Мачење е Пелистер да се гледа, особено во вториот дел од сезоната.
Немаме игра џабе е се, како сакаме да победиме кога не напаѓаме на гол, среќа шо ги фати тие неколку Пашето во второ иначе ќе го јадевме срамот од овие....
Уште со Брегалница за купот ко примивме таму 2 гола, се гледаше дека нема тимска хемија во екипата, сите си го ладат на теренот, со исклучок на 2-3 играчи Тошевски, Попзлатанов и Ристе Маркоски кои најмногу трчат и се трудат. Баже не добива топки напред и си го лади не ни трча, забележете го со оди слободно напред, ни да брка ни ништо, Лукас на крило ти е исто како Рашфорд да го играш во Јунајтед на крило, безкорисен на таа позиција.
Уште со Работнички потона бродот, каков фудбал ни дадоја тие во Охрид секоја чест, не ни мрднавме тогаш, после тоа знаев дека нема шо да бараме на следните 2 гостувања кај Ренова и Шкупи. Особено ова денес во Чаир, таму нема бодови
Со ВАКВА ИГРА се прашвам дали и среда ќе го победиме и Силекс, ако не чукнат и тие Ѕинговците тогаш не Наџи и Блашко со компанија нека си оди и нека си ги земи играчите со него шо го донесе, па ќе ги враќаме пак ние браќата Степановски, Чаки, Елмазовски и со нив ќе си играме...
Не личи ова на европски Пелистер, џабе летаме во облаци, како индивидуални имиња на позициите во тимот можи ќе речи некој сме супер, ама играта е дно дна.