Го прочитав јас многу убаво твојот пост, и само да те подсетим дека има многу членови што не се од Ск, и тоа ти што го кажуаш е све супер али треба многу организација, и за наши услови то е скоро научна фантастика,
али знаеш се почнува од нулта точка па така и ова, убаво реше Гјоре че почнеме со едно форумче вакво фри, па после ќе си купиме домаин или шта веќ, па за појќе здравје понатаму
Очигледно не си прочитал "многу убаво", затоа што
јас напишав дека оние што не се од СК комплетно ги разбирам. Но дека оние што се од СК треба да дадат поголем придонес кон овој проект. Декларативна подршка од типот "СУПЕР ШТО ЌЕ ИМА ФАН КЛУБ" а на дело никаков придонес не ни е потребна.
Мртвата точка другар одамна е помрдната, имаме активен блог кој често се ажурира, се собравме два пати до сега, и се договоривме од сега натака секоја наредна утакмица да ја следиме заедно. Еве веќе за во недела сме договорени, а можеби и за утре ќе се собереме.
Не сме ние будали што губиме време пишувајќи статут, што губиме време читајќи закони што све и како треба да се формира едно непрофитно здружение на граѓани, па барајќи наши луѓе во Италија да ни помогнат како и каде треба да се учлениме за да бидеме официјални... и многу други активности.
Значи мртвата точка е помрдната од поодамна, само треба секој поединец кој сака да успее овој проект да даде и свој придонес кон ова, а тоа не е којзнае што, треба само да бидеме повеќе луѓе на собирите, односно да се даде масовност на целата оваа работа.
"и тоа ти што го кажуаш е све супер али треба многу организација, и за наши услови то е скоро научна фантастика"
...и уште ова, се додека самите себе си се потценуваме и не веруваме дека можеме да го направиме ова Македонија ќе си остане црна дупка во Европа и Светот!!!
и еден многу паметен Американски претседател рекол
НЕ ПРАШУВАЈ ШТО МОЖЕ ДРЖАВАТА ДА НАПРАВИ ЗА ТЕБЕ, ТУКУ ШТО МОЖЕШ ТИ ДА НАПРАВИШ ЗА НЕА!!!!!!!
Ако чекаш Груевски, Црвенковски, или пак можеби Ивица Георгиевски дека ќе го оформат фан клубот на Милан во Македонија си се заебал!