Фан Клуб: Рома

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.846
Поени од реакции
8.693
Го продадоа најдобриот стопер, со кого и лани ни беше амешна одбраната, а купија само млад талентиран, на место да ја ујачат дупло ја ослабија.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.633
Поени од реакции
81.568
Спинацола до кога ќе е повреден?
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.846
Поени од реакции
8.693
Спинацола до кога ќе е повреден?
Па се прават напори за Лацио да биде спремен веќе следно коло, инаку Спинацола може ли да игра десен бек?? Пошо ваков Коларов никој нема да му го земе местото лев бек
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.633
Поени од реакции
81.568
Па се прават напори за Лацио да биде спремен веќе следно коло, инаку Спинацола може ли да игра десен бек?? Пошо ваков Коларов никој нема да му го земе местото лев бек
Од кај да знам, прошлата сезона 5 натпревари не изигра ради Сандро :icon_mrgr:
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.846
Поени од реакции
8.693
Од кај да знам, прошлата сезона 5 натпревари не изигра ради Сандро :icon_mrgr:
Абе за десен бек ти зборам дали сте го играле, што Сандро ми го збориш :P

И ме интересира дали цела сезона беше спремен, а слабо го пуштаа или имаше и повреди??
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.633
Поени од реакции
81.568
Абе за десен бек ти зборам дали сте го играле, што Сандро ми го збориш :P

И ме интересира дали цела сезона беше спремен, а слабо го пуштаа или имаше и повреди??
Епа тоа ти викам, цела сезона грееше клупа ради Сандро, и воопшто не пробуваа да го играат како десен беГ... значи килав е за да игра од другата страна по теренот.
Може да се искористи како лево крило дека добро се снаоѓа понапред, па да формираат некаков тандем со Коларов по левата страна.

Инаку не е стаклен играч...
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.846
Поени од реакции
8.693
По повредата на Пероти, ќе го нема 2 месеци, Петраки е во потрага по лево крило, првично се заинтересорани за Тајсон од Шахтјор(многу нормално), ало и за Бога од Сасуоло за кој уште во пролета заедно со Демирел реков дека ќе бидат откровение наредната сезона. Сасуоло го купи пд Челзи за 3.5мил евра, сега незнам дали Челзи имаат опција да го вратат? @Донев
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.553
Поени од реакции
52.345

Имаат, но не знам за колку. Ама сега секако не можат да го вратат.
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.846
Поени од реакции
8.693
Смолинг во Рома, платена позајмица од 3мил, некаде се пишува дека имаме право на откуп за 15мил евра.
Пишав, мене ми изгледа сепак подобра солуција од опциите што ги имавме, Ловрен, Ругани и Мустафи.

Најбитно од финансиски план е што се зема стопер без облигативен откуп, ем ќе се види оваа година дали Манчини ќе биде флоп или ќе го биде за во голем клуб.

Можеби вака ќе останат пари за добро крило, еве и Дефрел оди во Сасуоло за облигативен откуп од 16мил евра.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850

Брат......... :popce:
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.846
Поени од реакции
8.693
Шо бе брат, ти падна тешко што го направив подобар од Ловрен? :place:

Не сум далеку од вистината за да така ми реагираш ;)

И друга работа, кажав најдобра зделка на финансиски план, сува позајмица. Додека Ловрен ќе имавме облигативен откуп(5мил за позајмица и 15мил за откуп) и ќе требаше на 30 години да му дадеме 4 годишен договор со плата од 3-4мил.

И да се исти финансиските услови за откуп и плата, повторно Ловрен ќе ми беше последна опција, па Ругани, па потоа Мустафи и Смолинг :)
Башка од овие е највеќе склон на повреди, а за киксови исто е прв :)
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.846
Поени од реакции
8.693
Смолинг помина лекарски прегледи, на италијаниве им е тешко да изговорат Смолинг, па сите го завикаа Крис :D

До вечер Шик треба да каже ДА на Лајпцик, а утре Калинич да дојде на позајмица со право на откуп.

Незнам покрај Вернер како би играл, можеби како втор напаѓач или крило, али ако не го биде и во Бундес лигата значи Шик стварно пропаднал.

Од друга страна Калинич е баш тип на шпиц што му треба на Фонсека и ќе биде вистинска замена за Џеко и од голема корист на клубот.
Автоматски споено мислење:

Ни се паднаа Менхенгладбах, Башакешир и некој клуб што имаа слично име и лого како Волвсбург
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.630
Поени од реакции
5.606

Брат Калинич не може да е корисен у Серија Д камо ли на Рома.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
Шо бе брат, ти падна тешко што го направив подобар од Ловрен? :place:

Не сум далеку од вистината за да така ми реагираш ;)

И друга работа, кажав најдобра зделка на финансиски план, сува позајмица. Додека Ловрен ќе имавме облигативен откуп(5мил за позајмица и 15мил за откуп) и ќе требаше на 30 години да му дадеме 4 годишен договор со плата од 3-4мил.

И да се исти финансиските услови за откуп и плата, повторно Ловрен ќе ми беше последна опција, па Ругани, па потоа Мустафи и Смолинг :)
Башка од овие е највеќе склон на повреди, а за киксови исто е прв :)
Ајде ќе правиме муабет.
Можда подобра опција за Рома ради начинот на плаќање, не негирам.
Грешка си за Ловрен дека убедливо најмногу киксови правел, не иде да кажеш такво нешто кога Смолинг е симбол за глупости и грешки многу повеќе од него. Да не е дека го бранам, рахитичен е и он али не претерувај :)
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.846
Поени од реакции
8.693
Ајде ќе правиме муабет.
Можда подобра опција за Рома ради начинот на плаќање, не негирам.
Грешка си за Ловрен дека убедливо најмногу киксови правел, не иде да кажеш такво нешто кога Смолинг е симбол за глупости и грешки многу повеќе од него. Да не е дека го бранам, рахитичен е и он али не претерувај :)
Добро, времето ќе покаже, на пример јас Смолинг го знам како играч што е во Манчестер 7-8 години, каде се мењаа тренери се купуваа скапи дефанзивци а кога и да пуштев да ги гледам него најчесто го гледав прва постава како игра и не сум слушал за него толку големо хејтање колку за Ловрен, освен еве последната година, али ипак сметам дека Џонс и Рохо не се подобри од него и дека како што кажа Солскер, разговарале со Смолинг и овој не му гарантирал прва постава, па затоа ова негово заминување, од што мора да намалат бројот на дефанзивци.

И не го правам јас Смолинг многу јак, али за нијанса подобар од Ловрен, Ругани и Мустафи.
Автоматски споено мислење:

Брат Калинич не може да е корисен у Серија Д камо ли на Рома.
Незнам дали може да биде полош од Шик?? Ќе видиме во каква кондиција е, незнам дали ги помина подготвителните со Атлетико, ако ги поминал тогаш не му се грижам, мислам дека кај нас ќе врати дел од формата што ја имаше, што ми преостанува друго освен да се надевам :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom