Претседателката на екипата на Рома, Росела Сенси, изјави дека тренерот на тимот Лучано Спалети нема да добие отказ и ќе продолжи да ја води екипата, без разлика на притисокот кој врз неа и врз тренерот го прават навивачите и медиумите. „Иако се најдовме во една непријатна ситуација, нема да правиме никакви промени во екипата. Спалети даде многу за успесите и името на Рома и сите веруваме дека тој е способен да не извлече од оваа ситуација. Не треба да го забораваме времето кога под негово раководство успевавме да освојуваме победи и го игравме најубавиот фудбал во Италија“, изјавила Сенси.
Навивачите веќе побараа оставка од Спалети по последниот пораз во Серија А на гостувањето од Сиена.