Фан Клуб: Работнички

Член од
3 март 2008
Мислења
1.131
Поени од реакции
68
Сега видов што сте пишувале во Фан Клубот Анти Работнички и не можам да се изначудам на вашите глупи фустрации.Мики Мзт и двајцата Лозари стварно сте смешни.Ај ќе ви одговарам на неколку работи што ги видов само не знам зошто се замарам.
1.Вештачки клуб:
Хехе мојата најомилена за одговарање.Да вештачки клуб што е создаден 1937 нели?:tapp: Па дали некој ја знае историјата на Работнички и кои ликови учестуваат?Па речиси никој не знаае кој го составил ,каде играле и како се бореле во револуцинерните борби и ја бранеле Македонија.Знам дека и вие тоа не го знаете и повекето од вас мислат дека тоа е клуб на Костовски без некое минато но не е така овој клуб имал традиција која ја немаат речиси никој од македоснките клубови.Па знаат ли тие дека играчите животи давале и дали знаат дека црвената боја е отпор против србите кои ни ја менувале бојата во црна но Дане Крапчев со сета љубов тој се жртвувал и ја поставил црвената боја.Дане Крапчев ејјјј , никој ли не знае зошто му е подигнат споменик во Дебар Маало?
Некој ми викаат вештачки зошто се е со пари....клубот, навивачите итн.Па добро бе како ако не со пари?Со љубов?Кој ти игра во ова време со љубов?Па некои уште ми викаат Вардар со љубов во 2002 или 2003 не ми текнува кога беше за малку ќе стигнел до групата на уефа.Ма немојјј, па тогаш огромни пари се вртеле во Вардар.И да се надоврзам на тоа што реков дека без многу пари неможе ниту еден клуб да има амбиции за во групите на ЛШ.
Или пак...Вештачки зошто му стои името Кометал???Па и Кометал еден ден ќе си отиде и што после нема ниту еден од вас да прозбори за Работнички ништо лошо.
2.Навивачите
Навивачите можеби сме смешни можеби и не но сепак тука сме на секоја утакмица што можеме да си ја дозволиме.Низ Романтичари поминале повеќе од 200 членови но се се менува со време па оваа сезона секогаш сме од 30 до 50 па дали сме смешни или не тука сме за клубот.И ве молам не не споредувајте со Комити или Чкембари зошто ние си знаеме дали може да се споредуваме.Исто така се прашувам кога се формираше навивачката група РОмантичари сите велеа дека сме вистинско освежување за навивачката сцена во Македонија, амааа тогаш Работнички се бореше да не испадне а сега....мене не ми смета што ќе кажете, тоа ништо нема да ми делува ама македонска работа на се што е добро да се пцуе зошто не не негово.Жал ми е што мислите така ама тоа е ваша работа и ваше мислење дали ќе ме пцуете мене и Работнички....

И последен пат ми е да го кажам ова.Загубениот натпревар од Башкими не беше порададен или ништо туку само за да се прослави титулата на домашен терен а вие негирајте колку сакате....

И Верувајте тие што не мразите повеќе сте антипатични и смешни одколку интересни.
 
pirlo21

којотот
Член од
12 јануари 2008
Мислења
2.052
Поени од реакции
2.055
Ај нека ви е честито титулата. Па дај боже и да влезете у ЛШ.
 
Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Сега видов што сте пишувале во Фан Клубот Анти Работнички и не можам да се изначудам на вашите глупи фустрации.Мики Мзт и двајцата Лозари стварно сте смешни.

Па добро бе како ако не со пари?Со љубов?Кој ти игра во ова време со љубов?Па некои уште ми викаат Вардар со љубов во 2002 или 2003 не ми текнува кога беше за малку ќе стигнел до групата на уефа.Ма немојјј, па тогаш огромни пари се вртеле во Вардар.И да се надоврзам на тоа што реков дека без многу пари неможе ниту еден клуб да има амбиции за во групите на ЛШ.
Еј Романтичар, барем конечно виде дека не се сите настроени анти Работнички.

Добар познавач си на македонскиот фудбал чим идеш секоја утакмица на стадион, само сакам да те потсетам за најуспешната година на клупскиот мак-фудбал.
2003 година Вардар за малку ќе стигнеше, не во групи на УЕФА, туку во групи на Лига на Шампиони.
2 коло од ЛШ ЦСКА Москва - Вардар 1:2 и 1:1 (ЦСКА наредната сезона го освои купот на УЕФА)
3 коло од ЛШ Вардар - Спарта Прага 2:3 и 2:2
Најмногу публика на клупски натпревари во самостојна Македонија,луѓе од цела држава на Градски, вистински фудбалски празници. Нешто што вечно се памети.
И грешка си, немој да мислиш дека големи пари се вртеа тогаш во Вардар.Тоа беше пред 5 години. И тогаш беа Брацо, Борче и компанија.Вардар едвај во Интер-Тото куп се пласираа наредната сезона, со истиот тим што победи во Москва. Не викам дека играле од љубов, ама успехот се случи.
А Работнички има неколку пати поголем буџет отколку Вардар во тоа време и искрено се надевам на ваш голем успех во Европа.
 
Член од
3 март 2008
Мислења
1.131
Поени од реакции
68
Како прво си признавам дека Вардар има многу поголем број на навивачи и тоа го прифаќам како секоја нормална работа.
Како второ се гледа дека ти не си бил премногу запознаен со работите што се случуваа тогаш.Брацо и компанија таа годна направија огромна пара најмногу од утакмицата со ЦСКА кога Брацо направи 40 000 карти од кои сите се продадоа и земаа огрмна сума на пари а и Вардар тогаш имаше многу јак состав и многу подобар од овој на Работнички против Болтон но ако не си знаел Работнички веќе играше во 3 квалификациско коло на ЛШ а тоа што се падна тим што потоа стигна до 1/8 финале во ЛШ е друга работа.
Финтата со псотот ми беше дека не се збори тоа што се прочитано некаде.
Трето како може Мики МЗт или Лозар да ми збори за името Кометал.
Мики извини ама Металски Завод Тито Фон Универзитет Скопје ,или топилницата Фени Индустри:
Не сакам да ме сватат навивачите на Фени или на Мзт погрешно ама членовите што им зборат на памет очигледно се дечишта што немаат што да прават.
 
Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
се гледа дека ти не си бил премногу запознаен со работите што се случуваа тогаш.Брацо и компанија таа годна направија огромна пара најмногу од утакмицата со ЦСКА кога Брацо направи 40 000 карти од кои сите се продадоа и земаа огрмна сума на пари а и Вардар тогаш имаше многу јак состав и многу подобар од овој на Работнички против Болтон но ако не си знаел Работнички веќе играше во 3 квалификациско коло на ЛШ а тоа што се падна тим што потоа стигна до 1/8 финале во ЛШ е друга работа.

Баш тоа ти кажувам, парите отишле(и одат) кај Брацо,а тоа не го прави Вардар финансиски помоќен клуб. Играчите ја чекаа премијата за трето коло неколку месеци!!!! И тогаш имаше неисплатени средства и долгови кон нив. Во Работнички никогаш немало такви проблеми (затоа и многу поранешни фудбалери на Вардар сега со задоволсво го носат вашиот дрес). Што мислиш, кога тие фудбалери би имале исти услови за работа во двата тима, кого би одбрале?

За составите стварно е многу тешко да се направи споредба, премногу е релативно такво нешто.Јас мислам дека овој Работнички е и посилен од тој Вардар:toe:

Точно е дека Лил играше во 1/8 финале на ЛШ, меѓутоа натпреварот со Работнички беше решен уште на првиот натпревар во Франција.
А до каде стигна Спарта Прага во ЛШ кога го елиминира Вардар, ако веќе правиш таква споредба?

И само те молам немој веќе со тоа :не си запознаен, не си знаел бидејќи за фудбал знам и во сон да ме прашаш:smir:
Се надевам на уште дискусии затоа што нема баш многу фанови на Работнички Кометал на форумов.
Ај поздрав
 
Член од
3 март 2008
Мислења
1.131
Поени од реакции
68
Се е точно тоа што го кажа само да те исправам за 2 рабити и да кажам дека тогаш Вардар имаше многу силен состав.Можеби и најсилен што некоја македонска екипа го имала.Ама Брацо и компанија ги дупеа и немаа многу голем мотив за игра па затоа следната година со ист состав играа во Интертото.ГИ имаа Вандеир,покојниот Оливеира,Брага,Гроздановски,Ристовски,Ѓошевски(играчот на Работнички)кој тогаш играше во неверојатно добра форма,Васовски голманот Јовчев ,Захариевски и Тупан.Ова се многу јаки играчи да не се лажеме.
Исто така да те поправам кога викаш дека тие би го одбрале вардаровиот дрес.БИ го одбрале,ама тие што започнале во школата на Вардар.Нормално некој пример од Св.Николе би го одбрал Вардар или тој што ќе понуди повеќе пари.НЕМА ДОБАР ФУДБАЛ ОД ЉУБОВ:smir:
И извини не сакав да го сватиш тоа никако лошо тука најдобронамерно зошто не сум јас ко ФЦУ:"ДАЈ нека ги тепаат педериве" што е стварно срамота:tapp:
 
Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
За составот ок, имаше квалитет тогаш Вардар, само не е многу едноставно да се направи споредба помеѓу тимови кои се натпреварувале во различно време. Плус тоа, овој тим на Работнички сеуште не ја достигнал својата целосна афирмација, можеби би постигнал поголем успех.

Доколку двата тима имаат еднакви услови - и Вардар и Работнички можат на еден играч да му понудат еднаква плата, еднакви услови за тренинг и просперитет, тогаш сигуран сум дека барем 90% од нив би го одбрале Вардар за свој тим. Не ти зборам за тие кои ги поминале вардаровите школи, тие сигурно. Ти кажувам за сите воопшто.Секој фудбалер од Македонија (дури и Битолчани) би го одбрал Вардар како БРЕНД. Сонот на секое дете кое започнува да тренира фудбал овде во Македонија е да го облече црвено-црниот дрес. Секое дете од Скопје кога оди да се запише за да тренира фудбал,најпрво иде во школата на Вардар, дури ако го одбијат следен е Работнички.
Се ова беше доколку условите за работа се исти, инаку за моќта на парите ми е јасно. Доколку некој како Абрамович би го купил Осогово:pos::pos::pos:............. тогаш сите би сакале во Кочани да играат. Никој не би ги фермал ни Варадар, ни Работнички... ни Звезда ни Партизан, ни Локо Пловдив.........
 
Член од
3 март 2008
Мислења
1.131
Поени од реакции
68
Не би се согласил.Јас знам дека моментално во Вардар ги молат децата да тренираат додека во Работнички е многу тешко бидејќо капацитетот е исполнет.Има многу што се преселиле од Вардар во Работнички само поради условите а има и некои обратно од други причини.А за жал точно е тоа што викаш ти Абрамович да дојде во Осогово сите би сакале таму да тренираат.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Romanticar напиша:
Не би се согласил.Јас знам дека моментално во Вардар ги молат децата да тренираат додека во Работнички е многу тешко бидејќо капацитетот е исполнет.Има многу што се преселиле од Вардар во Работнички само поради условите а има и некои обратно од други причини.А за жал точно е тоа што викаш ти Абрамович да дојде во Осогово сите би сакале таму да тренираат.
А јас категорично нема да се согласам со тебе. Младинската школа на Работнички работи со полн капацитет и подобро од онаа на Вардар од причините кои ти ги напиша Капитано погоре.

Дури и кај децата, парите се се`... Деца од Вардар преоѓаат во Работнички затоа што знаат дека во моментов таму е иднината. Како што наеднаш Челзи (го затупевме со Челзи) стекна огромен број на фанови, откако Абрамович го направи дрим тим.

Моментално Работнички е плафон на македонски фудбал. И тоа е факт. Но никогаш нема да ја стигне репутацијата на Вардар, од икс причини. А Вардар ќе се врати на нозе, само се надевам дека тогаш Работнички нема да исчезне, бидејќи е добро да се има два јаки клубови во државата.
 
Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608

Апсолутно се сложувам со тебе,и јас сакам Вардар да се врати на нозе и да има повеке силни клубови зашто со поголема конкуренција и првенството ке биде појако
 
Член од
3 март 2008
Мислења
1.131
Поени од реакции
68
А јас категорично нема да се согласам со тебе. Младинската школа на Работнички работи со полн капацитет и подобро од онаа на Вардар од причините кои ти ги напиша Капитано погоре.

Дури и кај децата, парите се се`... Деца од Вардар преоѓаат во Работнички затоа што знаат дека во моментов таму е иднината. Како што наеднаш Челзи (го затупевме со Челзи) стекна огромен број на фанови, откако Абрамович го направи дрим тим.

Моментално Работнички е плафон на македонски фудбал. И тоа е факт. Но никогаш нема да ја стигне репутацијата на Вардар, од икс причини. А Вардар ќе се врати на нозе, само се надевам дека тогаш Работнички нема да исчезне, бидејќи е добро да се има два јаки клубови во државата.
Точно е дека децата од Вардар одат во Работнички никаде не пишав дека не е така ама верувај дека има такви кои го прават и обратното од некои си нивни причини. Кај Работнички е многу добро што се грижат за шпколата и сакаат да ја развијат на пример има многу таленти од младинците и кадетите што се дојдени од други градови и си имаат тие договори на правено а тука им се обезбедени и станови.Кај Вардар тоа е огромен проблем што не се грижат со децата а плус мислам дека сите сте виделе на каков терен тренираат ЗА ЖАЛ:nesum:.
Јас сакам да има повеќе силни клубови како Милано и Пелистер ,сакам и силен Вардар за подоброто на мак.фудбалот но најмногу од се Работнички да биде шампион.
Виктор пишав и горе а и тука никаде не оспорувам дека Вардар е најтрофеен ама гледам за иднината и многу повеќе титулу на Работнички.Поздрав
 
Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Кај Работнички е многу добро што се грижат за шпколата и сакаат да ја развијат на пример има многу таленти од младинците и кадетите што се дојдени од други градови и си имаат тие договори на правено а тука им се обезбедени и станови.Кај Вардар тоа е огромен проблем што не се грижат со децата а плус мислам дека сите сте виделе на каков терен тренираат ЗА ЖАЛ:nesum:.
Цело време нагласувам - доколку и Работнички и Вардар би имале исти услови да им понудат на фудбалерите и на потенцијалните фудбалери од школите, мнозинството би го одбрале Вардар поради репутацијата што ја има. Поголема би била нивната сатисфакција да играат за Вардар отколку за Работнички.
Јасно ми е дека моментално во Работнички има далеку подобри услови од Вардар, само поради лошото водење и организација на тимот од веќе општо познатите личности.И на мене сега некој да ми понуди меѓу овие два тима и јас би го одбрал Работнички. Се разбира дека секој би го одбрал она во што гледа сигурност за сопсвениот напредок и за својата иднина.
 
Член од
3 јануари 2008
Мислења
222
Поени од реакции
3
А јас категорично нема да се согласам со тебе. Младинската школа на Работнички работи со полн капацитет и подобро од онаа на Вардар од причините кои ти ги напиша Капитано погоре.

Дури и кај децата, парите се се`... Деца од Вардар преоѓаат во Работнички затоа што знаат дека во моментов таму е иднината. Како што наеднаш Челзи (го затупевме со Челзи) стекна огромен број на фанови, откако Абрамович го направи дрим тим.

Моментално Работнички е плафон на македонски фудбал. И тоа е факт. Но никогаш нема да ја стигне репутацијата на Вардар, од икс причини. А Вардар ќе се врати на нозе, само се надевам дека тогаш Работнички нема да исчезне, бидејќи е добро да се има два јаки клубови во државата.

За тоа што сите сакаат да тренираат во Работнички сами сте си криви. Затоа што Вардар (младите категории) има/ше секогаш голем фонд од добри млади фудбалери. Ама сите тие беа назадувани од страна на (самопрогласените) "легенди" на Вардар (чест на исклучоци, се разбира) кои се т.е. беа тренери во младинските школи. Се гураа деца со врски цело време. И нормално е што сакаа/т сите да си идат од Вардар.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom