Фан Клуб: Милан

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 септември 2007
Мислења
48
Поени од реакции
0
Здраво.....Едвај чекам за прв пат да го видам Пато во дресот на Милан. Ама сепак не очекувам веднаш од него да импресионира, не треба таков притисок да се врши над него. Милан е во тешка напаѓачка криза и ќе биде тешко за Пато уште од неговата дебитанска полусезона да ги оправда вложените средства. Сепак има само 19 години и треба да му се даде време и простор за адаптација какошто тоа беше случај со Кака.
Според мене на Пато треба да му се придодаде и Бензема и работата околу иднината на нападот е решен. Серџо Рамос би бил фантастично решение после заминувањето на Малдини во пензија иако не верувам дека Реал би го пуштил така лесно (освен ако Милан не направи глупост па да го вклучи Кака во преговорите).
За Роналдињо пак, мислам дека кога би дошол во Милан, би се преродил како играч и сигурен сум дека со оглед на атмосферата која владее во клубот би це вратил бар 90% од тоа што некогаш беше, а тоа би им било од огромна корист на Милан.....
П.С. Имам една молба, би бил благодарен да го посетите мојот блог и да дадете свое мислење околу него, некоја сугестија, критика....фала...
ФОРЗА МИЛАН....
http://ac-milan-macedonia.blogspot.com/
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.470
Поени од реакции
5.443
Пато на тренинг со постарите колиги во Милан :)

[MEDIA]http://www.youtube.com/watch?v=q3ganNTRCZk[/MEDIA]
 
Член од
11 септември 2007
Мислења
48
Поени од реакции
0
Некако слаб ми изгледа, треба да додаде некое килце за да биде поцврст во дуелите...ама има време и тоа ќе биде.....а не знам дали прочитавте анчелоти пак со старите „добри“ зборови...нема нови играчи..... ако тоа е вистина веднаш би требало Анчелоти да биде ибркан...секогаш истото...како да 12 место да не е доволен доказ дека ништо не е како што треба во тимот...Мурињо би бил одличен потег.....
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.470
Поени од реакции
5.443
Слаб ?xaxa
Што има врска тоа бе , Меси мн. дебелиов па партал прави , а ова ни Меси не го прави.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Надежта во вториот дел од сезонава ни е во Пато а се нервирам многу овој Анчелоти забегал тоталка не им требале играчи ц ц ц треба да се преиспита, навистина сакам Мурињо да дојде добро ќе е ако е во пакет и Дрогба. А за Роналдињо навистина не знам дали е паметно да дојде или не, зашто од една страна го почитувам многу како фудбалер, но од друга страна сега не е во форма а за негов трансфер се бара голема сума и мислам дека со тие пари може да се купат одлични млади надежни фудбалери.

OVA E SLIKA SAMO ZA ROSSONERKA
фала Мацо за сликата оваа стујардесава имала желба како мене да се сликне со Неста, разликата е што јас имам и поголеми желби за него :pos2:
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Надежта во вториот дел од сезонава ни е во Пато а се нервирам многу овој Анчелоти забегал тоталка не им требале играчи ц ц ц треба да се преиспита, навистина сакам Мурињо да дојде добро ќе е ако е во пакет и Дрогба. А за Роналдињо навистина не знам дали е паметно да дојде или не, зашто од една страна го почитувам многу како фудбалер, но од друга страна сега не е во форма а за негов трансфер се бара голема сума и мислам дека со тие пари може да се купат одлични млади надежни фудбалери.
И јас мислам дека на Милан му се потребни нови сили, треба полека да се реновира и освежува тимот. Нека прежалат 2-3 години како Манчестер Ј. и после тоа се ќе биде во ред. Среќна Нова 2008 година и ти посакувам успеси, тебе и на Милан. :salut:
 
Член од
11 септември 2007
Мислења
48
Поени од реакции
0
Слаб ?xaxa
Што има врска тоа бе , Меси мн. дебелиов па партал прави , а ова ни Меси не го прави.
така мислам јас сигурен сум дека и ти ќе се увериш не оваа следната сезона кога Пато ќе качи некое килце. Мислам дека не е во нормална тежина со оглед на висинта која ја има. Би требало тие килца добро да ги распореди за да телото добие потребна и цврста фигура и тоа МНОГУ ќе му помогне во дуелите со дефанзивните играчи... такада јас не глеам ништо смешно тука.....Сум вежбал и сум прилично висок колку и Пато, а тој има ако не се лажам 71 килограм...за 4 килограми е под нивото на неговата висина...такада не зборувам какошто ќе ми дојде.... :wink:
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.470
Поени од реакции
5.443
Абе ти си го мерел ... што му фали , гледај да се покаже добро а не да се здебелил ...Што има врска висината Крауч колку е висок па дава голови тој да биде стандард ако не даде над 20 гола , ја Неше да не се викам.:)
 
Член од
11 септември 2007
Мислења
48
Поени од реакции
0
сега да не почнеме дали сум го мерел или не, зборувам според податоците кои ги имам од интернет....А тоа каква врска има висина-тежина не можам сега да кажам има многу да се зборува за таа тема, кој тренер да прашаш истото би ти го кажал за тоа каква улога има висина-тежина не само во фудбалот туку и општо и во спортот....
 

FikoX

Impossible is nothing
Член од
13 август 2007
Мислења
2.850
Поени од реакции
128
ФЕНОМЕНОТ СЕ ПОЈАВИ НА ПРВИОТ ТРЕНИНГ НА МИЛАН ВО ДУБАИ

Роналдо ги испревари сите

Тој заедно со другите Бразилци од тимот - Кака, Сержињо, Дигао, Дида и Кафу, прв пристигна на подготовките во ОАЕ, ставајќи крај на шпекулациите дека ќе мине во Фламенго

Роналдо успеа да ги изненади сите. На крајот, сепак, премислениот Феномен, кој има одиграно само еден натпревар сезонава за екипата на Милан поради повреда, се појави на првиот тренинг на "росонерите" во Дубаи.
Бразилците во составот на актуелниот светски и европски клупски шампион - Роналдо, Дигао, Кака, Сержињо, Дида и Кафу, слетаа во средата навечер (20.55 по локално време) во Обединетите Арапски Емирати пред да пристигнат таму нивните соиграчи кои доаѓаа од Италија.
Во авионот од Сао Паоло не беше само суперталентот Пато, кој со дозвола на клубот ќе се приклучи подоцна. Младиот 18-годишен играч треба да ги комплетира сите документи за да може да заигра за Милан од овој месец.
Појавата на Роналдо стави крај на шпекулаците дека тој може да премине во неговиот сакан клуб Фламенго. Неодамна бразилскиот весник "О'Глобо" објави фотографија на играчот кој ја пречека новата година со екипата на "црвено-црните" од Рио, што одново ги поттикнаа шпекулациите за неговата иднина.
Од Фламенго, сепак, се категорични дека можат да го земат Роналдо единствено како слободен играч, односно Феноменот да го исполни својот договор до јуни.
Милан ќе се подготвува во Дубаи до 9 јануари, каде претходниот ден ќе има тест со селекцијата на ОАЕ, по што "росонерите" се враќаат во Милано, каде на 13 јануари го пречекуваат Наполи во 18. коло на Серија А.
- Милан беше во трагична физичка подготвеност, изјави одговорниот за кондиција кај "росонерите" Даниела Тоњачини. - Личеше како да не биле спроведени нормални летни подготовки. Сега ќе се подготвиме добро за да успееме да ги оствариме поставените цели.
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.470
Поени од реакции
5.443
xaxa xaxa xaxa
Реал за Рамос бара 180м. евра :uvo:

Кај вреди бе тој толку ... за него ни 80 не се даваат а не 180 xaxa
За тие пари пола тим ќе купиш .

И официјално Пато ќе девитира на 13 Јануари против Наполи - извор
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Бразилскиoт голман Бруно Фернандес е последниот кој е ставен на списокот на Ац Милан за посакувани фудбалери во своите редови.
Според медиите на Апенините Карло Анчелоти бара заменик на Дида, којшто се повеќе е критикуван поради сопствените грешки.



 

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
така мислам јас сигурен сум дека и ти ќе се увериш не оваа следната сезона кога Пато ќе качи некое килце. Мислам дека не е во нормална тежина со оглед на висинта која ја има. Би требало тие килца добро да ги распореди за да телото добие потребна и цврста фигура и тоа МНОГУ ќе му помогне во дуелите со дефанзивните играчи... такада јас не глеам ништо смешно тука.....Сум вежбал и сум прилично висок колку и Пато, а тој има ако не се лажам 71 килограм...за 4 килограми е под нивото на неговата висина...такада не зборувам какошто ќе ми дојде.... :wink:
Значи стварно неможам да се изначудам какви се глупави муабети терате:vozbud::vozbud::vozbud:
Крауч е висок 2.01 дали значи дека он мора да има 101 кило за да биде како што треба!!
Пато е мал, брз и експлозивен тоа му е предноста!
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.470
Поени од реакции
5.443
Alexandre Pato

Name: Alexandre Rodrigues da Silva
Date of Birth: 02/09/1989
Place of Birth: Pato Branco, PR
Nationality: Brazil
Height: 180 cm.
Weight: 71 Kg.
Role: Striker
Jersey: 7



друго нешто нејасно :pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom