Со сета почит кон најдобриот тренер на светот (без оглед што кажуваат некои од ИФФХС и од УЕФА) мислам дека Реал Мадрид нема шанси во овој дуел да испадне како конечен победник.
Она што ме радува секако е фактот дека Бетис минатиот викенд одигра еден одличен натпревар, и се до црвениот картон беа рамноправен тим, што докажува дека или Бетис се доволно добри и дека имале добра тактика, или тоа дека Барселона во последно време е надвор од својата препознатлива игра. Поверојатно ми е ова второто, и многу подобро за нас да е до тоа.
Ако станува збор за ова второто, можам да кажам дека можеме да останеме непоразени на Бернабе, дури и да победиме минимално, што би било одлично знаејќи ја формата која ги прати нашите играчи во последните неколку натпревари. На крај краева, добро ги одигравме последните 4 Ел Класика на Бернабе, али нажалост сеуште немаме победа. Вечерва се игра првиот натпревар, па ќе се држам за тој, и ќе кажам дека сум уверен дека Реал може да постигне 2-3 гола, но и да прими исто толку ако се знае дека Меси секогаш е расположен за голови и асистенции против Реал.
Очекувам Коентрао да биде стартер, и дека ќе заигра како десен бек, а партнер на Чаби ќе биде Лас. Не знам зошто се сите тие комбинации во последно време, али мислам дека ќе биде стандардната 4-2-3-1 формација, иако јас сакам поинаку (ја ставив неколку страни поназад), и единствениот успех против Барселона го имаме забележано со друга формација и Пепе како DM.
Што се однесува до нападот кај нив, тие се во хендикеп, затоа што (иако оваа сезона постигна околу 9 гола во Примера ако не се лажам) Фабрегас ќе биде тој што ќе игра во напад со Санчез и Меси. Тука ја нема цврстината која би ја имале со Виља, а исто така го нема и Педро. И двајцата се брзоноги техничари кои во дуел сигурно губат, али ако им оставиш простор, или одбрана на Икер или гол, трето нема.
Состав
Касиљас на голот, Марсело и Контрао бекови, Пепе и Рамос стопери. Чаби и Лас DM, Озил, Роналдо, Ди Марија (или Каљехон или Кака) и Бензема.
Клуч на успехот ? Не знае никој од нас како стојат работите во последно време не знае ни Мурињо. Најлесно е да се каже дека треба да се затвори Меси, али ајде затвори го да те видам..
Со константен пресинг на него како во првиот натпревар од ЛШ минатата сезона кој би го вршел Лас заедно со Пепе, цврсти фаули над Иниеста и Чави, и константен притисок на напаѓачите (како во првиот натпревар од супер-купот) можеме да оствариме поволен резултат.
Проблем нас би можел да ни претставува Марсело кој против Барселона е катастрофален во одбрана и преку нашата лева страна скоро секој натпревар примаме барем еден гол..
Ете тоа е тоа, за прв пат после неколку класика сум песимист, па да видиме..