Не се залажувајте дека Јувентус е послаб од минатата сезона и дека туку така ќе го поминете. Одбраната се средува и скоро па да го врати нивото од минатите сезони. Дибала сезонава игра во страшна форма кога не е повреден, а Даглас Коста е најдоброто засилување после Дибала последниве сезони. Какви партии само пружа тоа е чудо. Матуиди исто така пружа добри партии и Јувентус не е ни малку ослабен за разлика од минатата сезона. А тоа што се деси на полувреме во финалето излезе на виделина после тоа и Бонучи заедно во пакет со Алвес си го добија заслуженото. Иначе играта го покажува сега за сега тоа како Јувентус е ослабен, но да не е темпирање форма како Реал што прави изминатите сезони. Но факт е и дека Реал не е ни малку тоа што беше минатите сезони и се забележува пад во формата на играчите. Според мене шансите за пролаз се 50/50.