Навивачите на Барса уште се тешат оти не освоја ни Ла Лига ни Лига на Шампиони!!
Демек Шпанија била Барселона.
Сите знаат дека не е така, но еве неколку прчини за демант за тие што се слепи или се прават наудрени:
* Капитен на Шпанија (Икер) е Капитенот на РЕАЛ МАДРИД!
* Тренерот на Шпанија е чистокрвна школа на Реал Мадрид од играч, па тренер на млади категории, па тренер на Реал Мадрид, па победник во Лига на Шампиони со Реал Мадрид итн..
* Играчите на Реал Мадрид постигнале 2 гола за Шпанија исто колку и играчите на Барселона!
* Одбраната која е составена од двајца играчи на Реал Мадрид (еден на Барселона) плус голманот од Реал Мадрид нема примено гол во нок-аут фаза веќе трето големо првенство по ред!
* 41% од активното време за игра за Шпанија на теренот биле играчи од Барса, а 36% играчи од Реал Мадрид, што е многу мала разлика (останатите 23% припаѓаат на сите други екипи кои имаат преставници во репрезентацијата).
* Во нок-аут фазата од 3 средби, 2 пати играч на натпреварот бил некој од Реал Мадрид, а еднаш од Барселона(во групната фаза 2 пати од Барселона и еднаш од Челзи)
* Во нок-аут фазата играчите на Реал Мадрид постигнале 2 гола, а тие на Барселона 0 голови.
* Од Реал Мадрид над 100 настапи за Шпанија имаат 2 играчи(од актуелниот состав), а од Барселона само 1.
* вкупно 406 натпревари за Шпанија изиграле играчите на Реал Мадрид , а 371 играчите на Барса.(од Шампионскиот состав)
Е каде е доминацијата на фудбалери на Барселона во Шпанската репрезентација?!?!?!
Ние сме реални и знаеме дека колку и да е ривалството големо кога се работи за национално ниво едни без други не можат. Шпанија немаше да биде најголема светска сила, можеби и во историјата на фудбалот, без играчите од од едната или од другата екипа.