Фан Клуб: Славија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
СЛАВИЈА - Вардар 75 Усје 5-0
Почеток на општинска лига на Кисела Вода. Одиграа по скратен формат, два пати по 25 минути.
Полош фудбал во животов не сум гледал, ама општинската лига не е тоа што е ако не те насмее :D Овие беа најголем очобол, ако играа сериозно Славија, ќе им дадеа 100 гола. Умрев од смеење, губат 3-0 уште во 10-та минута, прв пат преминаа половина и имаа слободен на пола терен, голманов се дере абе вратете сееееее, нека седи некој позади. Пред него застанале тројца, сите други во половина на Славија.
Мечот го одбележа црвениот картон, односно начинот на кој беше даден. Овие имаа еден невротичен во екипа, се дереше со зарипнат глас цело време и се изнервира дека никој не му ја земал топката на еден Славијаш, па го откина со клизач. И таков се дере, абе не го допрев, лаже. Си лежи овој доле, му отече ногава, нема кој да го тргне од терен. Имаше еден наапан од нивна, се дере, абе судија дај извади го надвор, смрзнавме. Дај ми црвен, барем да си одам. Одма му здена црвен, си влезе директно во кола и да го нема :pos: :pos: :pos:
Инаку лигата треба да е доста интересна година. Двете драчевски екипи се тука, ССК Младинец и Партизан Драчево, како и Текстилец кој има доста јака екипа за во оваа лига. И некоја од академииве е во лигава, мислам дека се тие ФК Кул.
Славија има 100 играчи на располагање, зависи кои ќе се соберат, може се да изгазат :D
Амбициите се трета лига.

Вака се одвиваат тренинзите во Пржино :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
ФК Славија Пржино - ФК Кул Кисела Вода 0-2

Брзо се урнаа надежите за трета лига, иако не ни имаме состав за трета лига :D
Овие мислев ќе бидат некои деца, ама имаа собрано некоја екипа од млади меѓу 16 и 24 години. Доста високи сите, децата од 16 години како столбови.
Многу високо тргнаа Славија, па овие искористија да направат контри. Едната ја утнаа, ама втората не.
Славија имаше една одлична шанса, но од само неколку метри промашија чиста шанса.
Во второ полувреме Славија ја имаше топката, но овие добро се бранеа. Имаа и опасни контра напади, а до вториот гол дојдоа во последна секунда. Можеше дуелот да заврши и нерешено, ако имавме некој подобар напаѓач.

Инаку во лигава играат и Еуромилк Горно Лисиче. Во првото коло го тепале Кул со 2-3, а денес го добиле Зелениково. Лигата е доста јака во споредба со претходни години. Само Вардар Усје изгледа се босотилук.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Цементарница игра?
Не знам, ама не верувам. Тие што беа во Цементарница, си го формираа фк Кул.

Екипи кои сигурно играат се Славија, Еуромилк Горно Лисиче, Партизан Драчево, Текстилец, Кул, Зелениково и Вардар 75. Претпоставувам дека тука се и Победа Долно Лисиче и ССК Младинец.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989

Што име е ова бе ФК Кул? :D Какво им е логото? :D
Автоматски споено мислење:

@Colt Willcox Сеа Цементара влага во трета лига?
Цементарница игра?
Не знам, ама не верувам. Тие што беа во Цементарница, си го формираа фк Кул.

Екипи кои сигурно играат се Славија, Еуромилк Горно Лисиче, Партизан Драчево, Текстилец, Кул, Зелениково и Вардар 75. Претпоставувам дека тука се и Победа Долно Лисиче и ССК Младинец.
Еве сега видов на странава...во рок од една година.....од "Трета лига!" до....распаѓање најверојатно :(
Тоа е, вакви срања во Англија се дешаваат, па што остана за Македонија
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Што име е ова бе ФК Кул? :D Какво им е логото? :D
Автоматски споено мислење:

Еве сега видов на странава...во рок од една година.....од "Трета лига!" до....распаѓање најверојатно :(
Тоа е, вакви срања во Англија се дешаваат, па што остана за Македонија
Не одиграа ни 2 натпревари во трета лига. Го истепаа судијата на еден натпревар и одма се распаднаа.
Инаку игралиштето во Кисела Вода сега е нива, не знам ни дали го користи некој. Овие Кул го земаа игралиштето на Алумина, целото е ребрендирано.
Имаат екипи во сите младински конкуренции, ептен се организирани. Нивен е и балонот во дворот на Круме Кепески училиштето.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Не одиграа ни 2 натпревари во трета лига. Го истепаа судијата на еден натпревар и одма се распаднаа.
Инаку игралиштето во Кисела Вода сега е нива, не знам ни дали го користи некој. Овие Кул го земаа игралиштето на Алумина, целото е ребрендирано.
Имаат екипи во сите младински конкуренции, ептен се организирани. Нивен е и балонот во дворот на Круме Кепески училиштето.
Значи официјално...РИП Цементара никад не се враќа во било каква форма под тоа име? Сега само духовен наследник им е Кул?

Штета за игралиштето, а и општо, екипа со историја :( :(

Не одиграа ни 2 натпревари во трета лига. Го истепаа судијата на еден натпревар и одма се распаднаа.
:pos: :pos: :pos:
 
Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.529
Поени од реакции
1.508
Цементарница 55 и Кул не се истиот клуб. лани на пример Кул играше општинска, а Цементарница 55 играше трета. тоа потврдува дека се работи за два различни клубови, без разлика што истите луѓе ги држат.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Цементарница 55 и Кул не се истиот клуб. лани на пример Кул играше општинска, а Цементарница 55 играше трета. тоа потврдува дека се работи за два различни клубови, без разлика што истите луѓе ги држат.
Да, да, јасно е тоа, Сабер така и објасни, не верувам дека има забуна тука, затоа и реков "духовен наследник" :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Зелениково - Славија 1-2

Втора победа по три одиграни кола. Не знам до кога ќе продолжи полусезонава. Терениве се очајни за игра веќе...

Kajgana Shop

На врв Bottom