Па, не си во право. Слично беше со Вардар против Рома и тогаш ми беше срам дека навивам за тој клуб, кога играчите трчаа по дресот на Тоти. Пу стока, мајку им ебам продадена за 100 евра дрес ја продадоа мојата гордост, среќа не му го земаа дресот иначе ќе ги колнев за погреб да ги даат.
И не, и Вардар кога игра слабо и дефанзивно кукам и плачам, ама поумерено, сепак Вардар е, мој е. А Работнички ако сака да го достигне клубот кој претендира да биде, да ги земе скопските навивачи, нема да успее никад. Тоа е заради оваа утакмица. Зошто цело Скопје навива за Вардар а не за Работнички? Зашто Вардар имаше гс да ја стигне до врвот на Европа во времето кога Вардар беше најголем. Победуваа и гледачите се восхитуваа дека имаат шанса да навиваат за клуб кој победува. Работнички е официјално постар клуб од Вардар, дебар маалски, со традиција. Има 100 навијачи. Порано имаше 1000, ама 900 умреа од природна смрт. Знаеш зашто нема нови? Зашто и оние неколку Вардарци кои одлучија да навиваат за Работнички откако тој се издигна сфатија дека со пари традиција не се купува.
За клуб се навија од срце, од дете шо би рекол ја. Кој татко ќе го учи своето дете да навива за овој клуб што го гледавме вчера?
Јас како гледач од страна се засрамив што ме претставуваа толку бедно. Со страв, со почит ко да играат со Исус и 10 ангели. Фудбал е Рашко, а фудбал се игра машки. Тоа вчера беше баш дамски фудбал од Работнички. Ма срамота е едини збор, нема друг.