Да си продлжам со монолозите на темава
Сезоната започната со победа на гостински терен. Не се сеќавам кога за последен пат сме славеле на ненаместена утакмица на гости, кога се работело за натпревари од трета лига
Пред едно 250 гледачи, во локалното дерби против ССК, конечниот резултат гласеше
ССК-Славија 2-3.
Победа со два пресврта.
Екипата почна со тренинзи пред некоја недела, за разлика од Драчевци кои тренираат од средина на јули. Имаше на терен и играчи кои воопшто немаат дојдено на тренинзи.
На голманска позиција имаме повратник од Маџари, Дарио Наумов кој заедно со неговиот колега од спротивна страна, Дарко Рунтев, подарија по еден погодок.
ССК поведе на средина на прво полувреме, кога Наумов лошо дегажираше, топката дојде до противничкиот напаѓач кој немаше поголеми проблеми да го отвори резултатот.
Славија преку својот напаѓач (не го знам детево, Албанец е и одлично игра ко за трета лига), се закани во два наврати. Два пати доби топка во празно од десната крилна позиција, еднаш промаши, додека вториот пат го совлада домашниот голман.
ССК замина со предност од 2-1 на полувреме со одличен погодок од слободен удар од 25 метри.
Славија беше подобар противник, иако резултатот не беше во наша корист.
Пресвртот дојде по една голема грешка на Рунтев, кој се мислеше дали да ја фати во рака една вратена топка или да ја рогне, на крај само ја додаде до Даиловски кој од неколку метри ја погоди празната мрежа.
Славија продолжи со напади, Даиловски во една ситуација ја погоди пречката, додека на одбиената топка натрча напаѓачот кој го даде првиот гол и го постави конечниот резултат.
До крајот почнаа тензиите откако домаќините беа немоќни да дадат гол, па се обидуваа со валкани потези да израмнат. Го повредија нашиот голман, а имаа уште неколку лоши стартови. Да се одбележи зафатот на Рунтев врз еден наш играч, од стилот на зафатите од Текен 3. Заработи само жолт картон. Имаа уште една шанса Драчевци, но не успеаа да израмнат.
Мора да ги пофалам судиите кои и покрај притисоците отсудија одличен натпревар.
Следно коло играме дома со Гоце Делчев во недела од 10 часот