Фан Клуб: Пелистер

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Би било штета Пелистер да гостува во Штип со вакви проблеми!

Би сакал да се реши... да биде ферски!
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Ситуацијата е мизерна кај нас..всушност не ни преостанува ништо друго на нас навивачите освен да се молиме на подобри денови за нашата гордост ПЕЛИСТЕР..со други мерки пробавме но не оди работата кога секој сака да си го наполни својот џеб а никој не гледа да му помогне на Битолската гордост.....веќе никој не сака општо да вложува пари во Макфудбалот кога е донесен во гнило а и веќе тие времиња умреа кога имаше жестоко ривалство помеѓу клубовите и навивачките групи како во 90-тите години...


Жалосно........
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Добро,издржавме во Штип да не примиме гол:pipi:...
Малку ме изненади резултатот,искрено не верував дека непоразени ќе се вратиме од Штип...
Конечно одбраната издржа цел меч да не прими гол,и пак против Брегалница,изгледа само со нив можиме рамноправно да се носиме....:tapp::tapp::tapp:
Сепак 0-0 е многу незгоден резултат,еден кикс на одбраната во Битола во реваншот и збогум Купу на Македонија:kesa:...
Сепак со оглед на катастрофалната состојба во клубот-овај резултат на првиот меч е голема работа за Пелистер...
Сега следува гостување во Автокоманда против новиот прволигаш Скопје...
Е тука треба да се извлечи максимум и да се проба да се остани непоразен,....
Ако изгубиме во Скопје,после ни гостува Металург,па треба да играме со Шкендија,Напредок-единствено на Победа можиме да се надеваме само со Силекс,и то ако играме во Битола...:kesa:...
Среќа наша шо и Силекс,Вардар се тука некаде со бодовите и со квалитетот на играчите,другите се далеку пред нас,пред се на ОРГАНИЗАЦИОНЕН ПЛАН,па доколку заостаниме зад овие екипи ќе биди многу лошо..:ija:
Секој бод (посебно на гости)е од огромно значење за Пелистер....
Со оглед на ситуацијата во клубот,и конкуренцијата во лигата,секој пласман над зоната за испаѓање за Пелистер ќе претставува успех,па и баражот е добредојден во ваква ситуација..само да не се испадни директно..:kesa:
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.324
Поени од реакции
5.297
Треба да сме презадоволни со 0:0
Мислам дека во Битола ќе тепаме и ќе одиме 1/4 финале
Добро играле Брегалница и како шо разбрав му бил поништен чист гол во 92мин (сега колку е точно незнам)
Следен меч е со Скопје, и од Скопје очекувам да се вратиме непоразени
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Треба да сме презадоволни со 0:0
Мислам дека во Битола ќе тепаме и ќе одиме 1/4 финале
Добро играле Брегалница и како шо разбрав му бил поништен чист гол во 92мин (сега колку е точно незнам)
Следен меч е со Скопје, и од Скопје очекувам да се вратиме непоразени

Според мене тоа беше чист гол..... ама ајде!

Сепак останува фактот дека кај нас нема кој гол да даде!

Треба да сте пресрекни што го имате Лазе Илиев, а ние она спротивното!:toe:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.300
Поени од реакции
8.258
За утакмицата со брегалница се виде дека кога играчите се задоволни и зедоја плата пред утакмицата можат да играат и се разбира дека љамче прв пат ме послуша и играше со двајца шпица со илиев и келешовски и дојде резултатот и се разбира илиев е звер уште првото полувреме можел да постигне гол но голманот на брегалница одбранил и птековски од слободен имал одлична шанса во второто
Но сепак и 0-0 е супер резултата ако се знае се што се случуваше овие две недели и сега за сега купот ние единстевна шанса за да се надеваме на излез во европа ако се знае дека со добра ждрепка (не наместена) и среќана можеме да одиме далеку и со дај боже две три појачувња на зима да излеземе европа


ПРВА МФЛ 7 КОЛО 18 / 09 / 2010 година (сабота) 15.30 час


СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

СКОПЈЕ, АВТОКОМАНДА

Главен судија Шулески Стевче - Охрид
1 асистент Неделкоски Драге - Охрид
2 асистент Тодоровски Жарко - Охрид
КОНТРОЛОР Јосифов Зоран – Кавадарци

4 судија Јакимовски Дејан - Скопје

Сабота ќе ја играме можеби најважната утакмица во есенскиот дел и со евентуален успех и победа ќе се одлепи од дното на табелата ,но гледајќи кој ќе ни суди се плашам дека шулевски пак(како со вардар кога имал закани од навивачите на полувреме) ќе подлегни на притисоците на управата и играчите на скопје .Значи мора да се изнајди некое решение и ние како група да патуваме во скопје и да му ја дадеме подршката на клубот во овие тешки моменти а не да се оди само на ракомет во прилеп оти без навивачи тешко би направиле нешто :salut:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
http://zoran-misevski.blogspot.com/2010/09/ranetiot-pelister-po-prvite-gostinski.html

ВАНЧО И ПЛАТИТЕ-шпанска сапуници епизода ....:shok::violent1::violent1:..
Па овие не се салам:nesvest:-ќе ја "ИСКОРИСТЕЛЕ" шансата при гостувањето во Скопје да се сретнат со претседателот на клубот и да зборнеле за ИСПЛАЌАЊЕ на плата:ban?::ban?:
Кај го има ова бе???
Е на кое дереџе дојде Пелистер:ija::ija::ija:
Претседателот на клубот да одбива да дојде во клубот и да кажи шо е работата....:violent1:
Се знае шо е работата...:ban?:
Ништо не бива,мора радикални премени во клубот-вака Пелистер не тера далеку....:violent1:
Па ваква ИМПРОВИЗАЦИЈА и пред се НЕСЕРИОЗНОСТ нема ни во маалските екипи кои настапуваат во општинските лиги..:tapp:
Читајќи го текстот на портпаролот на Пелистер(Зоран Мишевски) можи да се насети со какви "амбиции"Пелистер патува во Автокоманда...:kesa:
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
алармирав дека и оваа управа ќе постапи слично на претходните,штета што ги набрка неколкуте битолчани кои со години го носеа клубот во првата лига,па сега прашање е дали би се вратиле претходно-нанесена е огромна штета на клубот.....се продадое неколку младинци и тоа за ситна пара,место да се искалат уште 2-3 сезони,па клубот да добие вистинска вредност од тие играчи,вака ситно ПАК заврши во нечии приватни џепови.....не знам до кога вака во круг и СЕ одново-никако да ја научиме приказната......се сомневам дали сезонава ќе има по 150 гледачи Под Тумбе Кафе заради овие мајмунлоци ц ц ц ц ц ц
 
Z

ziko bt

Гостин
Од Ванчо не треба ништо да очеквате уште од почетоко на летото се знаеше дека се работи за невиден лажов,лопов или слично на то,дојде во Пелистер оти виде шанса убаво да се офајди,баш денес зборав со едно другарче ми вели дека Ванчо зел пари од Арка за Ивановски дека Мирко излезе од младинска школа на Пелистер,прилично сигурни ми се информаците така да самото ова докажва за шо чоек се работи и дека не оди на арно работава,разбраф и дека пари му дава на 'странците',нарочито ми се чини дека Илиев зема редовно плата од единствена причина дека мисли дека ке кари од негова продажба па јас очеквам тој да си замини зимава а ваљда ке има заинтересирани пошто тој е еден од ретките шо сеа за сеа изиграја добро
 
Z

ziko bt

Гостин
Изгледа рикна Пелистер толку од него,можи песимистички за почеток на сезона ама годинава ништо не го спасва од испаѓање :(
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.900
Поени од реакции
73.082
Изгледа рикна Пелистер толку од него,можи песимистички за почеток на сезона ама годинава ништо не го спасва од испаѓање :(
Чекај бе па ти, рано е за испаѓање...
Гледаш и ние сме хаварија, па и Брегалница. Еден од нас ќе се спаси и ќе дојде до бараж, две од овие три екипи сигурно идат во втора лига...
 
