Ќе се обидам да бидам што пократок, пошо I'm reeaаallyy not in the mood this recent period...
Ко да не се осеќав shitty enough already, па уште мораше и голманот наш да не се појави на денешната утакмица, и од 11-те играчи мораа да ме наместат баш мене да дебитирам како украс помеѓу стативите.
Ќе коментирам главно околу моето висење пред голот...
Првиот гол беше постигнат по еден шут од дваесетина метри, топката се одби од мене како од статуа, нашите бекови спиеја, и таа падна право на ногата од еден играч на Беса. Во првото полувреме уште еднаш ја вадев топката од мојата мрежа по една очигледна офсајд ситуација во која јас не ја напуштив гол-линијата навреме. А и во вториот дел од натпреварот уште еднаш не интервенирав навремено по еден остар центаршут и противниците повторно постигнаа гол.
Се на се, нашата игра беше ок - накај незадоволителна, промашивме доста голем број убави шанси за гол, и не беше нешто посебно страшно да се игра во Слупчане. Вака-така, бодовите ги однесовме во Пржино.