Фан Клуб: Охрид

TheOther1

Interista Per Sempre!
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.346
Поени од реакции
484
ohrid-skendija bese namestena za 2ka.
Не беше наместена туку судиите беа фатени...имаше голем број нерегуларности од страна на линиските судии (само го креваја знаменцето) на Охрид 3-4 акции им беа прекинати т.е. чисти шанси за гол. Лично бев да го гледам натпреварот и 100% сум сигурен дека судиите беа поткупени.

Повторно нула на Билјанини

Баук станува “Билијани Извори“ за охридскиот второлигаш. Охриѓани го пртерпеа петиот пораз во серија во Охрид, четврти со идентични 0-1.

Хасан во 40 минута беше стрелец на единствениoт погодок кој ја продолжи серијата без пораз за тетовските црвено-црни која треае веќе десет кола.

По овoј пораз, “рибарите“ десет кола го немаат почуствувано задоволството наречено победа и одамна се во црвената зона, додека гостите по оваа победа се се` поблиску до местата кои водат во бараж натпреварите за влез во првата



Продолжува резултатската криза за охридскиот второлигаш. Само два бода во седумте кола во пролетниот дел од сезоната, приота само еден постигнат погодок е билансот на охриѓани. “Рибарите“ ќе мора да ја променат брзината на половина од пролетната етапа до колку сакаат и идната година да бидат дел од второлигашкото друштво.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Убо мислит Мујо,, наместена беше, а на управата не и гајле дали ке испаднит Охрид, важно да зејт пари. АмА фала богу дојде нова управа. Сите Албанци од управа си заминаја.:pos2:
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Убо мислит Мујо,, наместена беше, а на управата не и гајле дали ке испаднит Охрид, важно да зејт пари. АмА фала богу дојде нова управа. Сите Албанци од управа си заминаја.:pos2:


koj go vodit sega FK OHRID?
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
се зборвит дека Љоте со подршка од градоначалникон, ама не е ништо сигурно.
 

TheOther1

Interista Per Sempre!
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.346
Поени од реакции
484
Климе Лотески - Лоте го зеде клубот ланската сезона 2007/2008
(поточно втората полусезона кога ФК Охрид беше 3-ти одоздола т.е. кога беше пред испаѓање), а како тренер беше назначен Димитри Трифуноски - Србо. Тогашната управа го остаде клубот на цедило и без никаква грижа дали ФК Охрид ќе се спаси од испаѓање...но за среќа тандемот Лоте-Србо успеаја да го опстанат клубот во Мак. 2 лига.

Е сега ова сезона 2008/2009(прва полусезона) повторно на чело со овие двајца ФК Охрид забележаа одлични резултати...дури и едно време беа први. И наеднаш кога клубот почна да победува и имаше одлична атмосфера...старата управа си го бараше клубот назад (тогашната управа која го остави клубот на цедило).

Старата управа го завзеде клубот повторно во вторава полусезона...и забележаа 3 порази со ред дома, со идентични 0-1 и една загубена на гостински терен.

И сега ПОВТОРНО клубот е во зоната на испаѓање и ПОВТОРНО старата управа си замина...и ПОВТОРНО новата управа треба да го вади ФК Охрид од лајната шо ги остави старата управа.:nerv:
(се извинувам за речников ама морав)

Само за потсетување:

Лоте-Србо (Нова управа)
Кожув-Охрид (1-2)
Цементарница-Охрид (2-3)
Брегалница-Охрид (0-2)
Охрид-Дрита (1-0)
---------------------------------------
Стара управа
Охрид-Кожув (0-1)
Охрид-Цементарница(0-1)
Охрид-Брегалница(0-1)
Дрита-Охрид (3-0)

Мислам дека станав доволно јасен со напишаниот текст како и од напишаните резултати. :toe:

Охрид дома губи на гости не се дава

Фудбалерите на Охрид кои пролетва не знаат за победа, особено не дома каде во серија претпрпеа неколку идентични минимални порази, на гости го поправаат впечатокот.