Z

ziko bt

Гостин
Чекај бе па ти, рано е за испаѓање...
Гледаш и ние сме хаварија, па и Брегалница. Еден од нас ќе се спаси и ќе дојде до бараж, две од овие три екипи сигурно идат во втора лига...
Абе брат ако нема драстични промени зимава господ не му помага на Пелистер па колку е мизерен тимов то невидено нешто,можи со неколку екипи имаме квалитативно еднаков состав ама само во Пелистер има штрајкој од ко почна сезонава и со то клубот се дозакопва,јас мислам дека нема спас годинава за нас,некој ке речи дека пак јадам лајна ко шо бев песимист за полуфиналето со купот ама јебига такво претчуство имам па и то си го искажвам
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Абе брат ако нема драстични промени зимава господ не му помага на Пелистер па колку е мизерен тимов то невидено нешто,можи со неколку екипи имаме квалитативно еднаков состав ама само во Пелистер има штрајкој од ко почна сезонава и со то клубот се дозакопва,јас мислам дека нема спас годинава за нас,некој ке речи дека пак јадам лајна ко шо бев песимист за полуфиналето со купот ама јебига такво претчуство имам па и то си го искажвам
И јас бев песимист,секој кога ги гледав потезите шо ги влечеа цело лето од управата,доаѓа до единствен заклучок-НЕ Е НА АРНО РАБОТАТА!!!!
Се растури тимот,се донесоа нови играчи-од кај стигнаа донесоа,се изгуби играта од лснаката сезона,се изгуби цврстината во одбраната....
Било кој тим да е на ова место,логично е да ги дожиувува овие резултати..
Кога се отфрла КВАЛИТЕТ,а се трупа КВАНТИТЕТ не можи да се очекува ништо добро од клубот...
Е сеа,капак на се дојде и штрајкот...
Впечаток е дека екипата не е доволно спремна,посебно ова важи за одбраната,,,,
Од засилувањата НИКОЈ не се покажа,а сега не ни играат,си седат дома,и чекаат плата:tapp:..
Џабе е и да земат плата,кога не се спремни,не можат да му помогнат на екипата...
Е сеа,се шират муабети дека Ванчо си плаќал само неколку играчи Илиев итн,играчи кои планира за брзо да ги шитни и конечно да раскрсти со Пелистер....:nesvest::nesvest::nesvest:
Чарето е РАДИКАЛНО да се смени управата,шо е можно побрзо...
Ама во недостиг на КАДРОВСКИ ПОТЕНЦИЈАЛ,а пред се на ФИНАНСИЕР кој би се нафатил СЕРИОЗНО да ја преземи грижата на клубот,прашање е КОЈ МОЖИ ДА ГО СПАСИ ОВАЈ ПЕЛИСТЕР???:kesa::kesa::kesa:
Се виде колку се заинтересирани нашите фирми за спорт,+ борчовите на клубот се капак на се...:nesvest:..
Од друга страна,еве ќе го земат клубот Чкембари и после шо?
Иста приказна како со РК Пелистер..
Чарето е клубот да се даде на некој СЕРИОЗЕН субјект кој би се нафатил да работи во клубот-да се остави сам да си работи,без никој да му се меша..
Сега засега е очајна состојбата...
Наредната сабота играме со Металург,можеби најсилниот тим во лигата,со оглед на ситуацијата се освен пораз на Пелистер ќе биди голем успех...

Не знам колку е сериозна повредата на Илиев,репортерот на радио кажа дека се повредил и ја напушти играта..
Ако е посериозна повредата,замина и единствениот стрелец на тимот...:kesa::kesa::kesa:
Прашање шо сите си го поставуваат-има ли некој јунак во Пелистер шо ќе дај гол?:nesvest:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.300
Поени од реакции
8.258
Во Пелистер пак стара песна, штрајкот активиран
17 SEPTEMBER 2010

0
Денес наместо подготовка на утрешниот натпревар против екипата на Скопје, фудбалерите на Пелистер повторно стапија во штрајк, поради неисплаќањето на пари на дел од фудбалерите и некоректен однос на претседателот кон нив.
Никој не дава официјални изјави, но и без нив едно е сигурно, работите не одат.



