Први Ди Франческо, па еве сега касапот Хектор, добар почеток
Сега доаѓа на ред неодминливата драма, дали Салах ќе оди во Ливерпул за 40мил или Рудигер во Интер за 35мил. или па двајцата можеби.
Доколку Хектор биде замена за Рудигер, ќе останам без коментар или еден збор ќе кажам, катастрофа, ниво подоле ќе бидеме во одбрана, сите исти само Хектор наместо Рудигер е чекор надолу.
Е сега, доколку Салах го дадат за 40мил аили го донесат Сусо за 25-30мил бидејќи Милан биле спремни да го дадат за 30мил тоа би бил одличен дил. Можеби Салах е побрз и даде повеќе голови оваа сезона, ама Сусо е технички подобро поткован и те како ќе легне во 4-3-3 на Ди Франческо, за разлика од Салах, Сусо во големите мечеви игра одлично, дриблинзите му се благодарејќи на техниката, а не брзината како во случајот со Салах и сметам дека во средина како Рома со овој ростер што го имаме, Сусо наредната година кај нас може да има уште подобра статистика, бел бумбар за потегот.
За натака стварно незнам што да очекувам, купувањето на Хектор покажа дека медиумите ниту малку не можат да му влезат во трага на Мончи, ниа па да го пратат. Така да и муабетите за Сусо, Салах и Рудигер може да паднат во вода, па да имаме некои нови изненадувања(пријатни и непријатни).