Фан Клуб: Работнички

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
50
Моравме да ја задржиме традицијата на македонскиот фудбал - да примиме гол во последните минути :evil:
Ова ни беше одличнна шанса... 1:0 дома беше супер резултат со оглед на тоа дека за 4 дена Локомотив игра против ЦСКА, а за 7 повторно со нас. Ќе можеше да го искористиме нивниот замор од дербито во нивното домашно првенство и да одиме понатаму. Вака шансите се многу мали :(

Кој пацерски гол го примивме не ми се верува :evil:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.447
Acid напиша:
В'ред. Нашиве знаат да одиграат добро во првите 2 кола, каде што (нормално) има слаби противници. Честитки за убедливата победа, но подобро е 6 победи со 1-0, отколку една со 6-0.
Имаше потреба да се цитирам, или...?

Да не испаднам баксузот, ама и со Кометал (ракомет) испадна баш како што пишав во првиот пост на темата пред неколку месеци. Тогаш сите ме нападнавте, ама испадна баш како што кажав. :(
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.447
Oд колку саат играат денес? Да не завршиле веќе?
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
работнички кометал изгуби со 2-0(до толку слушав пренос) во 5мин Локомотив промаши пенал а истото му се случи и на кометал во 70 мин. двата гола ги постигна сичев
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
кога видов дека изгубиле, ич не ми падна криво, ама кога слушнав дека при 0-0 работнички промашиле пенал, е тогаш стварно ми падна криво, ама сепак најважното е што не не посрамотија

го чекаме Батистута да каже нешто за натпреварот, да слушнеме од прва рака
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.447
Да, да... Батистута беше на местото на настанот.
Чекаме информации од прва рака (ко божем се толку битни!) :wink:

Изгубивме, тоа е тоа.
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Епа помина една недела од дуелот Локомотив-Работнички ама еве мој краток коментар :
Значи дефинитивно на овој натпревар Локомотив беше подобар противник и во првото полувреме не искористи неколку 100% шанси и промаши пенал.Нашите цели 45 минути беа тотално загубени на теренот.Во вториот дел заигравме подобро а неколку пати се заканивме и кон голот на Овчиников а во 70-тата минута следеше пеналот.Јас уште кога видов дека токму Панче ќе шутира бев нервозен и имав лоши мисли во главата.Ударот беше слаб а не ја погоди ни рамката од голот.Во тие моменти сите 20000 гледачи се радуваа освен малата група Романтичари зад голот.Голем шок и пад во играта на Работнички следеше потоа а домаќините како да добија крила и веќе во 75-тата минута Сичев го отвори резултатот.По ова нашите фудбалери нападнаа но без идеја а тоа го казни Асантијани во 85-тата минута со вториот гол за Локомотив.
Шансата ја имавме а не ја искористивме.Инаку изјавата на Сичев за руските весници била дека во моментот кога судијата досудил пенал за нас помислил дека тука е крајот.
Благодарност и до навивачите на Спартак од Москва кои дојдоа на трибините и ни помогнаа да го бодриме нашиот шампион.Исто така ќе истакнам дека и навивачите на Локомотив ("Reactive") беа мошне пријателски расположени и ден пред мечот пиевме заедно водка и пиво во градот.
 
Член од
8 јули 2005
Мислења
63
Поени од реакции
0
Бев на годишен одмор за време на утакмицата у москва. Мозгам више колку време на интернет и неможам да го најдам резултатот од реваншот. Кога се откажав и кога дојдов тука да видам како стојат работите, резултатот ме најде мене.Не ме ни чуди што изгубивме, Локомотив веќе долго игра во елитното друштво(макар што стига само до групите)
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Vcera Lokomotiv zagubi 0:1 doma od Rapid . . . a vo Viena bese 1:1
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Работнички изгуби од Караорман во купот на пенали откако било 2-2
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Eve eden dobar poteg na upravata na Rabotnicki :
Za 1000 denari dobivate sezonski bilet za site domasni natprevari + evro natprevari ako igraat vo evro-kupovite (a toa e poveke od sigurno) i kako podarok dres od Rabotnicki Kometal
Odlicen obid za popularizacija na fudbalot kaj nas :wink:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.447
Каков дрес? Го имаш ти? Ако го имаш одма да ми го покажеш, да видам дали вреди да се земе!
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Batistuta напиша:
Eve eden dobar poteg na upravata na Rabotnicki :
Za 1000 denari dobivate sezonski bilet za site domasni natprevari + evro natprevari ako igraat vo evro-kupovite (a toa e poveke od sigurno) i kako podarok dres od Rabotnicki Kometal
Odlicen obid za popularizacija na fudbalot kaj nas :wink:
на МС тв имаше реклама за ова, ама таму пишува 100 ден :shock: :shock: :pos: :pos: ме зачуди кога видов, очигледно е грешка
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.447
Грешка е сигурно, милион грешки прават на МС. Се шалабрајзери и неписмењаковци. Еднаш имаше еден џингл кај што пишуваше Mounts наместо Months. :pos: Грешки од петто одделение. Ама да не забегувам со темава... :arrow:
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Go nemam dresot,ali koga ke zemam ke ti go pokazam ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom