Игуаин се враќа онаму каде што започна
На 11 јануари 2007 година, во дуелот од Copa del rey против Бетис, во дресот на Реал Мадрид дебитираше осумнаесет годишното момче со бушава коса, штотуку дојдено од Аргентина. Иако смени доста фризури во изминатите години, Гонзало Игуаин го зачува она најважното, голгетерскиот инстинкт.
При неговото деби Пипита не успеа да се запише во листата на стрелците, но затоа во наредните пет години постојано беше и е опасност за противничките голмани. Гонзало во Мадрид прерасна во еден од најдобрите напаѓачи ви светот, но успеа и да ги освои срцата на Мадридистите и да стане нивниот миленик.
Неговиот последен хет-трик го постигна токму на натпреварот против Бетис на Бернабе при победата од 4:1. Иако е втор стрелец во екипата со 16 гола, тој е најефективниот напаѓач во ЛаЛига со просек од гол на секои 73,13 минути.