--- надополнето: 21 јануари 2012 во 21:32 ---
Жозе Мурињо зборуваше пред медиумите за натпреварот против Атлетик.
''Очекувам натпреварот да биде комплициран, како што и секогаш натпреварите против Атлетик се комплицирани. Имаат добри играчи и играат многу добро и амбициозно. Очекувам многу тежок натпревар''.
''Само едно можам да ветам, Реал Мадрид ќе биде лидер кога натпреварот ќе започне, а и кога натпреварот ќе заврши''.
''Се чувствував одлично ова утро, но сега сум тажен бидејќи таткото на еден од нас почина, и кога тој ја прими веста беше со нас и го видовме како пати. Тоа влијаеше на сите нас и сега сме тажни''.
''Од почетокот на 2012 примивме два гола од Малага, еден од Мајорка и изгубивме со еден разлика од Барселона. Тоа е многу. Мораме да ги согледаме нашите грешки и да почнеме да ги исправаме. Се плашиме бидејќи почнавме лесно да грешиме, а пред нас е еден солиден противник''.
''Му честитам на Икер бидејќи ќе го одигра 600-тиот натпревар во дресот на Реал и посакувам да одигра уште многу''.
''Пепе е на листата на повикани играчи, но ќе видиме дали е доволно спремен да игра против Билбао. Морам да повикам други играчи кои играат на неговата позиција. Тој ако не заигра против Билбао, ќе игра некој друг, имаме доволно добри играчи''.
''Пепе се извини и тоа е доволно за мене. Не забележав никој да испраша друг играч претходната сезона кога тој изјави дека никогаш нема направи расистичка навреда. Сите му веруваа на тој играч. Тие што ќе кажат дека Пепе е лажач, самите ќе ги сносат последиците. Ваше е правото да го нарекувата лажач ако го посакувате тоа, но вие ќе морате да ги сносите последиците. Тоа ќе биде личен проблем помеѓу вас и помеѓу оној кој што го навредувате, во слулачот Пепе''.
За болдираното-да не знаете за кого станува збор ?