Откако загусти по последниот пораз на „Билјанини извори“, охриѓани стиснаа заби и на гостувањето во Скопје кај истоимениот тим денеска се изборија за бод играјќи 2:2 во рамки на 24 коло.

Со овој бод Охрид вкупно на своето конто има 26 бода, доволни во овој момент за 12-та позиција. Во следното коло Охрид на домашен терен ја пречекува екипата на Маџари Солидарност, која грчевито се бори за опстанок.
 

TheOther1

Interista Per Sempre!
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.346
Поени од реакции
484
Охрид конечно победи

Фудбалерите на Охрид ја прекинаа црната серија и по пауза од единаесет кола забележаа победа. На теренот во Битола , Охрид со 1-0 го победи Маџари.

Стрелец на голот вреден три бода беше Атај, за кого ова е петти погодок сезонава.

Со овај триумф прв во пролетниот дел “рибарите“ ќе го зачуваат второлигашкиот статус.

На пет кола пред крајот охриѓани имаат 29 бода, а во наредното коло гостуваат во Скопје, кај Локомотива.


Стрелец на единствениот гол вреден 3 бода
 

TheOther1

Interista Per Sempre!
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.346
Поени од реакции
484
Видео : Погодокот на Атај за мирен финиш

Погодокот на Атај осигура вторлигашки фудбал во Охрид и наредната сезона. Четирите поени во серија на “белите“ како и резултатите на останатите конкуренти им овозможија мирна завршница на “рибарите“.


Пораз на Охрид

Охриѓани ја прекинаа позитивната серија откако во Скопје беа поразени од Локомотива со 2-0. “Рибарите“ по 26 кола имаат 29 бода и се наоѓаат на 11 место.

Во наредното коло Охрид на Билјанини Извори ќе го пречека аспирантот за влез во првата лига Слога Ј.
 

TheOther1

Interista Per Sempre!
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.346
Поени од реакции
484
Реми 1-1 за “рибарите“

Охридските “бели“ ремизираа 1-1 со Беласица, на натпреварот кој се одигра во Новаци. На три кола пред крајот “рибарите“ со 30 бода се наоѓаат на 11 место.

 

TheOther1

Interista Per Sempre!
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.346
Поени од реакции
484
ФК Охрид до крајот на сезоната ќе игра надвор од Охрид

Охридските фудбалери втора година по ред успеваат да го обезбедат второлигашкиот статус. Желбите на сите се` “рибарите“ да ги видат во Првата МФЛ, нио по сите турбуленции и промени во клубот оваа сезона опстанокот во второлигашкото друштво беше императив.

Пооследните натпревари ФК Охрид како домаќин ги одигра надвор од Охрид во Битола односно Новаци.До нашата редакција пристигна допис во кој Управата на фК Охрид 2004 ги објаснува причините за ваквиот потег.



Во дописот стои :
„Од 14.04 2009 год. има нов Управен Одбор со нов претседател Делче Максимоски. Од тој ден до денес 13.05 2009 год. нашиот клуб одигра 4 (четири) натпревари и освои 5 ( пет ) бодови со што го обезбеди опстанокот во втората

Македонска фудбалска лига. За споредба со првите 9 (девет) кола од пролетниот дел од првенството од натпреварувачката 2008/2009 год. клубот со претходното раководство освои само два бода и постигна еден гол со што го доведе во прашање опстанокот во лигата.


Користиме прилика да ги известиме сите лубители на спортот од нашиот град дека сите натпревари како домаќини ги играме надвор од Охрид од причини што службите на СРЦ Билјанини извори од за нас необјасливи и непознати причини не ни го дозволува тоа. Раководството на клубот на 24.04.2009 год се обрати со барање до службите на СРЦ Билјанини извори за одигрување на наредниот натпревар како домаќин на СРЦ Билјанини извори со екипата на Маџари Солидарност од Скопје на 28.04.2009 год.согласно условите што ги бара ова претпријатие. Тогаш од службите на СРЦ Билјанини извори ни беше одговорено дека тој натпревар во никој случај како домаќини не ќе можеме да го играме на теренот од СРЦ Билјанини извори бидејќи во тие моменти се возобновувала тревата на теренот. Ние тогаш му укажавме дека им имаме дадено распоред на натпреварите за целата сезона уште на почетокот на првенството и се знае кога може да се возобновува теренот.


Во тие моменти тие ни одговорија дека штом заврши обновувањето на теренот писмено ќе не известат и дури тогаш ќе можеме да ги користиме услугите доколку платиме за тоа. Ние ги прифативме тие услови.Но до денес 12.05.2009 год. немаме добиено никакаво известување од нивна страна, поради што Управниот Одбор на клубот на денешната седница донесе одлука до крајот на сезонат натпреварите како домаќини да ги играме надвор од Охрид.


Користиме прилика уште еднаш да ги информираме сите лубители на спортот во Охрид дека за натпреварите што како домаќини ги игравме во Битола и Новаци имавме обезбедено автобуси за навивачите, а исто така и за последниот натпревар од сезоната ќе обезбедиме навивачки автобус. Управниот Одбор на ФК Охрид 2004 ги повикува и охрабрува сите навивачи, симпатизери и лубители на нашиот клуб да застанат зад интересите на нашиот клуб, кој работи сериозно и најавува од идната сезона поход во првата Македонска фудбалска лига, каде што му е и местото“., е вели во дописот на ФК Охрид 2004 потпишан од претседателот Делче Максимоски.

извор:eek:hridnews
 

TheOther1

Interista Per Sempre!
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.346
Поени од реакции
484
Пораз на Охрид во Новаци

Фудбалерите на Охрид го претпрпеа 13 - от пораз во првенството , откако на гостувањето кај Новаци беа поразени со 4-3.


Екипите растоварено влегоа во натпреварот кој немаше никакво резултатско значење па љубителите на фудбалот можеа да уживаат во интересна престава зачинета со седум погодоци.


Во претпоследното коло Охрид игра против Слога Ј.
 
К

Кумани Запад

Гостин
Охрид ништо тапа оваа година.ФК Охрид ли ви е градскиот клуб закој цел Оџрид навива или ова е новопечен клуб.BTW налетав на добар сајт за македонски навивачки групи и тифо движењето кај нас http://ultras.konzuli.com/.Па бујрум:helou:да се презентирате Рибари.
 

TheOther1

Interista Per Sempre!
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.346
Поени од реакции
484
Слога Ј. го порази Охрид во с. Новаци

Поранешниот првак и освојувач на купот Слога Југомагнат се враќа во најелитното друштво. “Гулабите“ го совладаа Охрид во с.Новаци со 2-0 и осигураа прволигашки фудбал наредната сезона.

Покрај Слога нов прволигаш е и тимот на Тетекс. Пласман во баражот обезебеди тетовска Шкендија, која за противник ќе го има битолски Пелистер.


Инаку за информација, последниот натпревар со Новаци и сега со Слога беа 1000% наместени :toe:
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Слога Ј. го порази Охрид во с. Новаци

Поранешниот првак и освојувач на купот Слога Југомагнат се враќа во најелитното друштво. “Гулабите“ го совладаа Охрид во с.Новаци со 2-0 и осигураа прволигашки фудбал наредната сезона.

Покрај Слога нов прволигаш е и тимот на Тетекс. Пласман во баражот обезебеди тетовска Шкендија, која за противник ќе го има битолски Пелистер.

Инаку за информација, последниот натпревар со Новаци и сега со Слога беа 1000% наместени :toe:
ajd do vgodina da ne informiras kako FK OHRID vleguva vo prva liga,vreme e...!!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom