Фан Клуб: Работнички

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
работнички ке станат доминантни ко Кометал у ракометот, не баш така ама знам дека нема да можат да ги симнат од врвот
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Романтичари бе еј! Кај го најдовте името. По гејско неможеше да биде! :pos:
 

dajdo

The OuTLaW
Член од
17 октомври 2005
Мислења
5.139
Поени од реакции
19
romantichari e ostanato ushe od koga rabotnichki bil debermaalski fudbalski klub taka se vikale debermalcite sho go sakale rabotnichki ROMANTICHARI
 

Романтичар

Се хранам масно и навивам гласно!
Член од
10 јануари 2006
Мислења
125
Поени од реакции
0
dajdo напиша:
romantichari e ostanato ushe od koga rabotnichki bil debermaalski fudbalski klub taka se vikale debermalcite sho go sakale rabotnichki ROMANTICHARI
Конечно некој што знае. Браво мајсторе! :wink: Ајде да ја вратам темава од мртвите, актуелниот шампион не заслужува да чмае на втората страна. :icon_mrgr

Те сакам Работнички!
 

dajdo

The OuTLaW
Член од
17 октомври 2005
Мислења
5.139
Поени од реакции
19
Романтичар напиша:
Конечно некој што знае. Браво мајсторе! :wink: Ајде да ја вратам темава од мртвите, актуелниот шампион не заслужува да чмае на втората страна. :icon_mrgr

Те сакам Работнички!
dedo mi ima igrano u rabotnichki na vremeto sedek trifunovski a mene rabotnichki mi e omilen tim kako i na celo moe malo karposh 1 moze gi znaesh tenk i kiki romantichari se
 

Романтичар

Се хранам масно и навивам гласно!
Член од
10 јануари 2006
Мислења
125
Поени од реакции
0
dajdo напиша:
dedo mi ima igrano u rabotnichki na vremeto sedek trifunovski a mene rabotnichki mi e omilen tim kako i na celo moe malo karposh 1 moze gi znaesh tenk i kiki romantichari se
Да да, ги знам. :icon_cool Ти пратив приватна порака, ај ѕирни. :wink:
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Покрај историјата долга речиси 70 години и покрај сите успеси и триумфални моменти на зелениот терен, во минатото на Работнички се проткаени случувања и личности кои вредат многу повеќе од било кој подигнат фудбалски трофеј. Далеку од стадионите, далеку од фудбалските дуели и битки, некои членови на Работнички воделе една друга, многу повозвишена битка. Битка од која излегле како победници и која ни дава право и повод да бидеме горди на нешто на што ниту едни други навивачи во нашата земја не можат да бидат.

Приказната започнува во далечната 1937. година, во предвечерјето на втората светска војна кога македонскиот народ, а особено работничката класа се буди и почнува да се бунтува против трулиот, неправеден и пред се експлоататорски систем на Кралството СХС. Легендарното Дебар Маало било центар на работничкото и револуционерното движење на младите скопјани, а еден од многуте начини на кои тие му се спротиставувале на режимот и ја искажувале својата револуционерна определеност било и формирањето на Фудбалскиот Клуб Работнички.

Главен иницијатор за формирање на фудбалски клуб бил легендарниот револуционер Дане Крапчев кој во тоа време живеел во Дебар Маало. Тој буквално ги "навлекол" луѓето на оваа идеја па формирањето на клубот долго време била главната тема за дискусија низ градот. Дане го предложил и името Работнички како и црвената боја - две нешта кои не одат едно без друго и кои веднаш станале омилени меѓу скопјани. Основачкото собрание на клубот се одржало во кафеаната на Трајко Георгиевски - Ќорот во присуство на повеќе од шеесет љубители на фудбалот од Дебар Маало. За прв претседател на клубот бил избран Ацо Танев, а за секретар Дане Крапчев но поради неговите револуционерни активности и опасноста од полицијата која постојано го следела неговото име никаде не било запишано. Покрај Танев и Крапчев за основачи на Ф.К. Работнички се сметаат и Благоја Јовановски и Дамјан Жантев.

И покрај аматеризмот и младоста на екипата таа набрзо почнала да бележи резултати. По две сезони Работнички триумфално влегол во најсилната лига на Скопје, но тоа натпреварување не го доживеало својот крај поради почетокот на втората светска војна. Овој период е еден од најславните во историјата на Работнички бидејќи речиси сите луѓе кои нешто значеле во клубот од управата па до фудбалерите биле на боиштата храбро борејќи се за слободата на татковината, а 14-мина од нив дури и ги дале своите животи за оваа цел. За тоа време клубот своите натпревари ги играл со втората екипа но и покрај ваквите услови бележел сосема солидни резултати, најчесто завршувајќи меѓу првите три екипи. Сепак, треба да се напомене дека на фашистичкиот окупатор не му одговарале ниту името, ниту боите на клубот па Работнички во овој период официјално бил именуван како Ф.К. Свобода, а на фудбалерите често им било забранувано да настапат во традиционалните црвени дресови. Биле воспоставени и контакти со други револуционерни клубови низ Југославија како на пример: Вележ Мостар, Раднички Белград, Борац Бања Лука и други. По ослободувањето Работнички се соземал од тешките години, застанал на здрави нозе и почнал да бележи резултати кои со златни букви ќе останат запишани во неговата историја, но и во историјата на македонскиот фудбал. Во текот на првите неколку години по завршувањето на војната полека се создавала екипа за иднината, а кулминацијата се случила во 1951. година кога Работнички заедно со Вардар како првопласирани во втората лига за прв пат се нашле во најсилната фудбалска лига на Југославија! Да се биде убедливо подобар од екипи како Олимпија Љубљана, Раднички Белград, Вележ Мостар, Челик Зеница, Железничар Сараево итн. и да се влезе во тогашната прва лига на Југославија е дострел рамен на денешно влегување во европската Лига на Шампиони! Запаметено е огромно славје во Скопје меѓу многубројните навивачи на клубот. Сепак, Работнички не постигнал позначајни успеси во првата лига но нејзин учесник бил уште една сезона. Интересен е и куриозитетот кој вели дека првата (и веројатно единствена) македонска спортска комедија "2:1" напишана од Васил Иљоски е посветена на една прволигашка победа на Работнички над градскиот ривал Вардар. До распадот на СФРЈ клубот најчесто играл во втората југословенска и во првата македонска фудбалска лига.