Иако фудбалерите на Пелистер по нерешениот резултат во Штип во рамките на купот се надеваа дека полека ќе се средат работите, се случи спротивното. Половина од фудбалерите не ги добија ветените пари, а денес не го одржаа и закажаниот тренинг кој требаше да биде во 15 часот. Наместо тренинг, тие се состанаа и решија заедно со стручниот штаб да не тренираат, поради тоа што во Битола не допатувал претседателот Ванчо Атанасов, кој требаше да ги исплати сите фудбалери.







Сега во една ваква ситуација не се знае каква ќе биде судбината на утрешниот натпревар во Скопје, против истоимената екипа, а дали ќе се патува и со кој состав, денес попладне и вечерва никој не можеше да даде одговор.

Ни стручниот штаб не беше достапен за коментар иако неофицијално и тие се приклучиле кон барањата на фудбалерите не само за исплата на заостанатите пари, туку и за коректен однос на претседателот на Пелистер кон сите, стручен штаб и фудбалери.

Сите во Битола го очекуваа Атанасов да пристигне во Битола, а како велат тие не само што не дошол во Битола туку и не можела да го добијат по телефон.

Вечерва ќе биде тешка за фудбалерите и стручниот штаб во Битола, а секако и за претседателот на Пелистер.

Првите треба да одлучат дали утре и како ќе патуваат за Скопје, а Атанасов да пресече како и дали во иднина на ваков начин ќе го води Пелистер.

Ако екипата на Пелистер не замине за Скопје, ќе има минус три бода, исто како Вардар, а во овој моменет никој тоа не го посакува.

Има некоја најава дека утре наутро ќе бидат жешки линиите на релација фудбалери и стручен штаб од Битола и претседател во Скопје, а каков ќе биде исходот ќе се знае попладне.

Ако “пелистерци“ се појават во Автокоманда на натпревар тогаш можеби ноќва и утре сабајле се нашла некоја солуција, а ако не се појават или се појават само заради името Пелистер, тогаш недоразбирања со Атанасов се продлабочиле, а како ќе се излезе од него, тешко дека некој сега во овој момент може да каже како понатаму.

Но едно е јасно дека наместо да се решаваат проблемите и да се мисли на некоја светла иднина се тоне во поголем фудбалски мрак во Битола, кој никако од Скопје да се осветли.


Скопје – Пелистер 2:0 (2:0)
18 SEPTEMBER 2010

0
На вчерашниот состанок во Битола на кој беа играчите, стручниот штаб и водачите на “Чкембарите“ кој се одржа во ресторанот “Ловец“ се одлучи Пелистер да патува во Скопје, од каде се врати со нов пораз од 2:0.



Ништо ново во Пелистер, по штрајкувањето, патување на своја рака и пораз. Оваа шема се вдомаќини кај “пелистерци“, а овој пат исто како и на гостувањето против Вардар, фудбалерите кои се во штрајк, заминаа да играат само да не му наштетат на клубот и докажаа дека зелено-белиот дрес и овој пат е пред личните интереси.







Одлуката да се патува во Скопје на теренот во Автокоманда се донесе вчера по состанокот кој се одржа во ресторанот “Ловец“ во Битола, на кој трите страни се договорија да патуваат во Скопје. Тоа се случи, заминаа во Скопје, а по долго време по лоша атмосфера, не можеа ништо повеќе и да направат.

Скопје, помина, а од главниот град никој некажува дали таму се виделе со претседателот на Пелистер, Ванчо Атанасов, и ако се виделе како поминала средбата. Сигурно утре ќе ги имаме и тие информации.

Сега по поразот на Пелистер, битолчани остануваат на претпоследното место на табелата, а зад ние е екипата на Вардар.Инаку, се одигра некомплетното седмо коло од Првата фудбалска лига и се постигнаа следните резултати:

Тетекс - Ренова 1:1

Брегалница - Силекс 2:2

Напредок - Вардар 2:1

Работнички - Металург 2:2

Сопје - Пелистер 2:0

Утре колото ќе биде комплетирано со мечот меѓу Шкендија и Хоризонт Туново.

Табела: Металург 15, Хоризонт Т. 13 (-1 меч), Ренова 12, Тетекс 11, Работнички 11, Напредок 11, Скопје 10, Шкендија 8 (-1), Силекс 6, Брегалница 4, Пелистер 4, Вардар 3 бода.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom