И БИВШИОТ КАПИТЕН ГИ НАПУШТИ "ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ"
Брага се пресели во Тетекс
Бразилецот со македонски пасош Брага е последниот во низата фудбалери кои ги напуштија редовите на Вардар во екот на големата криза која владее во клубот веќе подолго време. Поранешниот капитен на "црвено-црните" се пресели во таборот на тетовскиот второлигаш Тетекс, каде што повторно ќе се обедини со поранешниот финансиер на Вардар, Слободан Вујчиќ-Брацо, кој од оваа сезона е главниот спонзор на клубот.
Најавено е дека Брага ќе дебитира за својот нов клуб уште денеска, кога продолжува фудбалската сезона во Македонија.