Фан Клуб: Пелистер

Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
751
Поени од реакции
874
А појаснувањето е шо уствари? Ветер во магла...
Зошто не играше Звезда во ЛШ оваа година? Оти и Џајиќ и тие околу него се праеа наудрени кога дојдоја да се исплаќаат старите долгови према играчите. Многу убо е тоа, ние сме од 1ви Ноември натаму ќе имате плата... Ама клубот го добиваат т.е го добија сосе сите долгови и слично, ако на некој од играчите му прекипи, а сигурно ќе му прекипи наскоро оти повеќето ќе добијат шут карта на зима можи комотно да го тужи клубот и да си ги исплати сите барања. И наместо да се реши ситуацијата да се отпишат долговите или некако да се опрости нешто, овој потег можи да не кошта скапо по една две години...
Околу СД Манојловиќ не можам да имам мислење, ама искрено се надевам дека некој како тебе ќе го седни и ќе го интервјуира фино лепо да видиме кој е човекот и какви планој има овде. За останатите како Шеро, Бруно мислам дека ќе имаат само функција на хартија а друг ќе ги трга конците за нив.
И не гледам така на работите ... еве еден прост пример: Купуваш куќа, арно ама пред тебе живееле други во неа, со месеци не плаќале струја, вода итн. и сега ти ја купуваш куќата и ти ќе му ги платиш сите долгој на тие шо биле пред тебе ? Ај наместо да гледаш од твоја точка, гледај од точка на новите сопственици ... и ако веќе некој фудбалер тужи некој, ќе го тужи двојче за то шо за месец септември додека клубот беше во нивни раце не му исплатил плати !

Иначе можеби не интервју, ама дека и за овај се ќе дознајме со @Goran Bt сигурно, ништо не останало скриено ниту ќе остани ! :D
 

WilliamTell

Before Zee Germans get here...
Член од
3 март 2013
Мислења
963
Поени од реакции
1.630
И не гледам така на работите ... еве еден прост пример: Купуваш куќа, арно ама пред тебе живееле други во неа, со месеци не плаќале струја, вода итн. и сега ти ја купуваш куќата и ти ќе му ги платиш сите долгој на тие шо биле пред тебе ? Ај наместо да гледаш од твоја точка, гледај од точка на новите сопственици ... и ако веќе некој фудбалер тужи некој, ќе го тужи двојче за то шо за месец септември додека клубот беше во нивни раце не му исплатил плати !

Иначе можеби не интервју, ама дека и за овај се ќе дознајме со @Goran Bt сигурно, ништо не останало скриено ниту ќе остани ! :D
Е ама има разлика дали купваш куќа или станваш доминатнен акционер во акционерско друштво. Прости примери како овој твојот има милион и се сложвам со тебе дека ни јас не би го отворал ќесето да плаќам нешто шо друг го испил и го изел пред мене... Ама не баш таква ситауцијата.
Гледам од моја точка како човек шо ги прател сите случувања (читај далавери) изминативе 4-5 години во Звезда, така да гледната точка на новите сопственици можи да биди и од месечина ама на крај тие ја имаат топката в раце а сосе топката си идат и долговите во пакет. Не можи никој да го тужи лично Двојче или Кашкавало или Ванчо или Монголо... Клубот си ги сноси сите долгови независно дали се сменала управата. Има комисија во ФФМ преку која одат тие проблеми и од таму уефа мониторира преку фер плеј правилото кој клуб како работи финансиски. Ако не се лажам една плата да се должи играчот има право да тужи, да си ги добие документите и да му биди се исплатено понатаму.
Така да место инаетење сигурен сум дека и 20% да му понудат од тоа шо му се должи на играчите и да ги отпишат тие 80% овие со двете раце ќе прифатат во моментов. Ако ситуацијата се одолговекува нема да е на добро...
 
И

Игнориран член

Гостин
И не гледам така на работите ... еве еден прост пример: Купуваш куќа, арно ама пред тебе живееле други во неа, со месеци не плаќале струја, вода итн. и сега ти ја купуваш куќата и ти ќе му ги платиш сите долгој на тие шо биле пред тебе ? Ај наместо да гледаш од твоја точка, гледај од точка на новите сопственици ... и ако веќе некој фудбалер тужи некој, ќе го тужи двојче за то шо за месец септември додека клубот беше во нивни раце не му исплатил плати !

Иначе можеби не интервју, ама дека и за овај се ќе дознајме со @Goran Bt сигурно, ништо не останало скриено ниту ќе остани ! :D
Да , ама старите сопственици на таа "куќа" ги знајме колку си стојат на зборот и колку се дарежливи кога се во прашање пари. Така напраја со Рк Пелистер (не беше иста ситуацијата ама слична) јас ќе ги плаќам домашните ти странците и на крајот ко дојде летото нов буџет да се формира за новата сезона , лажгото се праеше наудрен и ја префрлаше топката кај Циле и видовме епилогот од таквите договори на жими мајка каков е . Клубот е на дното од табелата и заминаја 11 играчи неисплатени .
Значи прво нешто од старт шо треба е да се исплатат долгојте. Мислам дека не се големи , 2 плати само се доцнат , незнам точно... Оти после можи да се створат поголеми проблеми ако не се решат од старт.
 
Z

ziko bt

Гостин
Abe nie teski da obezbedime Evropa naleto,2-3 plati ako se problemot za da dobieme dozvola da igrame,ke ja naredat rabotata,uzivajte. Samo neka ima dobri rezultati,jas sum za vo ligata da barame Evropa, veciti pacienti mu sme na Rabotnicki vo kupot, a i po nekoja slucajnost da pominime, eventualno na Vardar ili Skendija ke naletame, a so niv vo nikoj slucaj nema da imame pozitiven rezultat.
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
887
Поени од реакции
360
Абе и Европа да играме ќе треба да се игра скопје,неможиме 10 000 души да одиме скопје.Далеку сме од таа европа,плус ќе лапнат пари за 1-2 коло поминато по 100-тина илјади евра и можи се да се случи тогаш,и наеднаш да испари СД директор и уште еден куп срања!За нас алтернатива да е лигата и купот.Со поуката од лани кога бевме први на табела и можност и за титула и за европа,овие антиспортистите се УНИШТИЈА и не сакаа да има супех,то се виде одма,никој не се најде да стегни заби и сили да ја завршиме сезоната како шо сите посакувавме.Работите околу клубот ги пратам максимално,гледам и читам се како почнува сега да се работи,можи да има турбуленции,ете пример со играчите начекаа нови "подобри времиња" и одма си ги бараа платите.Е тука до негде се во право пошто си ги бараат од истиот клуб во кој играат,а од друга страна некој друг му ги борчи,едноставно па и општината е пак вмешана во клубот.Ете формираа управен одбор и уште одма ќе се види дали ги има и какви цели ќе имаат за во иднина.Како шо пишуваат порталите дека неколку играчи веќе се разгледуваат за да ги донесат на зима ќе видиме ќе покажи времето и то за ептен брзо.За СД Манојловиќ незнам шо да речам,сепак ќе кажи времето немора да значи дека е од ваму-таму ако чоекот работи.Сепак тој тука е за пари да напрај ама и успех да има покрај тоа,модерниот фудбал е таков.Ако биди новиот спонзор сериозен како шо најавија,мислам дека и кај самите играчи ќе се појави селекција,односно некој ќе мора да си оди,така да и самите не само за клубот и градот овај пат ќе треба да играат за себе да се докажуваат.Располагаме со млади играчи во првиот тим ,играчи на кој мора и треба да му се обрни внимание в иднина да бидат носители на костурот и тимот.Ако се испустуваат и пуштаат да си одат за безпари и слично ништо не прајме уште 100 год, и то ОДМА ЌЕ СЕ ВИДИ ДАЛИ САКАТ ДА РАБОТАТ!Има време и играчи да се земат и квалитетни зимски подготовки за да можиме да очекуваме на пролет да биди како шо треба,сега нека течи времето
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.374
Поени од реакции
5.727
Значи ако навистина несакат да му ги дат заостанатите плати на играчите нека одат нека се ебат.Значи прам муабет за платите од ова сезона.Ама јас колку шо знам играчите се исплатени на рака така да општината треба да си плати само придонесите за тие месеци.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.004
Поени од реакции
7.577
По стоти пат за да имаме клуб треба прво ИНФРАСТРУКТУРА (СТАДИОН И ПОМОШНИ ИГРАЛИШТА) после јака школа со салам тренери и земање на децата од трите фудбалски школи па после работа со Б-тимот и на крај со првиот состав!
Значи за Европа ете да излеземе ќе играме скопје шо значи шит а спасот е регионална лига ама со нов стадион!
За парите сакале неќеле мора да му ги дадат ако му се борчат а кој и како ќе ги дај важно да има мир во клубот!
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Ај малку за тие плати...(правно,да не се мешаат работите)...
Како прво,Цермат како правен наследник на Општина Битола,односно нов мнозински акционер во АД Пелистер е должен да ги исплати долговите...(без разлика кој ги направил)...
Јас не знам шо се договорале Зоки со брачед му(под маса,или на маса):нинџ:,ама играчите имаат право да бараат плати,а плата ќе бараат од новиот газда...
Тие си бараат од ФК Пелистер плата,шо е сосема нормално,не треба да ги интересира кој бил газда во моментот на стасаноста на долгот...
Новиот газда е должен да ги исплати заостанатите плати,па после да си ги бара од Општина назад парите,ако нејќи брачед му на Зоки милум,си има надлежни институции па таму нека се расправаат...
Ама срамота ќе биди за ситна пара да се прат скандали,уште непочнати со работа...
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.374
Поени од реакции
5.727
Абе незнам шо и ние толку се замараме и објаснуваме во врска со платите заостанати на играчите дали ќе ги исплати , кога и слично.
Значи ако е толку голем талент да дава пари за кои се обврза годишно(договор со општината) , според кои Пелистер треба да обезбеди место за европа(ама мене ич не ми е ќеф -оти е исто како да не обезбедил ќе се игра во Скопје) а во истото не можи да се натпреварва оти нема да добие лиценца од УЕФА(поради неисплатени плати) значи тоа ќе биди врв на глупоста(и плус играчите можат да го тужат , да си добијат раскин на договор и да го присилат да ги исплати).Ама во целата ситуација губитник освен клубот ќе си биди и тој и никој друг оти нема да ја земи загарантираната премија од УЕФА.
Оф топик.
На футсал клубот Цермат кој моментално игра во Прилеп (поранешен Хедис) кој треба да почни да игра во Битола им дал буџет ова година од околу 60.000 евра. И целта и него му е да излези во Европа (Ако не лига шампиони , тоа како лига европа сигурно ќе излезат)ама за жал и овде нема услови утакмиците да се играт во Битола (немаме сала).
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.263
Поени од реакции
5.076
Абе паре ни су проблем, паре нема :D
Одиме по старо правило како до сега, ќе играте со љубов кон клубот :pos: Ќе се лажиме за плата ако не ова недела, другата, а за состанок се знај легендарниот ден Понеделник;)

Шала на страна во врска со платите, ако збораме за оваа сезона платите треба да му се исплатат, како земале до сега, полојнки, третинки од платата не ме интересира само треба да се чисти. Оти до сега како финансиер се водеше Општина Битола, а сега со новиот спонзор Цермат, повторно во клубот како акционери се и општината(околу 30%) како и порано затоа имаат право да си барат пари од градоначалникот или пак како шо кажа некој погоре да ги исплати сите Цермат па после нека си се разберат Зоки и Двојче :D А доколку клубот целосно беше сега во Цермат немаше фудбалерите шо да барат од нив, тогаш нека си маваја тужби со општината :pos:
Ништо чудно кај нас да се борчи по некоја плата на некој фудбалер и од минатите сезони пред 2,3,4. Научени сме на то, аха сега платата, ќе ти се јавиме и папала меца парите после...
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
887
Поени од реакции
360
НОВ ТРЕНЕР ДОАЃА ВО ПЕЛИСТЕР, КОЈ И ЗОШТО ЌЕ ГО МЕНУВА МАРЈАН СЕКУЛОВСКИ ?

Сака изгледа овај спортскиот директор за брзо да биди разрешен !
Колку и да го сакаме Мане или да го нејкиме ние ништо неможиме да доприносиме со нашиот глас,тоа е сепак работа на управата.Моментално можи е најдобро да биди токму Мане според познавањето на ростерот и плус наш сограѓанин е .А то со Митко дека требало да го постават за СД се чисти шпекулации,самиот тој ниту сакаше ниту имаше намера,слично и за Ѓоко кој има 300 други обврски и клубови па не се замарат со нас тука толку.Се ќе се дознај и види дали ќе функционираме за брзо време,да дојди зимската пауза
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Не знам шо треба да се напрај за да клајме гол..
И пенали ни дават,и пак не можиме...
5та утакмица кај шо неаме даено гол....:свиркам:
Дефинитивно треба да се најди еден салам пеналџија,време е...
Како тргнала работата ништо чудно да затера серијата,следат две тешки гостувања во Скопје со Работнички и Металург..
 
Z

ziko bt

Гостин
А шо беше со замената Степановски-Главевски на полувреме,а на клупа ги имаш Ганчев и Маглата?
Кизнај шо се десило в соблекувална :свиркам:
И да,Главевски нека не игра поќе,фала пријатно.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.004
Поени од реакции
7.577
Денес слаби плус да се немало среќа пеналот статива шансите и зицерите потешко да се промаши од да се погоди
А благојче фиката бошко буки абе сите чорба цел тим освен одбраната која е на ниво штета шо не победивме нерви искинав бе селаните на голот наш не шутнаа ниту мислеа да дадат гол цело време се бранеа како ние шо играме во гости а за тоа ни треба напаѓач но како и да е вторник работнички ќе плати за денес шо бевме малер и ќе тепаме на пенали а ќе промаши кај нив мацата како пред три четири години ко не поебаа
Шо значи давам уште два бода само за да поминиме во купот оти таму ќе биди полесно за Европа да излеземе
 

Kajgana Shop

На врв Bottom