Боче денес тргна со...
Пашовски - Владица, Фиката како бекој, Томе и Ковачев стопери - Батецо, Љаме, Мојсов - крила Бабата и Жуниор и Мацата како најистурен... Влегоа Љубенов за Љаме, и на крајот шанса да се поздрават со противниците имаја и Јове и Мирчевски.
Теренот ужас, врни 2 дена во Скопје веќе...
Првиот гол за 0-1 падна по удар на Жуниор од некои си 20 метри топка по земја, ја гибна малце голманот ама недоволно... Металург израмни после центаршут од слободен на стариот Љаме, Пашето ја фати и му падна од раце
и Пеев за 1-1.
Пеналот за нас беше чист ко солза, Мацата убо се ослободи влезе сам во шеснаесетник и го откостија од позади, сигурен Жуниор за 1-2...
До крајот на полувремето Ецковски свирна безвезен пенал, фаул од Фиката ама Пашето се изваде за киксојте претходно и му ја стопи на Љаме. Имаа Металург уште еден шут и пак Пашето цуркузантски му ја фати едвај...
Второто Крстев влезе, и 50та минута 2-2... Ја згрешија на средината повлекоа брзо на Минчо пулените и ново израмнување... Имаја после то уште некоја шанса Металург, ние се вративме во водство преку центаршут од Фиката и Жуниор на втора статива со гла за 2-3... 4тиот гол Љубенов асистираше и одново Жуниор... за конечни 2-4.
Металург имаја две гужви по кои прво Ковачев блокираше чист гол, а после то некако ја испрличи Пашето по еден центаршут...
Се на се, интересна утакмица, жолти добија Ковачев и Томе (кој после досудениот пенал ја закачи преку стадион
) инаку сосем солиден се покажа како стопер. Средината чкрипевме, Љаме првото го немаше нигде, после повлече некој напад, Батецо исто, мада премногу ја пимплаше... Џока стандардно камен. Владица и Фиката некоја прелазна оценка, иако во одбрана во првото беа многу изгубени... Жуниор MOM, Бабата просечно, Мацата истотака...