Пелистер бил трн во око!Абе брат Пелистер никој не го смета за жив па камо ли да биди трн во око.А за тоа со џандарите шо се случи во ПП тебе ти е чудно? По се изгледа дека имаш кратка навивачка кариера без претходни навивачки искуства.Да сметаш дека само чкембари се омразени навистина е смешно.А за то дека фудбало и навивањето исчезнува не е ништо ново.Денешниов натпревар во минатото беше големо дерби а сега шо е???Имаше ривалство, имаше публика, имаше голем број на навивачи.Сега не е ни 1 %.
Сега ти мајтап си играш со мене???
Знаеш на колку утакмици овие години Пелистер беше украден од судиите???
Дај не ме заебавај-се знае кој е на чело на Пелистер,и кој сојуз го претствавува тој-и какви игри имаше мината сезона против Пелистер.
За гостувањата во Прилеп-ќе кажам само на скоро секоја утакмица во Прилеп имаме судир со Прилепската полиција,пред две сезони бевме без причина избркани на полувреме,единствено на првото гостување во март мината сезона беа коректни,за случките на утакмицата на 3 мај,кажав,сите шо бевме таму знаевме како поминавме со желките.
На кошарка пред 2 години,кога Пелистер беше казнет еден натпревар да игра вон Битола,утакмицата се играше во салата на Тутунски Комбинат,пак џандарите во главна улога,тепаа,и на крај ја испразнија цела сала и не избркаа,и мечот се играше без публика.
Исто сценарио беше,на финалето на купот во ракомет 2002,кога еден куп специјајлци се нафрлија врз малубројната група Чкембари и ги избрка по само 30 мин.
Имам гостувано и одено на многу стадиони,и сали низ Македонија(за твоја информација повеќе од 10 години сум активен член на Чкембари) и можам да кажам дека Прилепската полиција е најбрутална од сите.
И вие сте иделе во Битола порано,ама никогаш Битолската полиција не била толку брутална како вашата,иако имало фрки и во Битола.
Сепак полиција си е полиција-и секогаш сакаат да бидат во главна улога-затоа ништо не оди напред во спортот и навивањето во Македонија.
Нигде на запад,полицијата не е сместена на трибините меѓу навивачите-секаде има редари,а полицијата седи надвор од стадионот и влегува да интервенира само ако има некои големи нереди.
А овде кај нас,50-100 навивачи на трибина,а до нив 200 џандари наоружани и те шлакаат на секое без причина.
Ова го нема ни во Африка,па после сакаме да има навивање-каква навивање какви бакрачи

:kesa:
А за фудбалот не е ни чудо шо пропаѓа,кога газдите на тимовите повеќе гледааат како да наместат некоја утакмица и да ја уплатат в кладилница одколку да мислат на своите тимови.
Пред 10 ина години беше правиот фудбал во Македонија,отогаш се полошо и полошо.
Со еден збор-каква држава таков фудбал!:kesa: