следното првенство ќе го носи дресот на актуелниот шампион Фени индустри.
Управата на клубот објави дека го обновила договорот со атрактивниот кошаркар, чие доаѓање во Кавадарци се очекува за задутре. Неофицијално, Кол годинава ќе има плата од 12.000 долари месечно, што е речиси двојно од примањата што ги имаше минатата сезона.
- Со Кол преговаравме подолг период и на крајот успеваме да се договориме. Неговото враќање ќе значи и голем чекор напред кон одбраната на шампионската титула - изјави Дивна Пешиќ, одговорната за односи во јавноста во таборот на Фени.
Во редовите на шампионот утре треба да пристигне и Американецот Лоренс Мекензи (23 год., 188 см), кој ќе биде на неколкудневна проба. Тренерот на екипата Емил Рајковиќ ќе треба да реши дали ќе потпише со Мекензиили, пак, ќе побара друг странец за плејмејкерската позиција.
Фени летово го задржа репрезентативецот Александар Димитровски, а успеа да го доведе и Ѓорѓи Чековски, кој настапуваше за украински Черкаси мавпи. Кавадарчани утре заминуваат на десетдневни подготовки на Маврово, на кои ќе присуствува и капитенот Горан Самарџиев, кој завчера реши да се повлече од репрезентацијата на Македонија со која тренираше од почетокот на месецот.