Морал, мотив, желба, квалитет... се паднало кај играчиве наши.
Ја разбирам да си изгубил шанси за титула пред една недела, ама тоа не е оправдување вака патетично да играш, со пар чесни исклучоци (Рамос, Марсело, Игуаин, Робен), утакмицава бвме за нигде.
Канаваро бе, знаеме дека играш последна сезона, ама не си иби мајката така бе, како Алваро Мехиа во лош ден да го гледам е, Хајнце и он исто, нека фаќа сиктер шо побрзо.
Хави Гарсија и дефинитивно не е играч за Реал Мадрид, ако имав претходно некои сомнежи ради неукажаната шанса, сега истите се компелтно отстранети.
Гаго не е за прва постава, страшна стагнација (ако не и деградација) има од ланската форма, кога требаше да се развие во стандарден првотимец он се сјеба начисто, во сите дерби утакмици oваа сезона беше разбиен (како и цела наша средина додуша) од противничката средина, премногу е зависен од ограчите околу него, не може сам (без играч како М. Диара, Лас) да ја штити задната линија, ниту пак да има улога на креативен среден играч (без партнер како Гути, Снајд, ВдВ).
Не сум за продавање, треба да остане ама дефинитивно на клупа, освен ако Перез и новиот тренер немаат намера и догодина да играме со дефанзивна 4-4-2 формација.
No more untouchables next year, please... Знам дека не е во ред да се обвинува напаѓач (Раул) за лоша утакмица кога средината која ја имаш го прави Мадуро да изгледа како Зидан, ама неговата невидливост плени, да играше на пример Хунтелар со него, немаше шут на голот да имаме (иако и тие кои ги имавме беа пичкин дим), ако земеме во предвид дека играч не може да биде поголем од клубот, Раул мора да седне на клупа следната сезона, ако не можат да купат некој од Виља/Ибрахимовиќ/Бензема, обавезно враќење на Негредо.
Во нападот Игуаин и Раул повеќе се "нападачи на готово"односно чекаат само готови шанси,што значи и тука ке треба промени.
Касиљас моментално е најдобриот од составот.
Игуаин е далеку од напаѓач на готово, пола сезона ја игра надвор од позиција и пак е еден од најдобрите, ако не и најдобар поединец сезонава.
Раул од друга страна е голем опортунист, без сервис зад него се губи, укчучува стелт мод и кулира, тоа што е физички недоволно јак само му ја отежнува работата.