Фан Клуб: ФК Металург

Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Мислам дека не беше Жикица на клупата, а точно дека имаше еден ќелав таму али си седеше на клупа така да мислам дека не беше Жикица.
Играта бар до средина на второ полувреме додека гледав јас беше на страна на Металург и сосема заслужено си победија.
Позади мене на трибина седеше Зоран Стратев и уште 2-3 од Работнички и цело време го ремета нешто Илијоски изглеа уште им е криво што им избега...:pos2:
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Мислам дека не беше Жикица на клупата, а точно дека имаше еден ќелав таму али си седеше на клупа така да мислам дека не беше Жикица.
Играта бар до средина на второ полувреме додека гледав јас беше на страна на Металург и сосема заслужено си победија.
Позади мене на трибина седеше Зоран Стратев и уште 2-3 од Работнички и цело време го ремета нешто Илијоски изглеа уште им е криво што им избега...:pos2:
Јас поминував околу 4 на улицата покрај стадионот и го видов Ѓоко Хаџиевски се спремаше да влезе. Очигледно се собрал фудбалскиот „крем“ :) Гледаат млади таленти. Ѓоко може да направи некој трансфер накај исток.
А тие од Работнички ако дошле за да го реметат Баже, свршиле работа :) Ништо чудно да ги поремети Пелистер два пати за една недела.
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Моја грешка сепак бил Жикица на клупата. :smir:
Ваљда си дошле од Рабоотнички да ја следат играта на Пелистер... А од ова талентиве мен ме изненадува Костенцовски многу добро се снаоѓа по десна страна. Брз е, доста силен за 18-9 години колку што има. Тој, Илијоски и Џуриќ мислам дека е лев бек или крило беа меѓу подобрите.

Абе гледав вчера на тв имаше интервју после натпреварот и он беше со плаво капче а баш ми текнува дека имаше на клупа некој со такво капче.
А за запознавање тоа може идната сезона кога ќе ни дојдете на гости против Скопје или уште подобро во Мај на финале на куп ќе се упознаеме:wink: На оваа утакмица и јас бев гостин.:helou:
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
ФК Металург – Скопје во предвидениот рок го достави потребниот доказ – Уверение за платени даноци и придонеси издадено од Управата за Јавни приходи бр.22-32-2/11352/2 од 05.05.2010,

Со што до Комисијата за лиценцирање го зема истиот како валиден и ја донесе следната одлука:

На ФК Металург – Скопје му се издава лиценца за играње во натпреварите организирани од страна на УЕФА за сезона 2010/2011.

Осеќам дека ќе дојде Тотенхем на Железарница :tv:
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Ахх.. Тотенхем тешко дека ќе дојде ама Сити може место нив.:)
Металург своите натпревари од Европа лига ќе ги игра на Железарница? Зарем може да се играат меѓународни натпревари на нажион стадион. А и штом ќе се играат утакмици од У-19 ЕП за жени може да бидне и тоа. Ај ваљда ќе го среди Минчо до тогаш па и покрив ќе стави, гледав денес имаше некои железа на трибина вреојатно ќе почнат набрзо со работа. :wink:
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Ахх.. Тотенхем тешко дека ќе дојде ама Сити може место нив.:)
Металург своите натпревари од Европа лига ќе ги игра на Железарница? Зарем може да се играат меѓународни натпревари на нажион стадион. А и штом ќе се играат утакмици од У-19 ЕП за жени може да бидне и тоа. Ај ваљда ќе го среди Минчо до тогаш па и покрив ќе стави, гледав денес имаше некои железа на трибина вреојатно ќе почнат набрзо со работа. :wink:
Прво коло (претквалификации) со некој од Туркменистан сигурно ќе може да се игра тука. За понатака не знам. Има столчиња, убав терен, нови соблекувални ... не знам кои се условите што ги бара УЕФА.
За со Манчестер Сити нема да може, нема доволно место за хулиганите од Англија каде да седат. Ќе треба на она ридчето на Гази Баба. :pos2:
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Многу сме јаки пролетва. Ќе дојде Манчестер Сити на мегдан. Осеќам. :vozbud:
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
sega minco da frli nekoja para da donesat pojaki igraci i slednata sezona odite na titula
 
Z

ziko bt

Гостин
i jas tipuvam deka v godina Metalurg ke atakuva na titula i ako ostani vakva slaba ligata spored mene ke bidat prvi favoriti
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Логично дека ќе се брка и титулата наредната сезона. Се додека не се премисли Минчо со финансиите, Металург ќе биде во врвот. Ама парите не се пресудни за да се биде прв. Особено не овде кај нас.
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Убаво го средиле теренот, за 4 дена домаќини сме на Европско првенство за жени под 19 години :)

24 Мај Шкотска - Англија
27 Мај Македонија - Холандија
30 Мај Шпанија Холандија
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
dobar e terenot posto minco dade pari inace nisto ffm nemase da napravi
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Тасевски: Сега ќе се бориме за европски рејтинг

Металург подготовките ќе ги почне на 31 мај и по еден месец ќе дебитира во куповите на УЕФА

Целта ја остваривме. Тоа што беше планирано го исполнивме и самиот излез во Европа е голем мотив за сите во клубот, вели Жикица Тасевски, тренерот на скопски Металург, еден од четирите македонски претставници во Европа.

Металург нема многу време за одмор, само 12 дена, па моторите за новата сезона ќе се запалат веќе на 31 мај, точно еден месец до дебито на меѓународна сцена. Откако се направија реформите во европските натпреварувања, а Интертото-купот се претопи во квалификациска рунда за Европската лига, почетокот на новата европска сезона е закажан за 29 и 30 јуни за квалификациите за Лигата на шампионите, а 1 јули за квалификациите за Европската лига, каде што ќе настапат металурзите.

- Нема многу време. Еден месец имаме од почетокот на подготовките до првиот меч. Тоа значи 22-23 дена за подготовки, затоа што последната недела не може да ги оптоварите фудбалерите и тие седум дена се само комплетна подготовка за првиот меч. Подготовките ќе ги одработиме во Македонија, по распоред како и зимоска, со тоа што сега ќе работиме во Маврово и во Охрид - вели Тасевски.

Во полусезоната, откако на кормилото е Тасевски, Металург е единствениот македонски клуб без пораз, а табеларно ако им се додадат и одземените бодови од пресметките со Победа, „железарците“ убедливо ја завршија полуетапата, во која примија само три гола, или вкупно пет сосе подготвителните мечеви во јануари и во февруари.

- Задоволни сме, затоа што пролетва бевме најдобри. Тимот имаше голем напредок, но може да оствари уште подобри резултати. Сега ни преостанува да се бориме за што подобар рејтинг на клубот во Европа. Морам да истакнам задоволство од условите што ни ги овозможи спонзорот - додаде Тасевски.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Карабаг (Азербејџан) - Металург у прво квалификациско коло.

Добро е, со оглед на тоа што можеше да ви падне Динамо Тбилиси кој остана у последни 3 заедно со вас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom