Во последниве 5-6 сезони, по заминувањето на Капело, на прсти се бројат натпреварите (секако овие големите) каде што Реал Мадрид изиграл дисциплинирано. Последен пат таков го глеав токму против Баерн, во двомечот пред две сезони. Од тогаш, во минатата и оваа сезона не видов максимално посветен тим, се до вечерва.
Ова вечерва беше сјајно одигран натпревар, онака како што треба да игра еден тим претендент за ЛШ, тим шо не личи на распашана банда, тим каде што секој си ја исполнува добро задачата.
За поставеноста мислам дека немаше никакви дилеми. Сите знаевме дека вака ќе се игра и дека вака може лесно да се поебе начинот на игра на годинешниов Баерн, ама стравот беше дали одбраната и Алонсо ќе го издржат мудопотечувачкото кружење околу шеснаесетник. И тоа го сторија сјајно.
Коентрао, мајсторе, кур да јадат неписмените шо те критикуваат, три сезони е најпотценетиот играч во тимот. На Карвахал му требаше ваков меч, перфектно одигран, Рибери беше невидлив, го скина сите напади таму и му се гледаше таа несигурност заради неискуството на крај, трепереше, глеаше лево десно едвај чекаше да заврши мечот. И многу е поразлично кога ќе издржиш ваков меч без примен гол и без грешка, многу битен момент за неговата кариера која се надевам дека нема да биде лабилна ко таа на Рамос.
Бивис и Батхед не ги коментирам, од страв.
Чабиер си ја врати формата баш кога најмногу требаше, друго е кога он е тука да сјебе 30 противнички акции и да префрли топка напред. Модриќ исто.
Жал ми е за Роналдо што не може да го игра двомечов во полна сила, не се сомневам дека ќе беше многу подоминантен доколку играше здрав.
Исто како и Реал, и Икер ваква капитенска утакмица немал долго време, мило ми е што конечно си ја врати формата но уште помило ми е што си ја врати жарта за носењето на лентата.
Единствена замерка кон Карло ми е за Иско. Најбледиот и денес, и во финалето од купот, пак сјеба неколку чисти контри, дефанзивно лош, едноставно неговиот профил не е за оваа тактика која беше маестрално исполнета денеска. Златен Кедира тука ќе завршеше работа за реваншот, но колку топки одзема Бејл после влегувањето ми дава да верувам дека може и со него дефанзивата да не изгуби на вториот меч.
Уште еднаш ќе пишам, вака добра утакмица не сум гледал минативе две сезони, менувам педесет петарди во противничка мрежа за ваква дисциплина.