Откако дојде Роналдо во ерата на Мурињо и Пелегрини беше тој што го подигна квалитетот на клубот за неколку скалила. Тогаш Реал имаше тапа екипа, само на 3-4 позиции world class играчи. Моментално Реал има екипа со скоро на секоја позиција world class играчи. Тоа не го заборава никој фан, и впрочем затоа и го сметам Роналдо за легенда на Реал, колку толку.
Сега е моментот да се искористи позицијата и да се дојдат до титули. Перфектна екипа во поглед на кадар, искуство и конкуренција би рекол.
Али Реал пак си е уназаден и нешто не штима. Никој не му ги оспорува квалитетите на Роналдо, али фактот дека сега баш кога треба да запне највеќе него го нема нигде. Годините му отидоа веќе, и наместо да дојде до израз искуството кај него, тој се понаша како тинејџер на теренот. Реално 80% потезите на теренот му се пробување да помине играч, губење на топката, и дигање раце. Толку. Каде е жарот да се натпреварува незнам. Барем да ги проигрува играчите ко што треба ама изгледа и тоа е тешко, само еднаш сезонава искреира вистинска шанса. Другото е утрчување во шанси, али само ако некој креира за него. Е ова му е единствениот квалитет моментално.
Значи 80% од времето не прави ништо карактеристично за топ 2 фудбалер на планетата. Никој не бара од него да помине 15 играчи и да даде гол, ама фолирањата после секоја изгубена топка не можам да ги сварам, не од 30 годишен фудбалер. Има циркузанти колку сакаш, немора и тој да биде еден од нив.
Ми пречи и Крос. Станува автоматски играч, додава до Модрич и ништо повеќе. Не креира ништо, ниту пак се обидува да реши утакмица кога треба највеќе, губи топки и реакциите под притисок му стануваат смешни. Имаше потенцијал страшен ама каков играч е станат тоа е смешно. Знам дека така му налага позицијата и тренерот, ама мора подобро, ако не нека подзагрее клупа. Верувам дека Касемиро ќе го замени и повеќе од солидно, барем игра добро во дефанзива и има желба за надигрување.
Има dead weight тимот колку и да не сакате да признаете. Само споредбата со Модрич, колку трча, креира и игра со желба, а и тој е 30+ годишен, и потоа кој и да било играч кој не е во форма, ете тоа е тоа.