Ван Бастен, Кака и К. Роналдо - новите засилувања на Реал (М)Деветтиот кандидат за преземање на функцијата претседател на шпанскиот Реал од Мадрид, 50-годишниот бизнисмен Франциско Баросо се обидува да обезбеди силни адути во изборната кампања. Баросо објави дека има намера да ги привлече најсилните фигури во светскиот фудбал. "Водам преговори со Марко ван Бастен, Кака и Кристијано Роналдо. Тие ќе бидат најцврстата основа на мојот фудбалски проект. Сакам што побрзо да се договорам со нив. Ако тоа не се оствари, бидете сигурни јас нема да влезам во Реал. Мојот проект е приоритетен и ако не се оставри јас не ќе можам да продолжам напред", изјави Баросо за мадридскиот спортски весник "Ас". Тој се изјасни и за финансиската политика, но сметката остана тајна. "Имам одлична финансиска поткрепа. Ќе ја сочувам во тајност до потврдата на мојата кандидатура. Можам само да кажам дека со финансиската моќ ќе можам да се борам до крај за секој трансфер со Абрамович. Неопходно е да се врати надежта на фудбалерите, а Реал треба да се врати на победничкиот пат", категоричен е Баросо