Сега слушнав на радио како Реал и Јувентус размислувале за размена и тоа : Алекс Сандро (Јуве) да биде заменет со Марсело (Реал), а во тој пакет би можел да биде и Навас.
Колку е точно не знам пишете.
И јас денес прв пат на радио слушнав за трампата. Алекс Сандро е добар и борбен играч но сепак мислам дека во Марсело се уште има мед за вадење машина е.Прв пат од тебе читам ваква работа.
Во секој случај трампава би била крајно непропорционално. Дури, смешно непропорционална.
Ова не е Реал Мадрид кои сите го знаеме. Кај вас сменија 2-3тренери ама не купија играчи, додека Барселона купија скапи играчи од кои некои греат клупа ама не сменија тренер. Имам приметено когаТежок ремонт треба да се направи.
Со таков пристап и од Силекс ќе изгубат...утре Рома ако излезат фајтерски со пресинг има да не потопат.од факинг Еибар се посрамотија...уште не ми се верува...