По распадот на Југославија и осамостојувањето на нашата земја за Работнички настапи тежок период кога клубот беше доведен речиси на просјачки стап и настапуваше во втората лига. Ваквата состојба траеше се до половината на 90-ите кога како спонзор во клубот влезе финансиски моќната корпорација Кометал, а Работнички беше преименуван во Работнички Кометал. Со одличната финансиска поткрепа од силниот спонзор и со доаѓањето на квалитетни играчи Работнички експресно се врати таму каде што припаѓа - во најквалитетното друштво. Уште во втората сезона меѓу најдобрите (1999/2000) Работнички постигна голем успех. Под водство на Мирсад Јонуз беше освоено третото место во шампионатот и клубот за прв пат во својата историја излезе во фудбалска европа и тоа во УЕФА Купот. Противник ни беше украинската Ворксла Полтава но на овој двомеч фудбалерите не се прославија и на двата натпревари загубија со 2:0. Некои позначајни резултати на европска сцена од таа екипа и не можеа да се очекуваат со оглед на тоа што повеќето играчи за прв пат играа меѓународни натпревари.

Пет години подоцна, во сезоната 2004/2005 Работнички се искачи уште две скалила погоре, на убедлив начин го освои првото место и за прв пат во самостојна Република Македонија се закити со шампионската титула! На овој начин за прв пат во својата историја Работнички се здоби со право да учествува во квалификациите за најквалитетното европско фудбалско натпреварување - Лигата на Шампионите. Прва пречка беше вечниот летонски шампион Сконто од Рига. Во Скопје Работнички ги декласираше Летонците со високи 6:0 што е воедно и највисока победа на еден македонски клуб во европските купови, а во Рига загуби минимално со 1:0. Сконто беше елиминиран, а името Работнички одекна гласно во фудбалска Европа! Во второто коло пред Работнички се испречи рускиот гигант Локомотив од Москва и само малку среќа го делеше Работнички од подвиг и пласман во третото коло. Во Скопје натпреварот заврши нерешено 1:1 со гол примен во последната минута, а во Москва при резултат 0:0 на само дваесетина минути до крајот на мечот Работнички промаши пенал за потоа да прими два гола и несреќно да биде елиминиран од ова натпреварување. Сепак, едно фантастично искуство е зад овој клуб и неговите навивачи па ни останува да се надеваме дека многу наскоро со заеднички сили ќе се избориме за уште поголеми успеси во домашните и европските натпреварувања!
 
Член од
11 декември 2005
Мислења
314
Поени од реакции
1
abe nema sto da se pisuva na ovaa tema osven deka treba da se gledaat realno rabotite i da se kaze deka momentalno rabotnicki e najdobar i najorganiziran klub vo RM. sekoja cest i na drugite ama sto e tuka e
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Еве стигна и втората титула :party3: :party3: :party3:

Сега е ред да се мисли на Евро настапите, достојно да се претставиме во Лигата на шампионите. Во меѓувреме да се победи Вардар во последното коло чисто заради престиж.

Инаку браво за Македонија ЃП која успеа да се избори за место во УЕФА купот.
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Ај со срека 2 титула апсолутно заслужено, па може и у лига на шампиони ке играте време е некоја македонска екипа да игра по групите.
Едно не ми е јасно, Игњатов е најдобар играч на првенството, пола екипа на Работнички е, и да не му дадат поголема минутажа во репрезентацијата. :lud:
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Ако ме прашаш мене моментално најдобар играч на Работнички е Ванчо Трајчов :wink:
А за Игњатов мислам дека е добар, ама не играч за у репрезентација, повеќе сум за Пејчиќ да го земат за Македонија да игра, немаме такво лево крило.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Искрени честитки за Работнички Кометал за шампионската титула. Ми се направи кеиф што еден од клубовите кои не учествуваа во шемите во овогодишниот шампионат(!?) стана шампион.

Се најубаво и многу успех во натпреварите од ЛШ и конечно пласман во некоја од групите за македонска екипа
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Македонија ЃП - Работнички 0:0 многу тапа утакмица.
 

Романтичар

Се хранам масно и навивам гласно!
Член од
10 јануари 2006
Мислења
125
Поени од реакции
0
Сите сте поканети утре да присуствувате на последниот натпревар од првенството против Вардар на кој ќе се случи вистински спектакл по повод освоената шампионска титула.

Се спрема вистинска фешта на трибините, напорно работевме во текот на целата недела и можам да ветам дека она што ќе се случува утре навистина ќе биде за паметење. Кулминацијата ќе се случи по последниот судиски свиреж за кога е планирано и свеченото врачување на шампионскиот пехар.

Натпреварот почнува во 17:00 часот, влезот е слободен!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom